УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО ЗА ПРАВНИ ЛИЦА Примери за клаузули

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО ЗА ПРАВНИ ЛИЦА. За користење на услугите на Електронско Банкарство Корисникот треба да има отворено платежна сметка во Банката. Банката го одобрува користењето на услугите на електронското банкарство врз основа на следните уредно пополнети и потпишани документи: - Рамковен договор за платежна сметка и платежни услуги - Барање за платежна сметка и платежни услуги, - Образец за примопредавање на дигитален сертификат и токен, - Формулар за регистрација за квалификуван сертификат (документот го издава КИБС), - Претплатнички договор за квалификуван сертификат (документот го издава КИБС). Со наведените документи, Xxxxxxxxxx се определува да користи една или повеќе услуги од Електронското банкарство, ги именува Овластените лица и го дефинира обемот и начинот на кој тие ќе ги извршуваат работите од Електронското банкарство во негово име и за негова сметка. Секоја измена, додавање или бришење на Овластено лице или менување на обемот и начинот на кој Овластените лица ќе ги извршуваат работите од Електронско банкарство се врши исклучиво преку достава на Барање за платежна сметка и платежни услуги, потпишана од страна на Управителот на правното лице, во која се наведуваат и направените измени, а врз основа на која Банката ќе ги направи соодветните измени во систем. Банката има право да го одбие барањето на Корисникот за користење на услугите на Електронското Банкарство, без да ги наведе причините за својата одлука. Банката може привремено или трајно да го отстрани секој Корисник на Електронско Банкарство, доколку: 1. Кај Корисникот е воведена постапка за ликвидација или стечај; 2. Корисникот ги прекрши прописите на Општите правила за Електронско Банкарство; 3. Корисникот предизвикува сериозни проблеми во работењето на Електронското Банкарство и со тоа претставува сериозен ризик за системот. По обработката на документите и потпишувањето на Договорот, секое овластено лице од страна на Корисникот, кое се здобило со право на користење на Системот за електронско банкарство, со пристап за извршување трансакции преку Електронското банкарство добива: - Медиум за чување на дигиталниот сертификат доколку не поседува сопствен и/или - Корисничко име и PIN (личен број) за веб клиенти. Секое овластено лице од страна на Корисникот, кој се здобил со право на користење на Системот за Електронско банкарство, со пристап за следење на состојба, промени и изводи на сметките и производите во Банката добива: - Медиум за чување на дигиталниот сертификат доколку не поседува сопствен и/или. Корисничко име и P...

Related to УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО БАНКАРСТВО ЗА ПРАВНИ ЛИЦА

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА [меморандум на понудувачот]

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Склучување на договорот за јавна набавка 6.4.1 Договорниот орган ќе го достави Договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување. 6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише Договорот за јавна набавка и истиот да му го врати на Договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање на Договорот. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од Договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на Договорниот орган. 6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише Договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на Договорот и да ја објави негативната референца.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик. 4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик. 4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) . 4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација. 4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот:

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.