Common use of Поднесување на понудите Clause in Contracts

Поднесување на понудите. Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог. Понудувачот е одговорен пред Договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите. Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган. Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без вклучен ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација (доколку цената на понудата се искажува во валута различна од денарот курсната листа што ќе се користи за евалуација е онаа на Народната банка на Република Северна Македонија, а курсевите за размена се оние што важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите). Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка, за секој Дел поединечно, во зависност од тоа за кој Дел економскиот оператор учествува. Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите. Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.

Appears in 5 contracts

Samples: Tender Documentation, Tender Documentation, Tender Documentation