Рок и место на извршување Примери за клаузули

Рок и место на извршување. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги изврши услугите и да ја достави стоката која е предмет на Договорот според описот наведен во техничката спецификација од тендерската документација на следнава локација: Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски‘‘, број 13, 1000 Скопје. Носителот на набавката е должен да ја реализира набавката во период од 4 месеци од потпишување на договорот.
Рок и место на извршување. 7.2.1.Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата предмет на договорот на локацијата согласно потребите на договорниот орган.
Рок и место на извршување. 7.2.1 Носителот на набавката е должен најдоцна во рок од 90 (деведесет) дена од денот на потпишувањето на договорот целосно да ги испорача договорените возила согласно бараното во техничката спецификација и прифатената понуда, во Скопје во објект на Царинската Управа. За извршената испорака двете договорни страни потпишуваат документ - испратница и/или записник. Исто така за возилата предмет на испорака се врши квалитативен прием за што се составува записник потпишан од двете договорни страни. При испораката на возилата, понудувачот е должен да достави: − Потврда за сообразност со која потврдува дека возилата се сообразени со сите регулативни акти во моментот на нивното пуштање на пазар во нашата земја, − Упатство за употреба на возилата, − Сервисна книшка за редовно сервисирање на возилото, и − Гаранција за возилото.
Рок и место на извршување. 7.2.1 Економскиот оператор го дефинира рокот на плаќање во својата понуда. Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата предмет на договорот на локацијата согласно потребите на договорниот орган.
Рок и место на извршување. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите- предмет Договорот според описот наведен во техничката спецификација од тендерската документација и на следнава локација: Царинска управа на Република Македонија, ул.,,Лазар Личеноски‘‘, број 13, 1000 Скопје. Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите во временски период од 12 месеци, со цел обезбедување продолжување на нормалната работа на Инегрираниот информационен систем (ИИС), и тоа: - Превентивното одржување на ИИС системот и неговите компоненти треба да се извршува задолжително еднаш неделно но може и повеќе пати ако има потреба во решавање на некој проблем, во редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот (понеделник до петок), освен за време на национални празници или неработните денови во Република Македонија.
Рок и место на извршување. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да го извршува предметот на договорот во временски период од 24 (дваесет) месеци, согласно наведеното во техничката спецификација од тендерската документација, за секој Дел пооделно.
Рок и место на извршување. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да го прими возилото веднаш по пријавувањето во најблискиот сервисен центар, што го пријавил носителот на набавката за одреден регион во државата и да ги изврши услугите кои се предмет на Договорот според описот наведен во техничката спецификација од тендерската документација. Носителот на набавката се обврзува по пристигнувањето на службеното возилото сопственост на Договорниот орган во сервисниот центар, веднаш да пристапи кон дијагностицирање на дефектите на основ на проблеми кои ги забележал Договорниот орган и да отвори работен налог за предвидените поправки, кој треба да биде оверен од страна на Договорниот орган пред да започне поправката. Во работниот налог задолжително се забележуваат по- датоци за возилото, часот на пристигнувањето на возилото во сервисниот центар и податоци за овластеното лице на Договорниот орган кое го однело возилото во сервисниот центар на Носител на набавката. Носителот на набавката се обврзува да ја изврши услугата согласно спецификација за цени на резервните делови и цени на работната рака за извршување на услугата составен дел на овој Договор, пропишаниот начин за поправка и сервисирање од производителот на моторното возило. Носител на набавката е должен да ги изврши сите поправки внесени во единствениот работниот налог и да го стави на располагање на лицето од Договорниот орган службеното возило во исправна состојба во рок не подолг од 72 часа од приемот на возилото во сервисниот центар и секој заменет дел да го врати на Договорниот орган заедно со работниот налог за извршена услуга . Доколку Носителот на набавката не може да го отстрани дефектот во рок од 72 часа, должен е да го извести назначеното лице од страна на Договорниот орган кој може да му одобри дополнителен рок за отстранување на дефектот доколку постојат оправдани причини за истото. Доколку и во дополнително дадениот рок Носителот на набавката не го отстрани дефектот или не ја изврши услугата, или не ја изврши поправката во редовниот рок, а не побарал дополнителен рок, Договорниот орган има право да побара интервенција од друг економски оператор на сметка на Носителот на набавката. Носителот на набавката го задржува правото за деловите и услугите кои не се предвидени во спецификацијата од тендерската документација да побара дополнителни понуди за истите делови од други економски оператори

Related to Рок и место на извршување

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Право на учество 1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е часот. година, во

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Гаранција на понудата:Не

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти.

  • Правна заштита 6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки. Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.

  • Исправка на аритметички грешки 5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин: - ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови, - ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .