Поднесување И Отворање На Понудите Примери за клаузули

Поднесување И Отворање На Понудите. 21.1 Понудувачот ја доставува понудата во единечен затворен плик (процес на наддавање со еден плик). Во рамките на единечниот плик, Понудувачот ги става следните, запечатени пликови: (a) во плик означен со „ОРИГИНАЛ“, сите документи што ја содржат понудата, како што е опишано во ITB 11; и (b) во плик означен со „копии“, сите потребни копии на понудата; x (c) ако се дозволени алтернативни понуди во согласност со ITB 13, и доколку е соодветно: (i) во плик означен со „ОРИГИНАЛ - АЛТЕРНАТИВНА ПОНУДА“, алтернативната понуда; и (ii) во плик означен со „КОПИИ - АЛТЕРНАТИВНА ПОНУДА“ сите потребни копии од алтернативната понуда. 21.2 Внатрешните и надворешните пликоа треба: (a) да го носат името и адресата на Понудувачот; (b) да бидат адресирани до Работодавачот како што е наведено во ЛПП во согласност со ИП 22.1; (c) да го носат специфичниот идентификациски број на тендерот во согласност со ЛПП 1.1; и (d) да имаат напишано предупредување да не се отвораат пред прецизираното време и датум за отворање на Понудите. 21.3 Доколку сите пликоа не се запечатени и не се обележани според горенаведеното, Работодавачот нема да сноси одговорност за губење или предвремено отворање на Понудата. 22.1 Понудите ќе бидат доставени до Работодавачот на адресата и не подоцна од времето и датумот прецизирани во ЛПП. Доколку така е наведено во ЛПП, Понудувачите ќе имаат можност да ги поднесат своите понуди по електронски пат. Понудувачите кои ќе ги поднесат своите понуди по електронски пат, ќе ги следат упатствата за електронско поднесување на понуди прецизирани во ЛПП. 22.2 Работодавачот може да го продолжи крајниот рок за доставување понуди преку издавање на амандман на тендерската документација во согласност со ИП 8, во кој случај сите права и должности на Работодавачот и Понудувачите кои претходно важеле за оригиналниот краен рок ќе важат за новиот краен рок. 23.1 Работодавачот нема да ги земе предвид Понудите кои ќе пристигнат по истекот на крајниот рок за поднесување понуди во согласност со ИП 22. Секоја Понуда која Работодавачот ќе ја добие по крајниот рок за поднесување на понуди ќе се прогласи за задоцнета и како таква ќе биде одбиена и неотворена ќе се врати до Понудувачот.
Поднесување И Отворање На Понудите 

Related to Поднесување И Отворање На Понудите

  • Отворање на понудите 5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице. 5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите. 5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. 5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 10.06.2022 година, во 11:00 часот, во просториите на одделение за јавни набавки при ЈЗУ Општа болница - Куманово. 5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите. 5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. 5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворањето на понудите. 5.1.8 Записникот од јавното отворање на понудите по прикачувањето на ЕСЈН е достапен до понудувачите.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.