Содржина на Проектот Примери за клаузули

Содржина на Проектот. Проектната документација за прилагодување на 110kV полиња треба да се содржи од следното: • Список на користени подлоги • Листи на процесни информации од редните клеми дефинирани со проектите за ормарите за Надзор и Управување и Заштита (опремата ABB, проект КОНЧАР КЕТ) за потребите на Заштита, Надзор и Управување и Мерења, • Сместување на опремата, напојување и заземјување • Технички услови за изведба на монтажата и испитувањето • Графичка документација (блок шеми, развиени шеми на делување, приклучни шеми на врзување, кабловски листи и планови за полагање на кабловите, диспозициони нацрти, градежни основи и пресеци и др.). • И се друго што овде не е наведено а Носителот на набавката го знае или треба да го знае за реализација на прилагодувањето
Содржина на Проектот. Проектната документација за прилагодување на 110kV полиња треба да се содржи од следното: • Список на користени подлоги • Листи на процесни информации од редните клеми дефинирани со проектите за ормарите за Надзор и Управување и Заштита (опремата ABB, проект КОНЧАР КЕТ) за потребите на Заштита, Надзор и Управување и Мерења, • Сместување на опремата, напојување и заземјување. • Технички услови за изведба на монтажата и испитувањето • Графичка документација (блок шеми, развиени шеми на делување, приклучни шеми на врзување, кабловски листи и планови за полагање на кабловите, диспозициони нацрти, градежни основи и пресеци и др.). • И се друго што овде не е наведено а Xxxxxxxxx на набавката го знае или треба да го знае за реализација на прилагодувањето “Изведувачот” треба да ги набави целокупните потребните количини на примарна опрема и монтажните материјали (кабли, клем лајсни, струјни и напонски клеми, автоматски осигурувачи за напојување, ознаки – бројки и букви, ормарчиња за напонските мерни трансформатори. итн). Нивото на квалитет, техничкото ниво, нивото на изведба, како и функционалните карактеристики на монтажните материјали треба да ги задоволуваат македонските стандарди кои се во согласност со европските стандарди или меѓународни стандарди или други технички упатувања воведени од страна на европски органи за стандардизација. Монтажните работи на прилагодувањето на објектите за потребите на далечинското водење од НДЦ Скопје и РДЦ и локално треба да се состојат од следното: • Дефинирање на микролокацииите на новата опрема во ККО • Демонтажа на опремата која е вон употреба, а ќе биде заменета со нова: Командни ормари, ОГР ормари, РТУ ормар, електромеханичките заштитни релеи, мерни претворувачи, редни клеми, • Транспорт на заштитните, управувачките ормари од ТС Битола 2 и ТС Тетово 1 до новите микролокации во ТС Велес • Транспорт на уредите за AC/DC напојување и развод од магацините на МЕПСО од ТС Дуброво и нивна монтажа во ТС Велес • Инсталација на заштитните, управувачките и ормарите за мерење (предмет на испорака се ормари за броилата) • Набавка и инсталација на новите напонски ормари • Полагање на сите кабловски врски од примарната опрема до заштитните, управувачките и ормарите за мерење и нивно ожичување на двата краја; • Демонтажа на старите кабли и жили кои ќе се стават вон употреба • Положување на сите нови кабли од новите клемници до првите клеми на ормарите за напојување односно AC/ DC развод со помошни напони и нивно ожичување на двата краја; •...

Related to Содржина на Проектот

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.