Рок на испорака Примери за клаузули

Рок на испорака. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 30 дена од денот на потпишување на договорот. Рокот на испорака е задолжителен. Секоја понуда која содржи рок на испорака поинаков од тој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
Рок на испорака. Рокот на испорака, со демонтажа на постоечката опрема, монтажа и пуштање во работа, изнесува максимум 90 дена, по претходна писмена порачка, а по потпишување на Договорот со избраниот најповолен понудувач. Понудата која има подолг рок на испорака од максимално определениот договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите. Понудувачот може да понуди и пократок рок на испорака, но истиот нема да биде елемент на критериумот за бодирање.
Рок на испорака. Рокот на испорака на предметот на набавка (гас хлор во втечнета состојба, во челични боци) – најдоцна во рок од 5 (пет) календарски денови по доставата на празни боци. Понудата која има подолг рок на испорака од максимално определениот договорниот орган ја отфрла како понуда што не одговара на условите. Понудувачот може да понуди и пократок рок на испорака, но истиот нема да биде елемент на критериумот бодирање.
Рок на испорака. Понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на Комисија формирана од Комората на извршители на РМ, ќе има обврска услугите да ги испорачува од 01.01.2017 година
Рок на испорака. Избраниот економски оператор треба да ги испорача Студијата за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија и Националната стратегија за заштита на природата во рок од 12 месеци од потпишување на договорот.
Рок на испорака. Понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на Комисија формирана од Комората на извршители на РМ, ќе има обврска предметот на Договорот, да го испорача во рок од 2 месеци, сметано од денот на склучувањето на Договорот, и ќе има обврска да го достави изворниот код за понатамошно доградување на апликацијата и документацијата (скриптите) за креирање на структурата на базата на податоци до нарачателот на услугата односно Договорниот орган.
Рок на испорака. Носителот на набавката е должен да го испорачува предметот на договорот во рок од 1 (една) година од денот на склучување на договорот за јавна набавка, преку сукцесивни испораки во рок од 5(пет) дена од доставено барање од договорниот орган.
Рок на испорака. Понудувачот чија понуда ќе биде избрана од страна на Комисија формирана од Комората на извршители на РМ, ќе има обврска предметот на договорот да го стави на располагање на Комората од 01.01.2017 година

Related to Рок на испорака

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • Предмет на договорот за јавна набавка 1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга за одржување на опрема - принтери, скенери и телефонски централи. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничката спецификација во прилог на оваа тендерската документација и истата е составен дел на тендерската документација.

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.

  • СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА IV.1) Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.