Common use of Посебни услови за засновање работен однос Clause in Contracts

Посебни услови за засновање работен однос. Посебните услови можат да се предвидат како услов за вработување само ако се неопходни за извршување на работите на одредено работно место. Како посебни услови за вработување можат да се предвидат, особено: посебната стручна подготовка, посебни знаења и способности за извршување на соодветни работи, работно искуство и други специфични услови утврдени за работното место во актот за систематизација на работодавачот. Во договорите за вработување, работодавачот не може да утврди посебни услови кои значат дискриминација на кандидатите по која било основа. За извршување на работите на работните места за кои како посебен услов не се бара стручна подготовка, или друг вид стручна способност, не може како посебен услов да се утврдува работното искуство.

Appears in 6 contracts

Samples: Collective Agreement, Collective Agreement, Collective Agreement

Посебни услови за засновање работен однос. Член 7 Посебните услови можат да се предвидат како услов за вработување само ако се неопходни за извршување на работите на одредено работно место. Како посебни услови за вработување можат да се предвидат, особено: посебната стручна подготовка, посебни знаења и способности за извршување на соодветни работи, работно искуство и други специфични услови утврдени за работното место во актот за систематизација на работодавачот. Во договорите за вработување, работодавачот не може да утврди посебни услови кои значат дискриминација на кандидатите по која било основа. За извршување на работите на работните места за кои како посебен услов не се бара стручна подготовка, или друг вид стручна способност, не може како посебен услов да се утврдува работното искуство.

Appears in 3 contracts

Samples: Collective Agreement, Collective Agreement, Collective Agreement