СТАНДАРДЕН СОФТВЕР Примери за клаузули

СТАНДАРДЕН СОФТВЕР. Значи било кој софтвер, програма и база на податоци сопственост на трето лице на датумот на потпишување на ДОГОВОРОТ и потребен или употребен за работа, следење, одржување на РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА или било кој дел од истите, како и сите работи кои се однесуваат на УСЛУГИТЕ и РАБОТИТЕ и ОПРЕМАТА ако ги има кои се потребни за извршување на УСЛУГИТЕ или било кој дел од истите.
СТАНДАРДЕН СОФТВЕР. На ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му се овозможи ако е потребно кога ДОГОВОРОТ се раскинува да му предаде на КУПУВАЧОТ било кој и сиот СТАНДАРДЕН СОФТВЕР без ограничување. Ако УСЛУГИТЕ и РАБОТИТЕ ОДНОСНО ОПРЕМАТА вклучуваат СТАНДАРДЕН СОФТВЕР целосно или делумно заштитен со ПРАВАТА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ, ИЗВЕДУВАЧОТ ќе му ја пренесе на КУПУВАЧОТ целината на правата кои се однесуваат на: - експлоатација, користење, репродукција без оглед какво е користењето и процесот, на сите постојни или идни поддршки (*); - претставување со сите средства и поддршки, вклучувајќи пренос преку мрежа Интернет/Интранет, публикација, едиција и дифузија (*), - адаптација, модификација, корекција, развој интеграција, транскрипција, превод и носење (*). (*) додека горе наведените права се за експлоатација, одржување односно користење на РАБОТИТЕ ОДНОСНО ОПРЕМАТА потребни за вршење на УСЛУГИТЕ или потребни за исполнување на барањата на КУПУВАЧОТ дефинирани воТЕХНИЧКИТЕ СПЕЦИФИКАЦИИ. Освен тоа, ИЗВЕДУВАЧОТ, по барање на КУПУВАЧОТ и без дополнителен трошок, ќе му ги достави на КУПУВАЧОТ сите информации и изворен код потребни за постигнување на интероперативноста на други програми со СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР. Во случај на неисполнување од страна на ИЗВЕДУВАЧОТ на неговите обврски, ИЗВЕДУВАЧОТ, на прво барање на КУПУВАЧОТ и без дополнителен трошок, ќе му го обезбеди на КУПУВАЧОТ изворниот код (како што е наведено погоре) на СТАНДАРДНИОТ СОФТВЕР и сета односна ДОКУМЕНТАЦИЈА. СТРАНКИТЕ разбираат и се договараат дека било кој пристап на изворниот код (и) не со ослободува ИЗВЕДУВАЧОТ од било која од неговите обврски и (ии) нема да пренесе било кои дополнителни ПРАВА НА ИНТЕЛЕКТУАЛНА СОПСТВЕНОСТ на КУПУВАЧОТ, кој е исклучиво е овластен да го користи изворниот код за УСЛУГИТЕ и експлоатација на РАБОТИТЕ ОДНОСНО ОПЕМАТА. Оваа лиценца на КУПУВАЧОТ:
СТАНДАРДЕН СОФТВЕР. (Ако има, да се внесе тука)

Related to СТАНДАРДЕН СОФТВЕР

  • ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ Прилог 1 – Образец на понуда Прилог 2 – Детален приказ на единечните цени по позиции и вкупната цена во Excel формат Прилог 3 – Изјава за сериозност на понудата Прилог 4 – Изјава за докажување на способноста Прилог 5 – Модел на договор за јавна набавка

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ [1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија. [2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.

  • Отворање на понудите 5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице. 5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите. 5.1.3 Овластените претставници на економските оператори на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на економскиот оператор. Сите овластени претставници на економските оператори, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист. 5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 10.06.2022 година, во 11:00 часот, во просториите на одделение за јавни набавки при ЈЗУ Општа болница - Куманово. 5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на економскиот оператор, при што се констатира дали понудите се доставени според тендерската документација и дали се електронски потпишани, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти и постоењето на гаранција на понудата. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите. 5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. 5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник од отворањето на понудите. 5.1.8 Записникот од јавното отворање на понудите по прикачувањето на ЕСЈН е достапен до понудувачите.

  • ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ Во овие услови употребените изрази го имаат следното значење:

  • Клучен персонал Понудувачот мора да прикаже дека ќе има соодветно квалификуван (и во соодветен број) Клучен персонал, како што е прикажано во табелата подолу, кои се потребни за изведба на Договорот. Понудувачот ќе обезбеди детали за клучниот персонал и другите клучни лица кои Понудувачот смета дека се соодветни, заедно со нивните академски квалификации и работно искуство. Понудувачот ќе ги пополни релевантните обрасци дадени во Поглавје IV, Обрасци на понудата. Изведувачот ќе побара согласност од Работодавачот доколку треба да направи замена на клучниот персонал (Посебни услови на договорот 9.1).

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.