Права на претплатникот Примери за клаузули

Права на претплатникот. Да добива непречено, ефикасно и редовно користење на услугите на сите јавни комуникациски услуги што може да бидат користени на неговата терминална опрема што се соодветни на технолошкиот развој на капацитетите на Македонски Телеком. На преселување на приклучокот, односно комуникациската услуга во рамките на јавната комуникациска мрежа на друга адреса, во истото или во друго нумерациско подрачје на Македонски Телеком, со поднесување на писмено барање и писмен доказ за намирен долг, за што плаќа еднократен надоместок согласно со Ценовникот на Македонски Телеком. Да бара привремен прекин на обезбедување на комуникациските услуги (мирување), за период од 30 дена до три месеци, но не повеќе од еднаш годишно и за кое време не ја плаќа редовната месечна претплата, а за што плаќа еднократен надоместок согласно со Ценовникот на Македонски Телеком. Да бара во секој момент бесплатно, на едноставен начин и со користење на едноставни средства, Операторот да престане со обработка на податоците за сообраќај заради маркетинг на електронски комуникациски услуги или заради давање услуги со додадена вредност. Да бара во секој момент бесплатно, на едноставен начин и со користење на едноставни средства Операторот да престане да ги обработува личните податоци на претплатниците за директен маркетинг на производи и/или услуги. Претплатникот има право да се изјасни дали и кои од неговите лични податоци ќе бидат вклучени во единствениот телефонски именик и телефонската служба за информации. Претплатникот има право во секое време писмено или по електронски пат да побара дополнителни информации во врска со податоците кои за него Македонски Телекомги чува, обработува или користи согласно законските прописи во оваа област. Претплатникот исто така може во секое време бесплатно и со користење на едноставни средства, да ја повлече или ограничи претходно дадената согласност за обработка на неговите лични податоци и податоците за сообраќај заради маркетинг на производи и услуги на Македонски Телеком. Да го пренесе правото на користење на претплатничката линија, односно на комуникациската услуга, на друго лице, кое ги исполнува потребните услови за засновање на претплатнички однос, со писмена согласност од страна на Македонски Телеком и со претходно целосно намирување на сите обврски за реализираните комуникациски услуги кон Македонски Телеком. Новиот претплатник ќе продолжи да го користи постојниот телефонски приклучок со дефинирана нумерација и категорија на услуги. На достапност до служб...
Права на претплатникот. Претплатникот има право: Да ги добива непречено, ефикасно и редовно сите услуги што можат да бидат користени на неговата терминална опрема што се соодветни на технолошкиот развој на капацитетите на Операторот. Да бара привремени на обезбедувањето на услугите (мирување) на начин и постапка утврдена од страна на Операторот. Да го пренесе правото на користење на друго лице што сам ќе го одреди на начин и постапка утврдена од страна на Операторот, доколку тоа лице ги исполнува условите за користење. Да го задржи истиот повикувачки претплатнички број при промена на Оператор и/или мрежна завршна точка во исто географско нумерациско подрачје (географска преносливост) на начин и постапка утврдена во Правилникот за преносливост на броеви. На достапност до службата за грижа на корисници за каков било проблем или информација во врска со користењето на услугите. Да бара и да добие транспарентна, споредлива, целосна и ажурирана информација која се однесува на услугите што ги овозможува Операторот, како и за цените и тарифите за нивно користење. По претходно доставено барање до Операторот без надомест, да избере кои лични податоци нема да бидат достапни за јавноста. Да поднесе приговор против одлуките или активностите на Операторот во врска со пристапот до или обезбедувањето на услугите. Да му бидат вратени паричните средства во случаите утврдени во членот „Враќање на парични средства“.
Права на претплатникот. (став 20) 20) да му се овозможи активирањето, деактивирањето и користење на основни и дополнителни услуги, на негово барање, во согласност со член 15 од овој Правилник, при што операторот е должен да обезбеди системски доказ за активирањето/деактивирањето; Ист коментар како член 15. Доколку претплатник активира односно деактивира „основна“ услуга, тоа би значело дека истиот го раскинува договорот! За тоа има засебни членови до овој Правилник и ЗЕК. Со ова само сметаме дека дополнително ќе се искомплицира односот помеѓу Операторот и Претплатникот.

Related to Права на претплатникот

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.