Работно време Примери за клаузули

Работно време. Член 98 Работното време не може да изнесува повеќе од 40 часа неделно. Работната недела по правило трае 5 работни дена. Со колективен договор на ниво на работодавач согласно со закон може да се утврди пократко неделно работно време од 40 часа. Со одлука од претходниот став се утврдуваат условите и деловите од работниот процес на работодавачот за кои се скратува работното време. Работното време од став 3 на овој член се смета за полно работно време. Член 99 На работникот кој работи на особено тешки, напорни и работи штетни по здравје, кои штетно влијаат врз неговото здравје односно работната способност не може во целост да се отстрани или да се попречи со примена на заштитни мерки, работното време му се скратува сразмерно со штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност во согласност со закон и колективен договор. Со колективен договор на ниво на работодавач се утврдуваат условите за работа потешки од нормалните за одделни работни места кај работодавачот. Елементи за потешки услови за работа кои задолжително мора да се земат предвид се следниве: − влијание на околината (клима, врева, вибрации, зрачење, влага, штетни гасови, биолошки влијанија и др); − физички и психички оптоварувања (оптоварување на сетилата, тешки физички напори со можни последици за здравјето, работа со нечисти материи и др); − опасност по здравјето и животот на работното место (опасност од алатите или предметите на трудот, од транспортните средства и средствата на јавниот сообраќај, опасности од паѓање, електрична струја, од затрупување, експлозија, жешки и вжарени предмети или материи, нагризувачки материјали и др.). Член 100 Кога тоа го бара природата на дејноста односно работата и работните задачи и организацијата на работата, подобро користење на средствата за работа, порационалното користење на работното време и извршување на определени работи и задачи со утврдени рокови, одржување и ремонт, изготвување на пресметки и анализи, спазување на одредени рокови во интерес на работодавачот, овластениот работник му предлага на работоводниот орган да донесе одлука за прераспределба на работното време. Прераспределбата на работното време се врши така што во определени временски периоди во текот на годината биде подолго од осум часа дневно, а во останатиот период пократко од осум часа дневно, со тоа што вкупното работно време на работникот во просек да не биде подолго од 40 часа во работната недела во текот на годината, а да се обезбеди соодветен одмор на работникот помеѓу...
Работно време. Работното време е дефинирано во Терминскиот план за прием на налози во кое се дадени термините до кога може да се испрати налог со тековен датум и тоа согласно поединечен тип на реализација на налозите (КИБС, МИПС и интерен налог). После истекување на дадените термини во тековниот ден може да се доставуваат налози со иден датум.
Работно време. Работното време на работниците во Министерството изнесува 40 часа во работна недела (полно работно време).
Работно време. Работното време на работниците во Министерството изнесува 40 часа во работна недела (полно работно време). Во Министерството може да се воведе работно време пократко од 40 часа во работната недела со акт на министерот, во случаите и под услови утврдени со Законот за работни односи. Работното време на летечкиот персонал во Министерството изнесува 37 часа во работната недела. Правата на работниците од ставовите 2 и 3 на овој член се изедначени со правата на работниците кои работат 40 часа во работната недела.
Работно време. Член 24 Работното време на работникот изнесува 40 часа во работната недела (полно работно време). Работодавачот може да воведе работно време пократко од 40 часа во работната недела во случаите и под условите утврдени со Закон за работни односи (скратено работно време), но не помалку од 36 часа неделно. Со Колективен договор на ниво на работодавач ќе се одредат случаите кога може работното време да биде пократко од 40 часа неделно, а ќе се смета за полно работно време. Член 25 На работникот кој работи во особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи, а чие штетно влијание врз неговото здравје односно работната способност не може во целост да се отстрани со заштитни мерки, работното време му се скратува сразмерно на штетното влијание врз неговото здравје, односно работна способност, но не пократко од 30 часа во работната недела. Како особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи се сметаат: јонизирачки зрачења, работа со болни од заразни болести и со заразни материјали, работа на хируршки интервенции во операциони сали, работа во психијатријата, работа со лица со најтешки пречки во психофизичкиот развој, работа во судска медицина и патолошка анатомија. Одобрение за работа со скратено работно време за работите од став 2 на овој член дава орган на државната управа надлежен за работи во областа здравството, по претходно прибавено мислење од органот на медицина на трудот и мислење на репрезентативниот синдикат. Работното време од став еден од овој член се смета како полно работно време. Член 26 Работодавачот со општ акт може да утврди работно време пократко од полното работно време за извршување на секојдневни работи од помал обем или за работи кога потребата или природата на работата тоа го бара. Работникот кој засновал работен однос во смисла на став 1 на овој член има право и обврски од работниот однос кои ги остварува во обем зависно од должината на работата и резултатите од трудот. Член 27 Работното време на работникот може да трае подолго од 40 часа во работната недела (прекувремена работа), но не подолго од 10 часа неделно, а најмногу 190 часа годишно, во случаите утврдени со одредбите од член 117 став 1 од Законот за работни односи. Одлука за работа подолга од полното работно време донесува работодавачот или работникот кого тој ќе го овласти. Член 28 Работодавачот може да воведе дежурства заради обезбедување на континуирана здравствена заштита во случаите кога не е во состојба, односно кога не постојат услови за обезбедување на континуирана з...
Работно време. За сите работници се утврдува работно време од максимум 35 часа работа неделно, со тоа што работната седмица по правило се распределува на пет работни денови.
Работно време. Член 66 Почетокот, распоредот и завршетокот на работното време, го утврдува работодавачот, односно работоводниот орган во согласност со закон. Почетокот, завршетокот и распоредот на работното време во рамките на вкупното годишно работно време го определува работодавачот во зависност од планот за работа и процесот на работата. Полното работно време не смее да биде подолго од 40 часа неделно. Работната недела по правило трае пет работни дена, освен во случитекога работодавачот врши прерасподелба на работното време согласно член 124 од ЗРО. Со колективен договор на ниво на работодавач се утврдуваат исклучително тешките услови на работното место според кои работното време пократко од 40 часа неделно, ќе се смета за полно работно време, но не пократко од 36 часа неделно. За работните места кај кои постои поголема опасност од повреди или здравствени оштетувања, со колективен договор на ниво на работодавач, полното работно време може да трае помалку од 36 часа неделно.
Работно време. Работното време на работникот изнесува 40 часа во работната недела (полно работно време).
Работно време. Член 73 Работното време не може да изнесува повеќе од 40 часа неделно. Работната недела трае по правило 5 работни дена. Со колективен договор на ниво на работодавач согласно закон може да се утврди пократко неделно работно време од 40 часа. Со одлука од претходниот став се утврдуваат условите и деловите од работниот процесс на работодавачот за кои се скратува работното време. Работното време од став 3 на овој член се смета за полно работно време.
Работно време. Работното време на работникот изнесува 40 часа неделно. Работното време утврдено во став 1 на овој член, заради природата на работата, за воспитувачот и негователот, се прераспределува на работно време поминато со децата и останато работно време за други програмски активности. Работното време поминато со децата, како дел од вкупните програмски активности во рамки на полното работно време од ставот 1 на овој член, за воспитувачот изнесува 30 часа неделно, а за негувателот 35 часа во неделата.