Животна средина Примери за клаузули

Животна средина. Амбиција на КУПУВАЧОТ е целосно да делува самиот и со своите испорачувачи за почитување на животната средина. Во оваа мера, КУПУВАЧОТ има за цел постојано да го подобрува извршувањето во однос на животната средина вклучувајќи постојана грижа за соседството и крајно внимание за спречување на штети, како и транспарентна комуникација. ИЗВЕДУВАЧОТ нема да внесе во било кое ГРАДИЛИШТЕ штетен или радиоктивен производ без претходнна изрична согласност од КУПУВАЧОТ. Ако не го стори ова, трошоците направени за задолжително или соодветна евакуација и обработка на тие материјали како и било кои штети што произлегуваат од таквото внесување, евакуација или обработка ќе бидат целосно на товар на ИЗВЕДУВАЧОТ, вклучувајќи случаи на лични повреди. Кога ИЗВЕДУВАЧОТ ќе добие овластување да внесе штетни приозводи во ГРАДИЛИШТЕ, ИЗВЕДУВАЧОТ (и) ќе манипулира со нив и ќе ги складира согласно важечките ЗАКОНИ и внатрешните правила на ГРАДИЛИШТЕТО, како и (ии) ќе ги преземе било кои и сите превентивни мерки за избегнување на контаминација или загадување на ГРАДИЛИШТЕТО и на било кое лице кое интервенира на ГРАДИЛИШТЕТО. Сите отпади, вклучувајќи штетни и радиоактивни производи создадени или донесени од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ ќе се исфрлат, обработаат, подобрат, ќе се употребат повторно и ќе се отстранат редовно на исклучив трошок и ризик на ИЗВЕДУВАЧОТ. Ако ИЗВЕДУВАЧОТ не ја исполни оваа обврска по приемот на едно (1) барање и после три ДЕНА грејс период, освен во случај на итност, КУПУВАЧОТ има право да именува трето лице да ја изврши оваа обврска на трошок на ИЗВЕДУВАЧОТ. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе обезбеди контејнер за сопствен домаќински отпад. ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му ги стави обновливите отпадоци на ГРАДИЛИШТЕТО на располагање на КУПУВАЧОТ на определено(и) место(а). ИЗВЕДУВАЧОТ ќе го одржува ГРАДИЛИШТЕТО во чиста и уредна состојба. Тој редовно ќе отстранува од ГРАДИЛИШТЕТО ѓубре, отпадоци и сите непотребни материјали и опрема.
Животна средина. Да се продолжи со усогласување на законодавството со acquis, особено во делот за квалитет на воздухот, управување со отпад и квалитет на водата, и значително да се подобри спроведувањето на законодавството и следењето на животната средина. - Да се зајакне Инспекторатот за животна средина и другите тела за извршување, да се обезбедат потврдени резултати за извршување и да се обезбеди ефикасна примена на паричните казни и другите санкции, како и тие да имаат разубедувачки ефект. - Да се зајакне административниот капацитет на национално и локално ниво и да се подобри координацијата помеѓу органите на државната управа задолжени за прашања од животната средина. - Да се подготват стратешки планови, вклучително и финансиски стратегии, и да се подготви национална стратегија за управување со отпад и план за управување со отпад. - Да се подготви стратегија за инвестирање во животната средина врз основа на проценетите трошоци за усогласување. - Да се интегрираат барањата за заштита на животната средина во другите секторски политики, особено преку развивање на проценките за влијание врз животната средина. - Да се зголемат инвестициите во инфраструктурата на животната средина, со посебен акцент на собирање и третман на отпадните води, снабдување со вода за пиење, справување со загадувањето на воздухот и управувањето со отпад.
Животна средина. Да се продолжи со интегрирање на барањата за заштита на животната средина во другите секторски политики, посебно преку развивање на оцените за влијание врз животната средина. - Да се зголемат инвестициите во инфраструктурата на животната средина, со посебен акцент на собирање и третман на отпадните води, снабдување со вода за пиење, справување со загадувањето на воздухот и управувањето со отпадот.
Животна средина. Југоисточноевропските страни го применуваат релевантното acquis за животна средина кое се однесува на транспортот, особено Стратешката оценка за животната средина, Оценката за влијанието врз животната средина, директиви кои се однесуваат на природата, на водата и на квалитетот на воздухот, како што е утврдено во Анекс I.6.
Животна средина. Директива 2009/30/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 23 април 2009 година за изменување на Директивата 98/70/EЗ во однос на спецификациите на бензин, дизел и гас-нафта и воведување на механизам за следење и намалување на емисиите на стакленички гасови и за изменување на Директивата на Советот 1999/32/EЗ во однос на спецификациите на горивото кое го користат пловилата за внатрешна пловидба и за укинување на Директивата 93/12/ЕЕЗ (Сл. весник L 140, 5.6.2009 година, стр. 88). Регулатива (EУ) 2016/1628 на Европскиот парламент и на Советот од 14 септември 2016 година за барањата поврзани со ограничувања на емисијата на загадувачи во вид на гас и честички и одобрување на тип за мотори со внатрешно согорување за непатна мобилна машинерија, за изменување на Регулативите (EУ) бр. 1024/2012 и (EУ) бр. 167/2013, и за изменување и укинување на Директивата 97/68/EЗ (Сл. весник L 252, 16.9.2016 година, стр. 53). Директива 97/68/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 16 декември 1997 година за приближување на законите на земјите- членки поврзани со мерки против емисијата на загадувачи во вид на гас и честички од мотори со внатрешно согорување инсталирани во непатна мобилна машинерија (Сл. весник L 59, 27.2.1998 година, стр. 1). (Сепак, види го членот 64 од Регулативата (ЕУ) 2016/1628). Директива 2004/26/EЗ на Европскиот парламент и на Советот од 21 април 2004 година за изменување на Директивата 97/68/EЗ за приближување на законите на земјите-членки поврзани со мерки против емисијата на загадувачи во вид на гас и честички од мотори со внатрешно согорување инсталирани во непатна мобилна машинерија (Сл. весник L 146, 30.4.2004 година, стр. 1). . Морски и внатрешни пловни патишта Регулатива (EУ) бр. 1177/2010 на Европскиот парламент и на Советот од 24 ноември 2010 година за правата на патниците кои патуваат по море и внатрешни пловни патишта и за изменување на Регулативата (EЗ) бр. 2006/2004 (Сл. весник L 334, 17.12.2010 година, стр. 1).
Животна средина. Растот на еколошкиот туризам има директно влијание врз тоа колку привлечна дестинација ќе биде на долг рок. Оваа стратегија за развој има за цел да го балансира растот, заштитата на животната средина, пазарниот удел на глобалните пазари и додадените вредности произведени во индустриите поврзани со туризмот. Со ефикасно искористување на туристичките ресурси, наместо нивно исцрпување за идните генерации, целта е да се максимизира уживањето и за сегашните и за идните генерации (Gösling, 1999). Оваа стратегија го нагласува управувањето со побарувачката за зачувување на регионално карактеристичните туристички ресурси, зголемување на нивната привлечност, спасување на животната средина и подобри услови за живеење. Тука еколошки одржливиот туризам се разликува од конвенционалните методи во тоа што ги зема предвид и променливата побарувачка, како и околностите на понудата и производството на туристите. Следниве се водечките принципи на еколошки одржливиот развој на туризмот, кој има за цел да ги намали човечките барања за животната средина и природните ресурси, истовремено зголемувајќи ја нивната економска корист за жителите на регионот (Salah, 2000; Spenceley, 2005): • Одржливо користење на локалните ресурси, • Заштита на природните, економските, социјалните и културните разлики кои претставуваат туристички ресурси, • Евалуација на еколошките, социјалните и економските влијанија на развојот на туризмот, • Адаптација кон промените во барањата на туристичкиот пазар. Компонентите на еколошки одржливиот развој на туризмот вклучуваат прилагодување на еколошки одржливата побарувачка, подобрување на квалитетот на разновидноста на поврзаните туристички активности и нагласување на ресурсите и атрактивноста на туристичкиот регион. Овие елементи имаат за цел да ја зголемат атрактивноста на регионот за патувачкиот турист врз основа на еколошката мотивација (Ayaş, 2007). Со цел да ги ублажи и да се справи со горенаведените еколошки прашања поврзани со зголемената туристичка активност во изминатите години, Грција ја прилагодува својата стратегија за животна средина со учество во глобалните климатски договори, како што е Европскиот зелен договор. Во 2014 година, според Конвенцијата за биолошка разновидност, Грција ја разви Националната стратегија за биолошка разновидност за 2014-2029 година, која ги поставува целите за подобрување на знаењето за биолошката разновидност и за тоа како ова знаење може да се интегрира во секторските политики (ОЕЦД, 2020). Во 2015 година, Грција го п...
Животна средина. Почва Влијание врз квалитетот и ерозија на почвата. Програма за справување со несреќи предизвикани од хемиски средства и излевање (вклучувајќи План за реагирање во итни случаи) за спречување/ублажување на негативните влијанија врз почвата, површинските води и водата во почвата. Редовна контрола и одржување на одводните структури и задржувањето на водата. Отпадните води од домаќинствата ќе се обработуваат според релевантните национални закони и ЕУ стандардите. Нема да се дозволува испуштање на необработена отпадна вода во природните водени теченија. Обработка на водата за миење на возовите (освен ако не се испушта со дозвола во општинскиот систем на колектори. Малку негативно

Related to Животна средина

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.

  • Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка 1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. 1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx). 1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“. 1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.