Common use of Обврска за пријавување при промена на адреса Clause in Contracts

Обврска за пријавување при промена на адреса. 1. Договарачот на осигурувањето е должен веднаш да го извести осигурителот по писмен пат за секоја промена на адресата на живеење или на седиштето, односно на адреса за доставување известувања, која ја навел во барањето. 2. Ако договарачот на осигурувањето не го извести осигурителот за промената на адресата, осигурителот има право да доставува известувања на последно познатата адреса на договарачот на осигурувањето. Во таков случај, сите известувања испратени од осигурителот до договарачот на осигурувањето ќе се сметаат за доставени по истекот на рокот од 8 (осум) дена, сметано од денот на испраќање на известувањето на последно познатата адреса на договарачот на осигурувањето со препорачано писмо.

Appears in 4 contracts

Samples: Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови, Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови, Општи Услови За Животно Осигурување Поврзано Со Инвестициски Фондови