Подобни понудувачи. Понудувачот може да биде фирма која што е приватен субјект, субјект во државна сопственост – согласно Инструкци за понудувачите (ИП) 4.6 – или комбинација од вакви субјекти во форма на група на понудувачи (ГП) со постоечки договор или со намера да формираат таков договор поткрепена со Писмо за намера. Во случај на група на понудувачи, сите членови сносат заедничка и поединечна одговорност за извршувањето на договорот во согласност со условите од договорот. Групата на понудувачи ќе назначи свој претставник кој ќе биде овластен да ги врши сите работи во име на секоја и на сите страни од групата на понудувачи во текот на тендерската постапка, и доколку договорот е доделен на групата на понудувачи, во текот на извршувањето на договорот. Доколку не е поинаку наведено во ЛПП, бројот на членови во групата на понудувачи не е ограничен. Понудувачот не треба да има конфликт на интереси. Сите Понудувачи кои ќе имаат конфликт на интереси ќе бидат дисквалификувани. Понудувачот ќе се смета дека има конфликт на интереси со една или повеќе страни во оваа тендерска постапка доколку: директно или индиректно контролира, е под контрола на, или е под заедничка контрола со друг Понудувач; или добива или добил директна или индиректна субвенција од друг Понудувач; или има ист правен претставник со некој друг Понудувач; или е поврзан со друг Понудувач, директно или преку заеднички трети лица, со што е во позиција да влијае врз понудата на друг Понудувач, или врз одлуката на Работодавачот во врска со оваа тендерска постапка; или некој од неговите членови биле ангажирани како консултанти при подготовката на проектот или техничките спецификации за работите кои се предмет на понудата; или некој од неговите членови биле ангажирани (или треба да бидат ангажирани) од страна на Работодавачот или Заемопримачот како Менаџер/ка на проект за имплементација на договорот; треба да обезбедува стоки, работи, или неконсултантски услуги кои произлегуваат од или се директно поврзани со консултантските услуги за подготовка и имплементација на проектот наведен во ЛПП ИП 2.1 коишто ги обезбедил или биле обезбедени од страна на членови кој директно или индиректно ги контролира, се контролирани од или се под заедничка контрола со таа фирма; има блиски деловни или семејни односи со вработените лица на Заемопримачот (или на агенцијата за имплементација на проектот, или на корисник на дел од заемот), коишто: (i) се директно или индиректно вклучени во подготовката на тендерската документација или спецификаци...