КЛАУЗУЛА ЗА РЕВИЗИЈА НА МАШИНИ И УРЕДИ Примери за клаузули

КЛАУЗУЛА ЗА РЕВИЗИЈА НА МАШИНИ И УРЕДИ. 201. Ревизија на инсталациите на парните, гасните и хидротурбините
КЛАУЗУЛА ЗА РЕВИЗИЈА НА МАШИНИ И УРЕДИ. 201.Ревизија на инсталациите на парните, гасните и хидротурбините Во интерес за спречување на штети, договорувачот на осигурувањето - без оглед на почетокот на осигурителната заштита, должен е на свој трошок да врши редовно одржување, ревизија - периодичен преглед и ремонт во сообразност со прописите и упатствата за технички мерки на погонот и одржување на електро-енергетските постројки според: правилникот за техничките мерки за заштита на електро-енергетските инсталации, како и писмените упатства за погон, одржување, ревизија и ремонт што ги даваат производителите на уредите и постројките. Доколку договорувачот на осигурувањето повреди некои од наведените обврски, па поради нивно пропуштање се оствари осигурен случај, тогаш осигурувачот нема да биде должен таквата штета да ја надомести. Договорувачот на осигурувањето е должен на осигурувачот благовремено да му го пријави вршењето на ревизијата. Осигурувачот може на свој трошок да испрати стручно лице кое ќе присуствува на ревизијата. 202.Ревизија на електричните мотори за наизменична струја со снага поголема од 750 KW во двополна изведба или повеќе од 1000 KW во четири или повеќеполна изведба. Во интерес за спречување на штети договорувачот на осигурувањето - без оглед на почетокот на осигурителната заштита - должен е на свој трошок да врши редовно одржување, ревизија, периодични прегледи и ремонт во сообразност со прописите за технички мерки за погон и одржување на електро-енергетски постројки. Правилникот за технички мерки за заштита на електро - енергетските постројки, како и писмените упатства за погон, одржување, ревизија и ремонт што ги дава производителот на уредите и постројките од овој вид. Ако договорувачот на осигурувањето повреди некоја од наведените обврски, па поради пропусти на истите се оствари осигурен случај, тогаш осигурувачот не е должен да надомести таква штета. 203.Ревизија на мотори за еднонасочна струја со обртни моменти поголеми од 1 мрм. како и на главниот и помошниот погон за еднонасочна струја во валавниците. Во интерес за спречување на штети договорувачот на осигурувањето - без оглед на осигурителната заштита - должен е на свој трошок да врши ревизија на главниот и помошниот погон во валавниците, како и моторите за еднонасочна струја, а во согласност со прописите и правилникот за технички мерки за погон и одржување на постројките од овој вид и спрема писмените упатства за погон, одржување, ревизија и ремонт што ги дава производителот на овие уреди. Договорувачот на осигурување...

Related to КЛАУЗУЛА ЗА РЕВИЗИЈА НА МАШИНИ И УРЕДИ

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.