ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ Примери за клаузули

ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ. Целта на Проектот е да ја доврши железничката врска помеѓу Македонија и Бугарија, како дел од обврските на Република Македонија во развојот на Паневропскиот коридор VIII. Се очекува Проектот значително да влијае врз социо‐економскиот развој во североисточниот регион на Македонија, во Македонија и во Југоисточна Европа, резултирајќи со одржливи придобивки за населението, бизнисот и економиите во овие области. Конкретните цели на проектот вклучуваат: • Намалување на времето на патување меѓу Скопје и Софија со железница за околу 1 час во однос на сегашното време на патување; • Намалување на времето на регионално патување меѓу Куманово и Крива Паланка со железница за приближно 35 минути од сегашното време на патување од приближно 50 минути со патен сообраќај; • Кратење на железничката врска помеѓу Македонија и Црно море за приближно 200 km; • Кратење на железничката врска помеѓу Македонија и Истанбул за приближно 150 km; и • Зголемување на капацитетот за превоз на товар со тоа што ќе се добие капацитет за минување до 10 товарни возови во секоја насока, што е еквивалентно на 400 патни камиони. Очекуваните придобивки на проектот вклучуваат: • Обезбедување на дел од транснационалниот пат кој ги поврзува Медитеранската/Јадранската транспортна област со транспортната област на Црно море; • Олеснување и развој на размената меѓу Бугарија, Македонија и Албанија; • Поврзување на Коридорот ТRACECA1; • Подобра поврзаност со регионалната област на зафаќање на Коридорот VIII со главните јужни италијански пристаништа и оваа област; • Обезбедување директен железнички пат меѓу Македонија и Бугарија, избегнувајќи ја потребата за минување преку Србија и олеснување на размената со Бугарија; • Создавање алтернативен железнички пристап за Македонија до пристаништата во Бугарија и Албанија и обезбедување алтернативна рута за патување меѓу Македонија и Солун; • Подобрување на пристапноста на североисточниот регион до другите региони во Македонија за товар и патници; и • Подобрување на патничките железнички услуги долж делницата на Проектот и до/од дестинации како Скопје и други региони во Македонија и Бугарија.
ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ. Истражување на потребите на старите лица, со цел предлагање форми за социјална заштита, кои ќе нудат услуги соодветни на нивните потреби.

Related to ЦЕЛ НА ПРОЕКТОТ

  • Цена на понудата 4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.

  • Валута на понудата 4.4.1. Цената на понудата се изразува во денари.

  • Јазик на понудата 4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Спречување на судир на интереси 1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.

  • Применливи прописи 1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17, како и донесените подзаконски акти.

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • Алтернативни понуди 4.11.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.