КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ. Член 9 Квалитативен и квантитативен прием на предметот на овој Договор, врши Договорниот орган со документ (градежна книга) потпишана од овластените лица од член 7 на овој Договор и лица овластени од страна на Економскиот оператор. Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на извршените услуги. Договорниот орган е должен да изврши преглед на извршените услуги штом тоа според редовниот тек на работите е можно, и за утврдените неправилности или недостатоци, освен во неработни денови, веднаш без одлагање да го извести Економскиот оператор. Економскиот оператор е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата што ја претрпел поради неисполнување, ненавремено или неквалитетно исполнување на договорните обврски. Договорниот орган има право поради неправилност или недостаток да бара: - Бесплатно отстранување на неправилностите и недостатоците на извршената услуга или надомест на трошоците направени за отстранување на неправилностите и недостатоците; - Сразмерно намалување на цената; - Надомест на штета; - Раскинување на Договорот.
Appears in 5 contracts
Samples: Tender Documentation, Tender Documentation, Tender Documentation