We use cookies on our site to analyze traffic, enhance your experience, and provide you with tailored content.

For more information visit our privacy policy.

Договор за осигурување Примери за клаузули

Договор за осигурување. 1. Составен дел на договорот за осигурување се понудата, осигурителната полиса, прилозите кон осигурителната полиса, Општите услови и Посебните услови за осигурување, вклучувајќи и клаузули. 2. Договорот за осигурување се склучува врз основа на барање доставено до осигурителот. Сите податоци наведени во барањето мора да бидат вистинити, точни и целосни. 3. Осигурителот има право, по приемот на барањето, да побара и дополнителни податоци, кои се релевантни за склучувањето на договорот за осигурување, вклучувајќи и наоди од лекарски прегледи на осигуреникот. 4. Ако договарачот на осигурувањето и осигуреникот се различни лица, за договорот за осигурување да стане правосилен потребена е писмена согласност од осигуреникот, која се дава во понудата или во посебен документ при потпишувањето на понудата, со наведување на збирот на премиите на премијата и на гаратираниот износ во случај на смрт. 5. За да стане правосилен договорот за осигурување во случај на смрт на трето лице, кое е постаро од 14 (четиринаесет) и помладо од 18 (осумнаесет) години, потребна е писмена согласност од неговиот/нејзиниот законски застапник. 6. Договорот за осигурување во случај на смрт на трето лице на возраст под 14 (четиринаесет) години е ништовен. Истото важи и за лице, кое целосно ја изгубило својата деловна способност. Во таков случај осигурителот е должен на договарачот на осигурувањето да му ги врати сите премии што ги примил врз основа на таквиот договор. 1. Понудата доставена до осигурителот е обврзувачка во период од 8 (осум) дена по приемот од страна на осигурителот. Ако е неопходен лекарски преглед на осигуреникот, тогаш таа е обврзувачка во период од 30 (триесет) дена. 2. Ако осигурителот не ја одбие понудата во роковите од претходниот став, која не отстапува од предложените услови за осигурувањето, понудата ќе се смета за прифатена и договорот за осигурување ќе се смета за склучен. Во овој случај договорот ќе се смета за склучен на денот, на кој осигурителот ја примил понудата. 3. Ако осигурителот изјави, дека ја прифаќа понудата и истовремено предложи измени или дополнувања, договорот за осигурување ќе се смета за склучен на денот, на кој договарачот на осигурувањето ги прифатил предложените измени, односно дополнувања. 4. Понудувачот има право да се повлече од понудата во роковите наведени во став 1 и да бара враќање на платената премија. Ако во меѓувреме понудувачот не доставил друга понуда, осигурителот има право да побара од понудувачот надомест на трошоците за лекарс...
Договор за осигурување. [1] Со договорот за осигурување договарачот се обврзува дека на Осигурувачот ќе му ја плати премијата за осигурување, а Осигурувачот се обврзува дека при настанување на осигурен случај ќе ги исполни условите на осигурителното покритие и на осигуреникот ќе му ги надомести трошоците за извршената операција во согласност со операциите од соодветните специјалистичко-консултативни области како и давање на асистенција при остварување на правото од осигурување.
Договор за осигурување. Овие услови за осигурување на велосипедисти (во натамошниот текст Услови), Табелата за одредување на процент на инвалидност како последица на несреќен случај ( во натамошниот текст: Tабела за инвалидитет), и полисата се составен дел од договорот за осигурување кои осигурувачот го склучил со договорувачот на осигурувањето.
Договор за осигурување склучен помеѓу договорувачот на полисата и Триглав Осигурување Живот АД Скопје (во натамошниот текст: друштвото за осигурување).
Договор за осигурување. (1) Договорот за осигурување може да се склучи како индивидуално, семејно или колективно осигурување, соедногодишен или повеќегодишен период на траење. (2) Со Договорот за осигурување Договорувачот е обврзан да ја плати премијата на Осигурувачот, а Осигурувачот се обврзува кога ќе настане осигурен случај во смисла на овие Дополнителни услови, да ги надомести медицинските трошоци или трошоците за оправдан медицински третман договорени со осигурителното покритие. (3) Трошоците за надоместоци за лекувањето кои ги обезбедува Осигурувачот, не може да бидат повисоки од максималната договорена осигурена сума наведена во полисата за осигурување за време на договорениот период на осигурување или од максималниот лимит/ подлимит дефиниран со Дополнителните услови за секој поединечен третман во рамките на осигурителното покритие. (4) Во рамките на овие Дополнителни услови, договорот за осигурување може да биде склучен како покритие за трошоците за лекување и медицински услуги како: 1. основно осигурително покритие 2. дополнително осигурително покритие 3. креирано покритие по барање на договорувачот на осигурувањето. (5) Осигуреното лице е должно, во согласност со договореното осигурително покритие, да ги користи договорените медицински оправдани третмани во здравствени установи, на начин како што е дефинирано во договорот за осигурување.

Related to Договор за осигурување

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал бво моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • ОУД 48.1 Валутата на земјата на работодавачот е: Македонски денари (МКД).

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: