Правила за пресметување и плаќање на финалниот варијабилен дел од ДОГОВОРНАТА ЦЕНА Примери за клаузули

Правила за пресметување и плаќање на финалниот варијабилен дел од ДОГОВОРНАТА ЦЕНА. 6.2.1 Завршна пресметка на варијабилниот дел од ДОГОВОРНАТА ЦЕНА Варијабилниот дел од ДОГОВОРНАТА ЦЕНА како што е дефинирано во член 2.1.2 од ДОГОВОРОТ повторно ќе биде усогласен после целосно извршување на ДОГОВОРОТ врз основа на стварните и финалните количини и обеми на делови од РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА испорачани како "Задолжителни количини" и кои биле ефектуирани од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ согласно ДОГОВОРОТ за ПОСТРОЈКИ И/ИЛИ ОПРЕМА. Финалното вреднување на таквите стварни колочини и обеми треба да се изврши како што е опишано подолу. Само рокот за плаќање кој се однесува на ПРЕЛИМИНАРНИОТ ПРИЕМ треба да се адптира и усогласи земајќи го предвид финалниот варијабилен дел од ДОГОВОРНАТА ЦЕНА како што е погоре наведено. 6.2.2 Проценка на стварните количини и обеми испорачани од ИЗВЕДУВАЧОТ ИЗВЕДУВАЧОТ е должен да и достави на КОМПАНИЈАТА рекапитуларен и детален документ во кој треба да се содржани следниве информации: - целосен и комплетен опис на деловите на РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА испорачани од ИЗВЕДУВАЧОТ како "Задолжителни количини", - пописна листа по позиции за стварните количини и/или обеми на споменатите делови од РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА кои ги испорачал ИЗВЕДУВАЧОТ вклучително и соодветни единечни цени, - износот кој веќе го платила КОМПАНИЈАТА согласно анекс 3 ("Рокови на плаќање"), - износ кој останува да го плати КОМПАНИЈАТА или да му се надомести на ИЗВЕДУВАЧОТ сопгасно ДОГОВОРОТ. Гореспоменатиот рекапитулирачки документ треба да биде: • потпишан од страна на овластен претставник на ИЗВЕДУВАЧОТ; • испратен истовремено на Раководителот на проектот и на Застапникот за набавки од КОМПАНИЈАТА (како што е наведено во член 9.1 од ДОГОВОРОТ), но најдоцна во рок од петнаесет (15) ДЕНА по датата на завршување на деловите од РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА испорачани од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ како "Задолжителни количини"; и • испорачани заедно со примероци од сите докази и документи (како што се записи за пресметка и ажурирани планови, фактури од под- изведувачи, примероци од цртежи на кои се наведуваат сите места на кои се однесуваат количините и обемите на сите делови од РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА кои треба да се испорачаат како "Задолжителни количини" согласно ДОГОВОРОТ кои ефектуирани односно испорачани од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ. 6.2.3 Контрадикторна изјава на ГРАДИЛИШТЕТО за време на изведувањето на РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА Ако некој дел од РАБОТИТЕ И/ИЛИ ОПРЕМАТА треба да се испорача од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ како "Задолжителни количини" согласно ДОГОВОРОТ не мо...

Related to Правила за пресметување и плаќање на финалниот варијабилен дел од ДОГОВОРНАТА ЦЕНА

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.

  • Разлики во цена (корекција на цени) 7.3.1 Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен понудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на Договорот со вклучен ДДВ. 7.5.2 Гаранцијата од точка 7.5.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат. 7.5.3 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот ќе биде со важност најмалку 1 (еден) месец по истекот на рокот за целосно реализирање на договорот. Договорниот орган по извршениот избор на најповолен понудувач дополнително го утврдува крајниот датум на важност на гаранцијата. 7.5.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот. 7.5.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка. 7.5.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот избраниот најповолен понудувач ја доставува во рок од 20 дена од добиеното известување за извршениот избор, а пред склучување на договорот. 7.5.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично во Царинската управа, Одделение за јавни набавки, ул. ,,Колекторска“ бб, Скопје. 7.5.8 Гаранцијата за квалитетно извршување на Договорот ќе биде наплатена доколку Носителот на набавката не исполни некоја од обврските од договорот за јавна набавка во рокот на стасаноста, за што писмено ќе го извести Носителот на набавката. Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, Носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд. 7.5.9 Доколку договорот за јавна набавка е целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на обврските по договорот. 7.5.10 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, Договорниот орган му ја враќа на Носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на Договорниот орган.

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да IV.1.2) Гаранција на понудата: Не IV.1.3) Изјава за сериозност: Да IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не IV.1.5) Авансно плаќање: Не IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ Кога една од договорните страни нема да ја исполни својата обврска, другата договорна страна има право да го раскине овој Договор со доставување на писмено известување во рок од 7 (седум) дена пред раскинувањето на договорот.

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти. 1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа и прописите кои ја регулираат материјата која е предмет на набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.