Услови за започнување на користење на Електронско Банкарство Примери за клаузули

Услови за започнување на користење на Електронско Банкарство. Сите клиенти на Банката кои сакаат да бидат корисници на Електронско Банкарство потребно е да ги исполнуваат следниве предуслови: - Да имаат отворено платежна сметка во Банката; - Корисникот да е солвентен и да не е блокиран; - Да не е покрената стечајна или судска постапка против Xxxxxxxxxx; - Да поднесат пополнета Барање за платежна сметка и платежни услугиво експозитурите на Банката; преку формата за онлајн аплицирање за Електронско Банкарство за физички лица; или преку онлајн формата за аплицирање за Мобилно банкарство во апликацијата Електронско банкарство за физички лица; - Да одберат еден од пакетите за Електронско Банкарство кои ги нуди Банката; - Да имаат пристап до Интернет и да поседуваат важечка e-mail адреса; - Постоечки корисник на Електронско банкарство за физички лица кој има можност за плаќање (Мобилен токен или дигитален сертификат) и онлајн аплицира за користење на Мобилно банкарство – ова важи исклучиво само за апликација и активација на апликацијата Мобилно банкарство.
Услови за започнување на користење на Електронско Банкарство. Сите клиенти на Банката кои сакаат да бидат корисници на Електронско Банкарство потребно е да ги исполнуваат следниве предуслови: - Да имаат отворено трансакциска сметка во Банката; - Корисникот да е солвентен и да не е блокиран; - Да не е покрената стечајна или судска постапка против Xxxxxxxxxx; - Да поднесат пополнета Пристапница за Електронско Банкарство во експозитурите на Банката или преку формата за онлајн аплицирање за Електронско Банкарство за физички лица; - Да одберат еден од пакетите за Електронско Банкарство кои ги нуди Банката; - Да имаат пристап до Интернет и да поседуваат Важечка e-mail адреса

Related to Услови за започнување на користење на Електронско Банкарство

  • Доделување на договорот за јавна набавка 6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор кој понудил најниска цена во текот на негативното наддавање.

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка 1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Критериум за доделување на договорот за јавна набавка 1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Со оглед на тоа дека конкретнава постапка завршува со спроведување на електронска аукција нема да се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.