Common use of Право на жалба (член 138 од Законот за јавните набавки) Clause in Contracts

Право на жалба (член 138 од Законот за јавните набавки). Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН. Согласно член 143 од Законот за јавните набавки кај отворената постапка, жалба се изјавува во рок од 10 (десет) дена, од денот на: објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација; објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации; отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката. Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.

Appears in 5 contracts

Samples: Tender Documentation, Tender Documentation, Tender Documentation