Обврски на Македонски Телеком, кога се јавува како оператор давател Примери за клаузули

Обврски на Македонски Телеком, кога се јавува како оператор давател. Македонски Телеком има обврска да обезбеди преносливост на фиксен претплатнички број кај оператор на јавна фикснаелектронска телефонска мрежа и преносливост на број од јавна мобилна електронска комуникациска мрежа кај оператор на јавна мобилна електронска комуникациска мрежа. Македонски Телеком има обврска да обезбеди континуитет на услугите се до започнувањето на временската рамка за предавање на број. Претплатникот поднесува барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број кај операторот примател. Со доставувањето на барањето претплатникот го раскинува Претплатничкиот договор склучен со Македонски Телеком АД – Скопје, а операторот примател во негово име ги доставува потребните лични податоци и потпишаната согласност од страна на претплатникот до Македонски Телеком XX. Операторот примател преку ЦБП системот ќе го извести Македонски Телеком дека претплатникот поднел барање за склучување на претплатнички договор со пренесување на број во рок не подолг од 2 (два) работни дена од денот на приемот на барањето, освен во случај кога операторот примател треба претходно да утврди дали има техничка можност за спроведување на барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број. Доколку барањето за пренесување на број преку ЦБП системот е примено од страна на Македонски Телеком до 12:00 часот во текот на работен ден, Македонски Телеком ќе му одговори на операторот примател во рок не подолг од 3 (три) часа по приемот на барањето за склучување на претплатнички договор со пренесување на број. Xxxxxxx Xxxxxxxxxx Телеком не одговори на барањето во рок од 3 (три) часа, тоа подразбира дека барањето е прифатено. Доколку барањето за пренесување на број преку ЦБП системот е примено од страна на Македонски Телеком АД после 12:00 часот во текот на работен ден или во неработен ден, Македонски Телеком ќе му одговори на операторот примател во рок не подолг од 3 (три) часа од почетокот на работното време во следниот работен ден. Xxxxxxx Xxxxxxxxxx Телеком не одговори на барањето во рок од предвидените 3 (три) часа, тоа подразбира дека барањето е прифатено. Временската рамка за предавање на бројот е временскиот период од 12:00 до 16:00 часот секој работен ден кој започнува во рок од 2 (два) работни дена при пренесување на фиксен претплатнички број или во рок од 1(еден) работен ден при пренесување на мобилен број, од моментот на трансакцијата за запис на податоците за пренесување на број во ЦБП за конкретниот склучен претплатнички договор од стра...

Related to Обврски на Македонски Телеком, кога се јавува како оператор давател

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.