Линкови Примери за клаузули

Линкови. Давателот на услугата кој преку електронско упатување отвора пристап до други податоци не е одговорен за тие информации, ако: - нема сознание ниту можел да знае за нелегалните активности на примателот на услугата или за содржината на податоците во тие информации и - веднаш штом дознае дека се работи за нелегални активности или податоци да ги отстрани или да го оневозможи пристапот до истите. И покрај одредбите од членовите 14, 15, 16 и 17 на овој закон судовите и другите надлежни органи и институции во Република Македонија во согласност со законите на Република Македонија, по барање на овластените лица, им наложуваат на давателите на услуги на информатичкото општество и нивните приматели да ја отстранат и спречат повредата на важечките прописи и врз основа на нив да преземат и други мерки согласно со закон.
Линкови. Услугата или трета страна може да обезбеди линкови до други www страници или ресурси. Бидејќи Македонски Телеком нема контрола над таквите страници и ресурси, корисникот потврдува и се согласува дека Македонски Телеком не е одговорен за достапноста на таквите надворешни страници или ресурси и не поддржува и не е одговорен за каква било Содржина, реклама, производ или други материјали на или расположливи од таквите страници или ресурси. Корисникот исто така потврдува и се согласува дека Xxxxxxxxxx Телеком не е одговорен, директно или индиректно, за каква било штета или загуба која е предизвикана или за која се претпоставува дека е предизвикана со или во врска со користењето или веродостојноста на каква било Содржина, производи или услуги достапни преку таквите страници или ресурси.
Линкови. Давателот на услугата кој преку електронско упатување отвора пристап до други податоци не е одговорен за тие информации, ако: - нема сознание ниту можел да знае за нелегалните активности на примателот на услугата или за содржината на податоците во тие информации и - веднаш штом дознае дека се работи за нелегални активности или податоци да ги отстрани или да го оневозможи пристапот до истите.

Related to Линкови

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти.

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност