ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ) Примери за клаузули

ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). (1) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета причинета со уништување или оштетување на осигурениот предмет поради незгода во погон, под која се подразбира настан што настанал непредвидено и ненадејно во врска со употребата на осигурениот предмет, и тоа поради: 1. Грешки во конструкција, материјал и изработка; 2. Непосредно дејство на електрична енергија, краток спој, атмосферски и друг пренапон, електричен лак и слично; 3. Прскање или распаднување поради дејство на центрифугална сила; 4. Мраз, освен замрзнување на водата во склоповите на моторите, притисок на мраз или снег, или непосредно движење на мраз; 5. Натпритисок и потпритисок (имползија); 6. Откажување (затајување) на уредите за заштита или регулација, како и елементи за автоматско управување со кои машината е опремена; и 7. Заглавување во време на бушење во бушотини. (2) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест од став 1 од овој член за полнење со масло на осигурената машина, само кога штетата е последица на оштетување или уништување на машината од опасности опфатени со овие услови. (3) Кај електричните и дизел електричните локомотиви со потполното каско осигурување се опфатени и штетите од дејство на електрична енергија, а додека ризиците од став 1 од овој член не се вклучени во осигурување.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). (1) Осигурувачот е во обврска да исплати надоме,ст на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на предмети од член 33 став 1 од овие услови, со остварување на опасности предвидени во член 16 од овие услови. (2) При настанувањето на ризикот кражба, осигурувачот е должен да ја надомести штетата доколку дошло до кражба на возило или предметите се украдени од заклучено возило, односно од возило што се наоѓало во заклучена гаража, или се украдени предмети што биле прицврстени на возило, или од заклучени простории во хотел, гостилница, преноќиште или стан надвор од местото на живеење на сопственикот на предметите. (3) Кај осигуреницичито се занимаваат со превоз на патници со автобуси или патнички возила, се опфатени и штетите што ќе настанат поради замена или исчезнување на багаж при издавање или примање на превоз.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на предмети од член 31 став 1 од овие услови, со остварување на опасности предвидени во член 16 од овие Услови, точка 1 до точка 15.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). Осигурувањето по овие Услови дава осигурителна заштита од следните ризици (основни ризици):
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). [1] Осигурувачот има обврска за несреќните случаи кои ќе настанат на: 1) професионален екипаж во воздухоплови, спортски пилоти и лица кои повремено користат летала: за време на полетување, при потребни манипулации пред полетување и после тоа; поради влегување и излегување од леталото; при спасување на леталото и лицата при водухопловни несреќи при учество во комисија за утврдување на воздухопловната несреќа, на патот од зборното работно место (работилница, хангар, управна зграда) до местото одредено за извршување на должноста наведена во оваа точка, и обратно; 2) ученици на моторно летање и едриличарство: при теориска и практична настава; на патот од работилницата или школото до аеродромот и назад; 3) падобранци: во текот на полетувањето со леталото од кое има намера да скокне, за време на скокот и при доскокот; при теориска и практична настава на аеродромот; на пат од зборното место до аеродромот и обратно; 4) патници: во текот за полетувањето, поради влез и излез од леталото, кај спасување при присилно слетување; на просторот од аеродромот кој е одреден за патници. [2] Само ако е посебно договорено, осигурувачот има обврска за несреќните случаи кои настануваат: 1) при натпреварувачки летови за постигнување рекорди и при акробации; 2) при пробни летови со прототипови и при пробни летови со летала со нова сериска конструкција; 3) при скокови со падобран, освен ако скокот е извршен поради спасување на живот.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета причинета со уништување или оштетување на осигурениот предмет поради незгода во погон, под која се подразбира настан што настанал непредвидено и ненадејно во врска со употребата на осигурениот предмет, и тоа поради: • непосредно дејство на електрична енергија, краток спој, атмосферски и друг пренапон, електричен лак и слично; • прскање или распаднување поради дејство на центрифугална сила; • мраз, освен замрзнување на водата во склоповите на моторите, притисок на мраз или снег, или непосредно движење на мраз; • заглавување во време на бушење во бушотини.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). (1) Осигурувачот е должен да исплати надомест во случаj на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на осигурените ствари поради следниве основни опасности: 1. пожар и удар на гром, експлозиjа, луња, град, манифестациjа и демонстрациjа, излевање на вода, мраз, мраз и снег, снежна лавина, слегнување на земjиште; 2. градежна незгода; 3. невештина, невнимание или лоша намера на работникот или некое друго лице. (2) Aко посебно се договори и пресмета дополнителна премиjа, осигурувачот е должен да исплати надомест на штета поради една или повеке дополнителни опасности, според тоа како ке се договори, и тоа: 1.поплава и пороj, висока вода и подземна вода; 2.лизгање на земjиште; 3.одронување на земjа; 4.зарушување на земjиште; 5.одговорност од деjност на изведувачот на градежните работи; 6.договорна одговорност на изведувачот на градежните работи во гарантниот рок; 7.провална кражба. Осигурени се само оние опасности кои се наведени во полисата и за кои е пресметана дополнителна премиjа. (3)Осигурувачот не е должен да исплати надомест на директна или индиректна штета коjа е предизвикана со нуклеарна реакциjа, нуклеарна радиjациjа или радиоактивна контаминациjа.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). (1) Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на предметите од член 26 став (1) од овие Услови, со остварување на опасности предвидени во член 3 од овие Услови. (2) При настанувањето на ризикот кражба, осигурувачот е должен да ја надомести штетата доколку дошло до кражба на возило или предметите се украдени од заклучено возило, односно од возило што се наоѓало во заклучена гаража, или се украдени предмети што биле прицврстени на возило (3) Кај осигуреници што се занимаваат со превоз на патници со автобуси или патнички возила, се опфатени и штетите што ќе настанат поради замена или исчезнување на багаж при издавање или примање на превоз.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). Осигурувачот е во обврска да исплати надомест на штета предизвикана со уништување, оштетување или исчезнување на предмети од член 34, став 1 од овие услови со остварување на опасности опфатени во избраниот начин на основното каско осигурување.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ (РИЗИЦИ). [1] Во рамките на опсегот одреден со овие услови, осигурувањето покрива уништување или оштетување на осигурените предмети што настанало како резултат на следниве основни опасности: пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, излевање на вода од инсталација, удар со сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации. [2] Доколку е така договорено, осигурувањето може да покрие уништување или оштетување на осигурените предмети само поради следниве основни опасности: пожар, удар од гром, експлозија и паѓање на воздушни летала. [3] Доколку е посебно договорено и ако е пресметана дополнителна премија, осигурувањето покрива уништување или оштетување на осигурените предмети поради една или повеќе од следниве дополнителни опасности: поплава, лизгање на земјиште, снежна лавина, удар на непознато моторно возило, истекување на течности (лекажа), самозапалување (пиролиза) и излевање на вжарена маса.