Дополнителна картичка Примери за клаузули

Дополнителна картичка картичка од истиот производ, која на барање и со овластување од Корисникот на основната картичка се издава на дополнителниот Корисник на картичката, и ги користи средствата од сметката на Корисникот на основната картичка.
Дополнителна картичка. На барање и со овластување од корисникот на основната картичка, Xxxxxxx може да одобри издавање дополнителна картичка, под услов корисникот на дополнителната картичка да е овластен за располагање со средствата на платежната сметка. Корисникот на основната картичка може да поднесе барање и овластување за издавање дополнителна картичка за физичко лице кое не е државјанин на Р.С. Македонија и има лична карта со продолжен или постојан престој во Р.С. Македонија. За сите трошоци кои настануваат со користењето на основната и дополнителната картичка се задолжува платежната тековна сметка на корисникот на основната картичка. Корисникот на основната картичка може да го отповика овластувањето и да го прекине правото на користење дополнителна картичка, за што е должен писмено да ја извести Банката и да ја врати дополнителната картичка пресечена. Во случај корисникот на основната картичка да не може да дојде до посед на дополнителната картичка, постапката за прекинување на правото на користење на дополнителната картичка се спроведува врз основа на писмен допис, при што картичката се блокира и се оневозможува нејзино понатамошно користење.

Related to Дополнителна картичка

  • ПОСТАПКА III.1)Вид на постапка: Отворена постапка III.2)Меѓународна објава: Не III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не III.5)Дали била користена електронска аукција? Да

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Општи одредби (1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на нуркачи од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошен текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на нуркачи од последици на несреќен случај (незгода), кој договорувачот на осигурувањето го склучува со Друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • Општи Информации Дефиниции