Common use of Тарифни модели Clause in Contracts

Тарифни модели. Со склучување претплатнички договор, претплатникот добива право на користење на услугите што ги обезбедува Македонски Телеком согласно со тарифниот модел/пакет што го избрал претплатникот. Претплатникот може да бара промена на тарифниот модел, но најмногу еднаш месечно, за што плаќа надомест согласно Ценовникот на Македонски Телеком. Претплатникот самостојно и по сопствена волја го избира саканиот тарифен модел, согласно овие Општи услови и важечкиот Ценовник на Македонски Телеком. Тарифните модели што ги нуди Македонски Телеком им се достапни на претплатниците физички и правни лица. Карактеристиките на секој тарифен модел и можните комбинации меѓу тарифните опции се утврдени во важечкиот Ценовник на Македонски Телеком.

Appears in 4 contracts

Samples: www.telekom.mk, www.telekom.mk, www.telekom.mk