We use cookies on our site to analyze traffic, enhance your experience, and provide you with tailored content.
For more information visit our privacy policy.Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.
Клучен персонал Понудувачот мора да прикаже дека ќе има соодветно квалификуван (и во соодветен број) Клучен персонал, како што е прикажано во табелата подолу, кои се потребни за изведба на Договорот. Понудувачот ќе обезбеди детали за клучниот персонал и другите клучни лица кои Понудувачот смета дека се соодветни, заедно со нивните академски квалификации и работно искуство. Понудувачот ќе ги пополни релевантните обрасци дадени во Поглавје IV, Обрасци на понудата. Изведувачот ќе побара согласност од Работодавачот доколку треба да направи замена на клучниот персонал (Посебни услови на договорот 9.1).
Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка 1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. 1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx). 1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“. 1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба
ОУД 48.1 Валутата на земјата на работодавачот е: Македонски денари (МКД).
ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1)Податоци за договорниот орган I.1.1)Назив на договорниот орган:Јавно сообраќајно претпријатие СКОПЈЕ I.1.2)Адреса:бул. А.Македонски 10 I.1.3)Град и поштенски код:Скопје 1000 I.1.4)Интернет адреса:xxx.xxx.xxx.xx X.1.5)Лице за контакт:Xxxxx XxxxxxxxxxXxxxxx на е- пошта:javninabavki@jsp.com.mkТелефон/Факс:02/3122-635/3174266 I.1.6)Дополнителни информации и тендерската документација може да се добијат: I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност: ДЕЛ II:ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА II.1)Предмет на договорот за јавна набавка: II.1.1)Проценета вредност без ДДВ:1.250.000,00 ден. II.2)Вид на договорот за јавна набавка:Стоки - Купување Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите: II.3)Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор): II.4)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело:Не II.5)Групна набавка:Не II.6)Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка: Даден во техничките спецификации II.7)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН): II.8)Дали предметот на набавката е делив:Да 1 - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MAN D2866 UM - ЛЕЖИШТА ЗА КОЛЕНАСТО ВРАТИЛО-РАДИЛИЦА; ПИКСНИ ЗА КЛИПЊАЧА И БРЕГАСТА ОСОВИНА ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H И MAN D2866 UM Цилиндерски склопови за мотор MERCEDES OM447.901/H (спецификација бр. 7.3) 2 - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MAN D2866 UM - ЛЕЖИШТА ЗА КОЛЕНАСТО ВРАТИЛО-РАДИЛИЦА; ПИКСНИ ЗА КЛИПЊАЧА И БРЕГАСТА ОСОВИНА ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H И MAN D2866 UM Цилиндерски склопови за мотор MAN D2866 UM (спецификација бр. 7.4) 3 - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H - ЦИЛИНДЕРСКИ СКЛОПОВИ ЗА МОТОР MAN D2866 UM - ЛЕЖИШТА ЗА КОЛЕНАСТО ВРАТИЛО-РАДИЛИЦА; ПИКСНИ ЗА КЛИПЊАЧА И БРЕГАСТА ОСОВИНА ЗА МОТОР MERCEDES OM447.901/H И MAN D2866 UM Лежишта за коленасто вратило- радилица; пиксни за клипњача и брегаста осовина: за мотор OM447.901/H и MAN D2866 UM (спецификација бр. 7.6) II.9)Рамковна спогодба:Не II.10)Дозволено е поднесување на алтернативни понуди:Не II.11)Времетраење на договорот: