Обврски на Носителот на набавката Примери за клаузули

Обврски на Носителот на набавката. Носителот на набавката се обврзува да одреди лице/лица со соодветна стручна спрема предвидена со важечките прописи, а во склад со Тендерските барања кое ќе раководи со изведувањето на работите. • Носителот на набавката се обврзува работите да ги изведе според важечките технички прописи и стандарди, како и според правилата на струката. • Носителот на набавката се обврзува работите да ги изведува со посебна дозвола за работа, по обезбедување на безнапонска состојба, со заземјување на местото на работа и по соодветни инструкции од одговорното лице на Инвеститорот • Носителот на набавката се обврзува ангажираните работници да бидат соодветно обучени и оспособени за изведување на таков вид на работи и со поседување на потребните сертификати за работа во високонапонски постројки. • Секое отпочнување и завршување на работите ќе се врши само со одобрение од одговорното лице на Инвеститорот и во соработка со одговорното лице на Носителот на набавката. • Носителот на набавката се обврзува да обезбеди соодветен стручен кадар, механизација и алат за навремено и квалитетно изведување на договорените работи. • Носителот на набавката се обврзува да ги извести ангажираните работници за придржување кон упатствата за работа и да обезбеди континуирано присуство на одговорно лице кое ќе се грижи за спроведување на сите потребни мерки за заштита на работниците. • При изведувањето на работите Носителот на набавката е одговорен за евентуално настанатите штети на објектот и на околината, како и за евентуално настанати повреди при работа. • Носителот на набавката се обврзува да не врши измена во работите без согласност на Нарачувачот. • Носителот на набавката се обврзува да води градежен дневник и градежна книга, кои содржат точни податоци за мерките и количините на вистински извршените работи. • Носителот на набавката се обврзува податоците за градежната книга да ги прибира заедно со надзорниот орган и раководителот на објектот. • Да изврши усогласување и усвојување, заедно со АД МЕПСО, на проектните технички решенија за опремата која се набавува и инсталира; • Да дефинира микролокација на опремата/уредите, на истата да изврши сместување и инсталација на опремата за напојување, заштита и далечински надзор и управување, мерења која претходно ќе ја транспортира со сопствени превозни средства и механизација до ТС Кавадарци; • Да изврши демонтажа на старата опрема која се менува и нејзино одложување на безбедно место во кругот на ТС Кавадарци • Да изврши проектирање и изведба на прил...
Обврски на Носителот на набавката. Член 13 Носителот на набавката е должен да го изврши предметот на набавката во времето и на местото предвидено со овој договор. Ќе се смета дека носителот на набавката ја извршил обврската од став 1 на овој член кога Договорниот орган ќе му издаде писмена потврда дека испорачаната услуга одговара на техничката спецификација и условите од овој Договор.
Обврски на Носителот на набавката. Економскиот Оператор ќе обезбеди одржување и поддршка за сите хардверски елементи на SCOUT RTU наведени во табела1 во Трафостаниците 110 / X kV на АД МЕПСО (ТС Велес 1, ТС Јегуновце, ТС Самоков, ТС Делчево, ТС Ресен,ТС Сушица,ТС Струмица 1, ТС Струмица 2) во период од 12 месеци. • При дефект или проблем во функционирање на системот, по известувањето од страна на стручните лица на Договорниот орган доставено по пошта или по е-маил , од се бара да се изврши увид и да превземе дејствија за доведување на SCOUT RTU-то во потполна функционалност така што: o Во соработка со стручните лица на Договорниот орган, ќе обезбеди идентификување на проблемите односно неправилностите во работењето на уредот, o Во рок од 2 дена да пристапи кон разрешување на идентификуваните проблеми односно неправилности во работењето o Да обезбеди брзо воспоставување на нормален работен режим за дефектните или испаднатите сервиси/уреди/модули со ефикасно разрешување на испадот/дефектот/ проблемот и за истото да се направи записник кој е должен да го достави до одговрните лица на Договорниот орган • Носителот на набавката е обврзан за секој пријавен дефект да испрати лице/лица кои се со соодветна техничка обученост - оспособеност за одржување. • Проблемите во работата на опремата кои подлежат на хардверското одржување на Системот треба да бидат реализирани на начин кој ќе овозможи минимизирање на времето на неработење на SCOUT RTU. • Во Oдржувањето е вклучено: • испорака, поправка или замена, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на неисправен хардверски уред/елемент дефиниран во Табела 1 со резевен дел од квантумот на резервни делови со кои располага Договорниот орган дефинирани во табела бр.2. или доколку таков не постои со набавка, инсталација, конфигурирање, тестирање и пуштање во работа на нов. Економскиот Оператор е обврзан да доставува детален извештај до Договорниот орган за секоја интервенција со опис на настанатиот дефект и опис на превземени активности: o Датум на пријавување на проблемот, o Лице назначено од Договорниот орган, кое го пријавило проблемот, o Лице назначено од Носителот на набавката, кај кое е пријавен проблемот, o Опис на извршени активности неопходни за отстранување на проблемот/дефектот Извештајот треба да биде прифатен и потпишан од назначените лица на Договорниот орган. • Рокот на испорака на Хардверски уред или елемент од системот дефиниран во Табела 1 кои би се користел при евентуална замена на неисправен хардверски уред или елемент од с...
Обврски на Носителот на набавката. (1) Извршителот се обврзува за потребите на Договорниот орган - Нарачател да го изработи предметот од член 2 на овој Договор.
Обврски на Носителот на набавката. 22.4.1 Доставените податоци во врска со ангажираниот персонал кој ќе биде на располагање за цело времетраење на рамковната спогодба ќе биде составен дел од истата. Во случај да се јави потреба на економскиот оператор за промена на персоналот при реализација на рамковната спогодба, истиот за тоа треба претходно да го извести договорниот орган и во врска со новиот персонал да достави докази согласно точка 6.4.3.2 од тендерската документација. Доколку договорниот орган ја прифати бараната промена, за истата се предвидува склучување анекс на спогодбата. 22.5.Начин на реализација на рамковната спогодба
Обврски на Носителот на набавката. 7.7.4.1 Доставените податоци во врска со ангажираниот персонал и опремата која ќе биде на располагање за цело времетраење на договорот се составен дел од договорот. Во случај да се јави потреба на економскиот оператор за промена на персоналот при реализација на договорот, истиот за тоа треба предходно да го извести договорниот орган и во врска со новиот персонал или опрема да достави докази согласно тендерската документација. Доколку договорниот орган ја прифати бараната промена, за истата се предвидува склучување анекс на Договорот.
Обврски на Носителот на набавката. За извршување на предметната набавка, Носителот на набавката ги има следниве обврски: • да има/обезбеди доволен број на квалификуван технички персонал, во согласност со обемот на предметот на набавката (одговорни проектанти за електро дел, градежен дел и геотехника со овластување А за проектирање, стручни соработници за електро, градежен дел, геотехнички дел и др.). • за потребите на проектирање да изврши геомеханички истражни работи на тлото во ТС Скопје 3 и ТС Бучим и лабараториски испитувања. • да изврши корекции на проектната документација по евентуало дадени забелешки од интерната ревизија од АД МЕПСО.

Related to Обврски на Носителот на набавката

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на Телекомуникациски услуги. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерска документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.