КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и квантитативен прием на стоките врши Договорниот орган со документ – испратница потпишана од овластени лица на двете договорни страни. Во текот на примопредавањето се утврдува следното:
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и квантитативен прием на услугите и стоките поврзани со нив врши Договорниот орган, врз основа на дадениот работен налог од овластено лице на Договорниот орган и Записник за извршени услуги уредно потпишан од страна на овластените лица на двете договорнои страни. Договорниот орган е должен преку овластените лица за надзор да изврши преглед на извршената услуга и ако утврди неисправност или недостаток веднаш да изготви Записник и да одреди дополнителен рок за отстранување на недостатоците. Доколку Носителот на набавката не ги отстрани забелешките во дополнително определениот рок Договорниот орган има право да бара: - Отстранувањето на недостатокот да го изврши друг економски оператор на сметка на Носителот на набавката, - Сразмерно намалување на цената на извршената услуга, - Раскинување на договорот и надомест за претрпена штета.
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и кавантитативен прием на услугите врши Договорниот орган, со документ Извештај од лабораториско испитување/лабораториска анализа, уредно заверен и потпишан од овластени лица на Носителот на набавката. Услугата за анализа во надворешната лабораторија се смета за извршена, по доставување лабораториски Извештај од лабораториско испитување/ Извештај од лабораториска анализа во архивата Царинската управа на Република Македонија на адреса ул. Лазар Личеноски бр13 1000 Скопје со ознака до Xxxxxxxx Xxxxxxxxxxx и по електронски пат (скениран) на следните e-mail адреси: xxxxxxxx.xxxxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx и xxxxxxx.xxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, .
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и квантитативен прием на стоките - предмет на Договорот врши овластеното лице со документ – испратница. Во текот на примопредавањето на стоките се утврдува квантитетот и квалитетот на испорачаната службена облека . Во случај кога при прием ќе се утврди дека стоките имаат недостатоци, исти- те ги евидентира овластеното лице, а Носителот на набавка се обврзува во рок од 1 (еден) месец да ги замени неквалитетните стоки со нови квалитетни стоки, кои се во согласност со наведеното во техничката спецификација од тендерската документација, доставените мостри на материјали. Испораката на стоките се смета за извршена по потпишувањето и заверува- њето на испратницата од страна на овластени лица на двете договорни страни.
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и квантитативен прием на предметот на набавката од овој Договор врши Договорниот орган со месечен Извештај уредно потпишан од овластени лица на двете договорни страни. Во текот на примопредавањето се утврдува следното:
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и квантитативен прием на стоките-предмет на Договорот врши овластено лице на Договорниот орган со документ – испратница и/или Записник. Во текот на примопредавањето на стоките се утврдува квантитетот и квалитетот на испорачаната службена облека-предмет на договорот. Во случај кога при прием ќе се утврди дека стоките имаат недостатоци, истите ги евидентира овластеното лице на Договорниот орган, а Носителот на набавката е должен во рок од 1 (еден) месец да ги замени неквалитетните стоки со нови квалитетни стоки кои се во согласност со барањата наведени во техничката спецификација од тендерската докуметација и неговата понуда со доставените мостри од готов производ за ДЕЛ . Испораката на стоките се смета за извршена по потпишувањето и заверувањето на испратницата и /или Записникот од страна на овластени лица на двете договорни страни.
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и квантитативен прием на услугите - предметот на набавката од овој Договор се врши со месечен извештај уредно потпишан од лица назначени од двете договорни страни. Во текот на примопредавањето се утврдува следното:
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и квантитативен прием на услугите -предмет на овој Договор врши Договорниот орган преку секојдневно следење и проверка на достапноста на услугите. Носителот на набавката е потребно да обезбеди пристап до алатка за мониторирање на квалитетот на дадената услуга заради оценка на специфицираните параметри во Анексот на договорот за СЛА ( Service Level Agreement) параметри. Договорниот орган е потребно да има пристап до алатката за мониторирање на квалитетот на доставената услуга за времетраењето на овој Договор.
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квантитативен прием на секоја испорака на контролни марки-предметот на овој Договор се врши во Народна Банка на Република Македонија или друго договорено место во Скопје, каде се врши доставата на контролните марки. Во текот на целото времетраење на овој Договор, Договорниот орган има право да го провери квалитетот на секоја испорачана пратка со споредба со наведеното во техничката спецификација и СПЕЦИМЕНИТЕ и тоа: визуелно и/или со користење на посебни уреди и/или во независен компетентен субјект, избран од Договорниот орган, за што го известува Носителот на набавката. Проверката треба да покаже дали испорачаните контролни марки -предмет на овој Договор се во согласност со барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација за отворена постапка 12/2016 и СПЕЦИМЕНИТЕ. Во постапката на проверка на квалитетот дозволено е присуство и учество на Носителот на набавката, доколку тој тоа го смета за потребно. Доколку при проверка на квалитетот на испорачаните контролни марки - предметот на овој Договор се констатира дека истите се несоодветни, односно дека истите не се во согласност со наведеното во техничката спецификација и СПЕЦИМЕНИТЕ, Договорниот орган за тоа го известува Носителот на набавката и се составува Записник во присуство на Носителот на набавката, кој се потпишува од страна на двете договорни страни. Носителот на набавката е должен несоодветните контролни марки - предмет на овој Договор да ги замени со нови во рок од 5 (пет) работни дена од денот на потпишување на Записникот. Сите трошоци околу замената на несоодветните контролни марки - предмет на овој Договор, паѓаат на товар на Носителот на набавката.
КВАНТИТАТИВЕН И КВАЛИТАТИВЕН ПРИЕМ. Квалитативен и квантитативен прием на услугите-предмет на набавка врши назначено лице од Договорниот орган. Во текот на примопредавањето се утврдува следното: