Детална сметка. Македонски Телеком на претплатникот му изготвува детална сметка заради контрола на наплатениот износ на услугите со што му овозможува проверка и контрола на трошоците за користените електронски комуникациски услуги без податоци за повикувања кон бесплатните телефонски броеви и броевите на службите за итни повици, како и детален преглед на реализиран сообраќај на нивно барање за најмногу 6 месеци наназад, сметано од денот на приемот на барањето. Сметката ќе биде издадена на име на претплатникот и испратена на негова адреса или на адресата на која самиот претплатник барал да се доставува или на друг начин на кој претплатникот се согласил. Плаќањето на сметката ќе се смета дека е извршено на денот кога е извршена уплатата.
Appears in 4 contracts
Samples: Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос, Општи Услови За Засновање Претплатнички Однос