ПРОМЕНИ НА УСЛОВИТЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР ОД СТРАНА НА Т-МОБИЛЕ МК Примери за клаузули

ПРОМЕНИ НА УСЛОВИТЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР ОД СТРАНА НА Т-МОБИЛЕ МК. 1. Македонски Телеком АД - Скопје има право да ги менува условите утврдени со претплатничкиот договор, со претходно доставено известување до претплатникот. Македонски Телеком АД - Скопје ќе му го достави известувањето за направените измени на претплатникот во рок од најмалку 30 дена пред воведувањето на измените. Доколку во рок од 30 дена од приемот на известувањето писмено не го извести Македонски Телеком АД - Скопје дека го раскинува договорот, се смета дека претплатникот се согласил со промената на условите на договорот. Непримањето на ваквото известување не ги ослободува претплатниците од плаќање на пристигнатите и неплатени обврски или исполнување на договорените обврски пристигнати пред извршените измени во условите наведени во претплатничкиот договор. Промената на условите во стандардниот претплатнички договор предизвикани од акт на јавната власт нема да се сметаат како промени извршени од Македонски Телеком АД - Скопје и таквите промени нема да претставуваат оправдана основа за еднострано раскинување од страна на претплатникот (пр: поради промена на цените на услугите на Македонски Телеком АД - Скопје како резултат на законска промена на висината на ДДВ за електронските комуникациски услуги, промена на условите за давање на електронски комуникациски услуги наметнати од законски или подзаконски акт итн.). 1. Услугите кои ги дава Македонски Телеком АД - Скопје можат да бидат прекинати поради дејство на виша сила. 2. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на Македонски Телеком АД - Скопје, чие настапување не можело да се предвиди ниту да се спречи и поради кој исполнувањето на обврските по договорот станало отежнато или невозможно, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: природни настани, општествени настани (штрајк, немири, војни), акти на јавната власт, нарушувања во функционирањето на системот. 3. Македонски Телеком АД - Скопје не сноси никаква одговорност кон претплатникот, поради прекин на неговите услуги, предизвикан од настан на виша сила.

Related to ПРОМЕНИ НА УСЛОВИТЕ НА ПРЕТПЛАТНИЧКИОТ ДОГОВОР ОД СТРАНА НА Т-МОБИЛЕ МК

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи. 4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси. 1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен. 1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка. 1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица. 1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Цена на понудата 3.6.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари или во евра.