Наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати со дебитна картичка Примери за клаузули

Наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати со дебитна картичка. Банката може да одобри наменско дозволено пречекорување на платежната сметка во денари за плаќање на рати со дебитна картичка, согласно интерните акти на Банката. • Средствата од наменското дозволено пречекорување Корисникот може да ги користи исклучиво за плаќање на 3,6,12,и 24 рати со дебитната картичка, која е поврзана со платежната сметка во денари на Корисникот каде е одобрен наменскиот лимит, на продажните места со кои Банката има склучено Договор за деловна соработка. За користењето на дебитната картичка се применуваат и важат сите одредби наведени во точка 3. Дебитна картичка, на овие Општи услови. • Износот на наменското дозволено пречекорување за плаќање на рати со дебитна картичка, каматната стапка, условите за негово користење, рокот на користење и други информации поврзани со користењето наменското дозволено пречекорување за плаќање на рати се регулираат со посебен Договор за наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати со дебитна картичка, потпишан со Корисникот. • Правото на користење на наменското дозволено пречекорување за плаќање на рати престанува со промената на условите под кои е одобрено. Во тек на периодот на важност или на денот на истек на важност на договорот Банката има право да направи преоцена на висината на лимитот и има право да го раскине Договорот, при што сите недостасани рати ќе продолжат да достасуваат месечно до подмирување на целиот износ. Банката исто така може недостасаните рати да ги достаса и одеднаш поради неисполнување на договоните обрски од страна на корисникот. За износот на достасаните рати Банката ја задолжува платежната сметка во денари на Корисникот и има право да бара целосна наплата. • Доколку на денот на достасување на месечната рата на платежната сметка, Корисникот нема расположливи средства за целосна или делумна наплата на достасаната месечна рата, Банката ја задолжува платежната сметка на Корисникот во висина на достасаниот ненаплатен износ од месечната рата, при што наведениот износ ќе се евидентира на платежната сметка во денари како недозволено пречекорување.

Related to Наменско дозволено пречекорување за плаќање на рати со дебитна картичка

  • ОУД 8.1 Ангажирање на други изведувачи: Не се применува.

  • ДОГОВОРЕН ОРГАН I.1) Податоци за договорниот орган