Дефиниција на Конфликт на интереси

Конфликт на интереси. Осигурителниот брокер е должен да ги презентира на осигуреникот сите правни и економски односи кои ги има со одредено друштво за осигурување, кои можат да влијаат на објективноста на осигурителниот брокер при извршување на обврските спрема осигуреникот.
Конфликт на интереси. Секој настан кој влијае на способноста на кандидатот, подносителот на понуда, апликантот или изведувачот или корисникот на грантот да даде објективно или непристрасно професионално мислење, или го спречува, во кој било момент, да даде приоритет на интересите на Договорниот орган. Секој настан кој го компромитира непристрасното и објективно извршување на функциите или Договорниот орган или почитувањето на принципите на конкуренција, недискриминација или еднаков третман на кандидати/ подносители на понуда /апликанти во однос на постапката за доделување или договор. Секое разгледување во врска со можни договори во иднина или конфликт со други обврски, минати и сегашни, на кандидат, подносител на понуда, апликант или изведувач. Овие ограничувања се однесуваат и на сите подизведувачи и вработени на кандидатот, подносителот на понуда, апликантот или изведувачот. Времетраење, период на имплементација – Периодот од потпишувањето на договорот за финансирање или до завршувањето на сите проектни активности.

More Definitions of Конфликт на интереси

Конфликт на интереси. Сите управители, службени лица и вработени мора да избегнуваат активности кои се противречни, или се во конфликт со овие начела.
Конфликт на интереси настанува кога индивидуалниот приватен интерес на нашите управители, службени лица и вработени (или интересот на членовите на нивното семејство) доаѓа во судир или дури изгледа дека доаѓа во судир со интересот на Друштвото во целина. Конфликт на интереси може да произлезе кога управителите, службените лица или вработените или членовите на нивното семејство преземаат акции или имаат интереси кои може да предизвикаат тешкотии да ја вршат нивната работа објективно и ефикасно. Конфликт на интереси, исто така, произлегуваат кога управителите, службените лица или вработените добиваат нечесни лични поволности како резултат на нивната позиција во Друштвото. Конфликт на интереси често произлегува во следните ситуации и треба да се избегнува: