Contract
БЕЛОВСКИ Војо УДК: 349.22 – 057.23
349.22:331.314
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СО ПРИПРАВНИЦИ, ПРОБНА РАБОТА, ВОЛОНТЕРСТВО И ВОЛОНТЕРСКИ СТАЖ
Апстракт: Во овој труд се анализираат моделите на ангажирање на работниците во работниот процес кај работодавачите преку формите на договорите за вработување и нивната содржина т.н. договор за вработување со приправник, договор за вработување со пробна работа и договор за волонтерски стаж. Дадени се примери на образци на наведените договори за вработување како урнек за нивна практична примена. За да се отстранат евентуални заблуди, објаснета е разликта помеѓу приправничкиот стаж, волонтерскиот стааж и волонтерството и пробната рабтота.
Овој труд е корисен за сите правници на кои ова област им е потесна специјалност, за студентите, а посебно за работодавачите при ангажирањето на нови работници како можност за избор на поквалитетни и постручни кадри, кои се регрутираат преку формите на договорот за вработување на приправници и договорот за пробна работа. Стекнатото образование е само предуслов за квалитетно и стручно извршување на работние задачи, а преку приправничкиот стаж се постигнува вистинско оспособување за самостојно извршување на работните задачи за работното место за кое кандидатот се подготвува. Таа е неопходна образовна подлога, но знаењето, вештината и способноста за успешно извршување на работата во струката се стекнува со практична работа. Предноста на пробната работа е во тоа што, ако работникот не задоволува, работодавачот не е во обврска да склучи договор за вработување и има можност да провери и изврќи избор од другу кандидати. Работникот условно заснова работен однос. Доколку работникот ги исполнува условите на работата, ќе остане во работен однос. Волонтерскиот стаж, како посебен услов за плагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласност со посебен закон, треба да се врши со склучување на договор за волонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот.
Клучни зборови: разлики, избор, работни задачи, способност, стручност, рокови
BELOVSKI Vojo
EMPLOYMENT AGREEMENT WITH APPRENTICES, TEST WORK, VOLUNTEERING AND VOLUNTEER EXPERIENCE
Abstract: The purpose of this article is to analyze the patterns of hiring apprentices in the working process with employers through the forms of employment agreements and their content in the so called “employment agreement with apprentice” employment agreement with probation period and a agreement for volunteer service. Also there are examples of these agreements of employment as a template for their practical application. In order to remove any misconceptions, we explain the difference between the internship, volunteering and volunteerism and test work.
This paper is useful for all lawyers, for students and especially for employers when hiring new employees as a choice of better quality and more skilled staff who are recruited through the forms of the employment of apprentices and agreement on probation. Education is only a precondition for professional performance of tasks, and through apprenticeship one achieves genuine qualification for independent execution of the tasks of the job for which the candidate is getting ready. The educational background is more than necessary, but the knowledge, skill and ability to successfully carry out the work in the profession is acquired trough practical work. The advantage of probation is that, if the employee is not working well, the employer is not required to sign an employment agreement and has the opportunity to check and make selection of other candidates. The agreement with the apprentices is probational. If the employee meets the requirements of the work then he or she will remain employed. The voluntary service is a special type of service that has to be completed in order to fulfill the requerments to take the exam or to independently perform activities in accordance with a special law. This service is provided by concluding an agreement for voluntary service, between the employer and the volunteer.
Keywords: differences, choice, tasks, capability, expertise, deadlines
I. Договор за вработување со приправници (приправнички работен однос)
Договор за вработување со приправник се склучува со лице:
⮚ кое за прв пат започнува да врши работа (се вработува, заснова работен однос како приправник);
⮚ работата ја врши соодветно на видот и степенот на своето стручно образование;
⮚ договорот за вработување со (како) приправник се склучува заради оспособување за самостојно вршење на работата во работниот однос, работи од својата струка.1
1 Види член 56 став 1 од ЗРО.
Во ставот 2 од истиот член законодавачот го реглира и статусот на чиракот.
,,Xxxxxxx кој успешно ја завршил програмата на професионално оспособување е
Не е доволно да се каже: приправник е лице кое прв пат засновува работен однос. Се работи за лице кое прв пат започнува да врши работа соодветна на видот и степенот на своето стручно образование. Приправниците се, по правило, млади школувани луѓе, кои по завршувањето на школувањето треба да се оспособат (подготват) за самостојна работа во струката. Но, приправник може да биде и повозрасно лице, ако стекне школска спрема за занимање со кое порано не се занимавал. И нему, како и на помладиот човек му е потребно да се оспособи за работа во новата струка, бидејки, за него тоа е прво вработување во струката за која стекнал школска спрема. Суштината на приправничкиот стаж е оспособување на лице кое се стекнало со школска спрема, за самостојна работа во струката. Школската спрема не е доволна. Таа е неопходна образовна подлога, но знаењето, вештината и способноста за успешно извршување на работата во струката се стекнува со практична работа. На пример, некое лице е во работен однос со средна стручна спрема. За време на работниот век, подоцна, тоа лице се стекне со висока школска спрема (заврши правен факултет или друг) и тоа лице, иако има работен стаж, нема потребно работно искуство за самостојно вршење на работата од работниот однос за соодветната струка со високо образование. Тоа лице мора (треба) да помине низ приправничкиот стаж за да се оспособи за самостојно вршење на работата.
Времето потребно за оспособување, значи, е приправничкиот стаж, кој не може да трае повеќе од една година. Припраничкиот стаж може сразмерно да се продолжи, ако приправникот работи со пократко работно време од полното работно времe, но најмногу за шест месеци.
Траењето на приправничкиот стаж може да се продолжи за времето на оправданото отсуство од работа, кое трае подолго од 20 дена, освен за време на годишниот одмор.
Траењето на проправничкиот стаж може и да се скрати на предлог на одговорното лице, но најмногу до една третина од првобитно определеното време.2
Ако приправничкиот стаж е успешен, работодавачот по престанокот на приправничкиот работен однос може со истото лице да заснова редовен работен однос. Тоа, по правило, работодавачот и го прави, бидејки има потреба за нов работник (да нема, не би го вршел оспособувањето на приправникот). Но, да сме на јасно, работодавачот нема обврска оспособениот приправник да го прими во работен однос. Може да се определи за оспособување на нов приправник, во потрага за подобар, поспособен, понадарен работник. На поранешниот приправник, ќе му престане работниот однос, но со стажирањето
оспособен за самостојно вршење на работата во работниот однос, соодветно на неговото професионално оспособување.
2 Член 57,ЗРО. ,,Траење на приправничкиот стаж“.
веќе е оспособен за работа и го исполнил условот да се вработи (некаде на друго место) како работник во струката, а не приправник.
Според Законот за работните односи, „со закон, друг пропис или колективен договор на ниво на дејност се одредува траењето и текот на вршењето на приправничкиот стаж, како и програмата и начинот на следење и оценување на приправничкиот стаж“. Според член 10 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на РМ „начинот на организирање и спроведување на припраничкиот стаж се уредува со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач, доколку со закон не е поинаку решено“.
Со посебен колективен договор на ниво на гранка одосно оддел ова прашање, обично се (е) регулира на следниот начин.
Приправничкиот стаж се утврдува во различно времетраење, врз основа на степенот на образование, доколку со друг закон не е поинаку решено:
- за работите од IV и V група на сложеност, најмногу 3, 4, 5, или 6 месеци;
- за работите од VI до IX група на сложеност, најмногу 6, 9 до 12 месеци.
Приправничкиот стаж се изведува според програма која ја подготвува работодавачот. Менторот кој ја спроведува програмата мора да има најмалку еднаков степен на стручно образование како и приправникот и 3 години работно искуство.
Во договорот за вработување на приправникот се утврдува начинот на извршување на приправничкиот стаж.
Приправничкиот стаж може, врз основа на предлог на менторот да се скрати, но не помалку од една половина од првобитно утврденото траење на приправничкиот стаж.3
Приправничкиот испит содржи оценување на знаењето на струката и на работното подрачје за кое приправникот се оспособува. Комисијата за приправнички испит е составена од најмалку три члена кои имаат најмалку еднаков степен на стручно образованите како и приправникот и три години работно искуство. Менторот учествува во работата на Комисијата, но не е нејзин член.
Приправникот го полага приправничкиот испит најдоцна до истекот на приправничкиот стаж. Доколку не го положи приправничкиот испит има право повторно да полага во рок кој не смее да биде помал од 15 дена, а не подолг од 45 дена. Доколку приправникот и по втор пат не го положи
3 Законот за работните односи вели „но најмногу до една третина од првобитно определеното траење“. Значи, некои колективни договори на ниво на дејност тоа прашање го регулираат поповолно за приправникот, отколку што го определува Законот. Се користи членот 12, ставот 3 од ЗРО..
приправничкиот испит му престанува работниот однос на денот кога не го положил испитот.
Од последната реченица произлегува заклучок дека потписниците на гранскиот колективен договор се одлучиле на приправникот кој го положил приправничкиот испит да не му престане работниот однос, туку работодавачот да го задржи на работа и со него да склучи нов договор за вработување, сега (не како договор за вработување како приправник, кој престанал да важи) како работник на определено или неопределено време.
Истакнавме дека, приправништвото, како услов за работа, може да биде одредено со закон, колективен договор или правилник за организација и систематизација. Со закон е одредено, на пример: за адвокатски приправник,4 лекари, стоматолози, фармацевти, вработените во органите на државната управа и слично. Со правилникот за организација и систематизација, обично, приправништвото се одредува за посложени работи, а тие се идентификуваат по критериумот на стручната спрема. Порано, приправништвото беше услов за работа за сите лица со висока, виша или средна стручна спрема.
Значи, Законот за работните односи не одредува на кој начин се изведува и оценува успешноста на работнкот за време на приправничкиот стаж. За време на траењето на приправничкиот стаж, Законот бара, работодавачот на приправникот, според програмата, да му обезбеди оспособување за самостојно вршење на работата. Работодавачот кој има прeдвидено склучување на договори за вработување со лица – приправници, должен е да има програма.
Програмата за оспособување треба да биде изготвена од стручни лица и нејзината реализација да биде доверена на едукатори, односно искусни работници со пeдагошко искуство. Упаствата, советите, забелешките, мотивацијата, демонстрирање на работните операции или на друг начин, тој помага на приправникот да ја совлада програмата за обука. Тој ја следи работата на приправникот и ја контролира реализацијата на програмата за обука. Квалитетот на едукаторот е предуслов за успешна обука на приправникот. Неговата улога е менторска. Корисно е приправникот, за време на приправничкиот стаж, да води дневник на работа. Успешноста на обуката зависи од ефективната работа, а не од должината на приправничкиот статус.
Со престанокот на приправничкиот стаж, престанува и приправничкиот работен однос.
4 Во членот 7, став 2 од Законот за адвокатурата, стои дека „адвокатот може да вработува други адвокати, адвокатски стручни соработници, адвокатски приправници...Понатаму, во членот 27 се вели:„ адвокатски приправни може стручно да се оспособува заради стекнување услови за полагање на правосуден испит и самостојно вршење на адвокатска дејност и без засновање рабоен однос“.
Xxxxx, имаме lex specialis кој отстапува од lex generalis и адвокатекиот приправник е вработен кај адвокатот, без договор за вработување – не е во работен однос и не ги ужива правата од работен однос, пред се нема плата и други примања...
Со закон, друг пропис или колективен договор на ниво на дејноста се одредува траењето и текот на вршењето на приправничкиот стаж, како и програмата и начинот на следењето и оценувањето на приправничкиот стаж.5
На пример, приправничкиот стаж за адвокатски приправник трае две години. Според Колективниот договор за вработените од тутунското стопанство, приправничкиот стаж се утврдува во различно времетраење врз основа на степенот на образованието: за работите од IV и V степен на стручна
5 Во Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа настопанството на РМ, за приправничкиот стаж има само еден член (10) во кој се вели
,,Начинот на организирање и спроведување на приправничкиот стаж се уредува со колективен договор на ниво на гранка односно оддел, односно на ниво на работодавач, доколку со друг закон не е поинаку решено“. Значи, одговорот треба да го бараме таму, доклолу со друг закон поинаку не е решено.
На пример, со Колективен договор на ниво на работодавач, на една голема компанија во Македдонија, тоа прашање е реглирано на следниот начин:
,, На сите стручни работи, независно од условите на име работно искуство, освен за работи со посебни овластувања и одговорности, директорот може да заснова работен однос со приправник кој има најмалку III степен на стручна спрема, на неопределено или определено време, под услови утврдени со Закон, колективен договор на ниво на дејност и на ниво на работодавач.
Приправничкиот стаж трае 12 месеци за лица со висока стручна спрема, девет месеци за виша стручна спрема и шест месеци за лица со средна стручна спрема (III и IV степен на стручна спрема).
За времетраењето на приправничкиот стаж работодавачот не смее на приправникот да му го откаже договорот за вработување, освен во случај на спроведување постапка за престанување на работодавачот.
На крајот на приправничкиот стаж, приправникот мора да полага испит, кој што е составен дел на приправничкиот стаж и се полага пред истекувањето на приправничкиот стаж.
Приправничкиот испит се полага пред комисија кој ја формира директорот или лице овластено од него.
Траењето на приправничкиот стаж може да се скрати на предлог на одговорното лице, но најмногу до една третина од првобитно определеното траење, доколку овластеното лице кој ја прати неговата работа оцени дека приправникот е оспособен за самостојна работа во струката.
На приправникот кој не го положи приправничкиот испит му престанува работниот однос.
Приправникот кој засновал работен однос на определено време го полага приправничкиот испит најдоцна до истекот на рокот на кој засновал работен однос.
Директорот донесува Програма за обука на приправници и начинот на следењето и оценување на приправниците за време на траењето на приправничкиот стаж, во склад со колективен договор на ниво на дејност.
Со Програмата од став 1 на овој член се утврдува содржината на обуката, време траењето на обуката за поедини работи, лицата кои го пратат оспособувањето на приправникот, начинот на известување за неговата работа и сл“.
наобразба најмногу 3 месеци; за работите од VI степен на стручна наобразба најмногу 5 месеци; за работите над VI степен на стручна наобразба најмногу 6 месеци;
На крајот на приправничкиот стаж, приправникот мора да полага испит. Испитот е составен дел на приправничкиот стаж и се полага пред истекувањето на приправничкиот стаж.6 Испитот треба да се доверува на стручна комисија (како што беше порано регулирана) составена од членови кои имаат најмалку ист степен на стручна спрема како и приправникот. Сега тоа може да биде така или онака, како е утврдено со колективниот договор на ниво на дејност, колективниот договор на ниво на работодавач и правилниците за организација и систематизација.
Законот за работните односи со член 59, внесува една императивна одредба за работодавачот, дека „за времетраењето на приправничкиот стаж не смее на приправникот да му го откаже договорот за вработување, освен во случај на спроведување на постапка за престанување на работодавачот, во случај на кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски, согласно закон“.7
На крајот, да потенцираме дека приправникот има право на заработувачка – плата и сите други права од работен однос. Правото на плата е приспособено спрема карактерот на работата (таа се извршува заради оспособување на работникот, а не за стекнување на профит). Висината на платата не може да биде помала од 40% од основната плата на работното место за кое се оспособува. Со Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на РМ, во членот 30 е регулирано дека ,,за време на приправничкиот стаж, на работникот му припаѓа плата најмалку 70% од најниската плата за одделен степен на сложеност предвидена за работното место за кое се оспособува“.
Xxx, според XXXXX, „за време на приправничкиот стаж на работникот му припаѓа плата најмалку 80% од основната плата за работното место за кое се оспособува“ (член 25). Покрај тоа, „на работникот приправник му припаѓаат надоместоци и додатоци на плата за работното место за кое се оспособува“ (член 25, став 2). Одредбата од став 2 недостасува во ОКДПС). Тоа значи, дека приправникот во потполност е изедначен во поглед на платата, надоместоците и додатоците на плата како и другите работници, со одреден процент на намалување.
Другите права од работен однос, за приправникот по ништо не се разликуваат од правата за другите (искусните) работници. Се работи, на пример, за работното време, одморите, отсуствата, заштитата при работа, додатоци на плата, други примања, право на надомест на штета и др.
6 Види член 58, ЗРО, ,,Изведување на приправничкиот стаж“
7 Види член 59,ЗРО.
Образец 1
Договор за приправнички работен однос – член 56, 57, 58 и 59 од Законот за работните односи
Врз основа на член 28, 56, 57, 58 и 59 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ, бр. 62/05 – Пречистен текст, Сл. Весник на Р. Македонија, бр.74 од 08.05.2015 година и член од Колективниот Договор (општ, посебен на ниво на гранка односн оддел и поединечен на ниво на Работодавач), Работодавачот , со седиште во , на ул. ,, „
застапуван од (во понатамошниот текст:
Работодавач) и Работникот - приправник од
,ул.,, „ , со ЕМБ (во понатамошниот текст: работник) на ден го склучија следниот
ДОГОВОР ЗА ПРИПРАВНИЧКИ РАБОТЕН ОДНОС - ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ПРИПРАВНИК БР.
Склучен на ден година
Член 1
Работодавачот и Работникот – приправник, со овој Договор засноваат приправнички работен однос.
Член 2
Рaботникот заснова работен однос заради оспособување за самостојно вршење на работата во работниот однос соодветна на видот и степенот на своето
стручно образование.
Работникот ќе го изведува приправничкиот стаж извршувајќи ги работите предвидени за работното место (да се наведат работите кои ќе ги извршува приправникот), според описот на работа во Актот за систематизација на Работодавачот,8 кој му беше ставен на увид на работникот пред потпишувањето на Договорот.
Член 3
8 Помалите работодавачи (до 50 вработени) немаат обврска со посебен акт да ги определуваат посебните услови за вршење на работата на секое поединечно работно место, но таа обврска задолжитело ја имаат другите работодавачи (трговски друшва), (види член 19, став 2 од ЗРО, во врска член 5, став 1, точка 6 од ЗРО).
Работите доверени со овој Договор приправникот ќе ги извршува во седиштето на Работодавачот во .
Член 4
Работникот - приправник е должен да стапи на работа на
година.
Член 5
Работникот е информиран за ризикот на работното место, со наведување на посебните ризици кои според законските прописи можат да бидат последица од работата.
Член 6
Работникот заснова работен однос со полно работно време кое изнесува 8 часа дневно (или пократко работно време).
Полното работно време изнесува 40 часа неделно. Работната недела трае пет работни дена.
Работното време започнува во 8,00 часот, а завршува во 16 часот. Распоредот на работното време го утврдува Работодавачот.
Распоредот на работното време ќе се врши според природата или организацијата на работата и потребите на корисниците.
Работодавачот се обврзва во писмена форма да го извести Работникот за временото прераспоредување на работното време најмалку еден ден пред тоа.
Член 7
За време на дневното работно време Работникот кој работи со полно работно време има право на пауза во траење од 30 минути, која започнува во
часот, а завршува во часот.
Член 8
Работникот има право на заработувачка – плата, согласно закон, Општиот колективен договор за приватниот секотор од областа на стопанството и Колективен договор на ниво на работодавач.
Платата е составена од основна плата, која се изразува во паричен износ, дел од платата за работна успешност и додатоците, согласно ОКДПС и Колективниот договор на ниво на работодавачот, за соодветното работно место.
Основна плата изнесува денари (не помалку од 40% од основната плата на работното место за кое се оспособува (согласно посебен колективен договор на ниво на гранка односно оддел и поединечен на ниво на Работодавач).
Член 9
Приправничкиот стаж трае (во зависност од степенот на образованието, доколку со посебен закон не е поинаку решено):
- за работите од ИВ и В на сложеност, најмногу 3, 4, 5, или 6 месеци;
- за работите од ВИ до ИЏ на сложеност, најмногу 6, 9 до 12 месеци.
Член 10
Работникот – приправник се оспособува со менторска поддршка на
(име и презиме).
Приправничкиот стаж се изведува според програма што ја подготвува работодавачот. Менторот кој ја спроведува програмата мора да има најмалку еднаков степен на стручно образование како и приправникот и 3 години работно искуство.
Приправничкиот стаж може, врз основа на предлог на менторот, да се скрати, но не помалку од една половина од првобитно утврденото траење на приправничкиот стаж.9
Приправничкиот испит содржи оценување на знаењето на струката и на работното подрачје за кое приправникот се оспособува. Комисијата за приправнички испит е составена од најмалку три члена кои имаат најмалку еднаков степен на стручно образованите како и приправникот и три години работно искуство. Менторот учествува во работата на Комисијата, но не е нејзин член.
Член 11
Приправникот го полага приправничкиот испит најдоцна до истекот на приправничкиот стаж. Доколку не го положи приправничкиот испит има право повторно да полага во рок кој не смее да биде помал од 15 дена, а не подолг од 45 дена. Доколку приправникот и по втор пат не го положи приправничкиот испит му престанува работниот однос на денот кога не го положил испитот.
Член 12
На приправникот кој го положил приправничкиот испит не му престанува работниот однос, туку работодавачот го задржува на работа и со него склучува нов договор за вработување, (не како договор за вработување како приправник, кој престанал да важи) како работник на определено или неопределено време.10
9 Законот за работните односи вели „но најмногу до една третина од првобитно определеното траење“. Значи, некои колективни договори на ниво на дејност тоа прашање го регулираат поповолно за приправникот, отколку што го определува Законот. Се користи членот 12, ставот 3 од ЗРО..
10 Ако приправничкиот стаж е успешен, работодавашот по престанокот на приправничкиот работен однос може со истото лице да заснова редовен работен однос. Тоа, по правило, работодавачот и го прави, бидејки има потреба за нов работник
Член 13
Работникот има право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор во вкупен износ од по два дена за секој месец.
Член 14
Со стапувањето на работа врз основа на овој Договор, Работникот – приправник ги стекнува сите права и ги презема сите обврски и одговорности утврдени со закон и колективен договор.
Член 15
Во текот на работењето, како и при извршувањето на работните задачи за кои е заснован работен однос, Работникот е согласен и должен да ги извршува обврските утврдени со Законот за работните односи, други закони, ОКДПС, како и согласно Колективниот договор на ниво на работодавачот и другите акти на работодавачот.
Член 16
Со склучувањето на овој Договор за вработување Работодавачот е должен да ги извршува обврските кон Работникот утврдени со Законот за работните односи, други закони, ОКДПС, како и согласно Колективниот договор на ниво на работодавачот и другите акти на работодавачот.
Член 17
Работникот и Работодавачот недвосмислено се договорија и заемно се обврзуваат да ја почитуваат конкурентската клаузула – договорна забрана на конкурентското дејствување, согласно Законот за работните односи и Колективниот договор на ниво на работодавачот и другите акти на работодавачот, по престанување на работниот однос
Член 18
Овој Договор за вработување престанува да важи под услови утврдени со Законот за работни односи и колективен договор.
Член 19
(да нема, не би вршел оспособување на приправникот). Но, да сме на јасно, работодавачот нема обврска оспособениот приправник да го прими во работен однос. Може да се определи за оспособување на нов приправник, во потрага за подобар, поспособен, понадарен работник. На поранешниот приправник, ќе му престане работниот однос, но со стажирањето веќе е оспособен за работа и го исполнил условот да се вработи (некаде на друго место) како работник во струката, а не приправник. Тоа треба прецизно да биде регулирано во договорот.
За правата, обврските и одговорностите кои не се опфатени во овој Договор за вработување, ќе се применуваат одредбите од позитивните законски прописи, колективните договори и актите на ниво на Работодавачот, кои го дополнуваат овој Договор за вработувањеи и непосредно се применуваат.
Член 20
Условите за работа на Работникот се определени со следните општи акти на Работодавачот, што на работникот му се достапни и може да ги има на увид:
Член 21
Овој Договор за вработување е составен во 5 (пет) еднообразни примероци од кои, по склучувањетто на денот на неговото потпишување, 2 (два) примероци му се врачуваат на работникот, а останатите примероци остануваат за работодавачот и се чуваат во работните простории на работодавачот каде што работи работникот.
Место 201 година Работник:
Работодавач:
М П
II. Договор за вработување (работен однос) со пробна работа
Пробната работа е работен однос со посебни карактеристики. Тоа е облик на проверување на стручните и другите работни способности и услов за засновање работен однос. Работникот кој склучил договор за вработување со пробна работа, за време на работата треба да покаже дека има потребни способности. Проверката се врши нè пред, туку по засновањето на работниот однос. Работникот условно заснова работен однос. Доколку работникот ги исполнува условите на работата, ќе остане во работен однос. Доколку се покаже дека работникот неуспешно ја завршил пробната работа работодавачот, по изминување на пробната работа, може да го откаже договорот за вработување и на работникот ќе му престане работниот однос.11
11 Според член 60 од ЗРО.
Пробна работа
(1) При склучување на договорот за вработување работникот и работодавачот можат да се договорат за пробна работа.
(2) Во договорот за вработување покрај сите права и обврски од работен однос се утврдува висината на платата и времетраењето на пробната работа, кое не може да биде подолго од шест месеца. Пробната работа може да се продолжи во случај на оправдано отсуство од работа (болест и слично).
На склучување на договор за вработување со пробна работа инсистираат работодавачите, бидејќи се соочуваат со лицa чии работни и стручни способности не ги познаваат. Но, на склучување на договор за вработување со пробна работа може да инсистира и работникот, а тој тоа го прави кога не е сигурен дали ќе ги совлада предизвиците и искушенијата на новата работа.
Бидејки со пробната работа се испитува работната и стручната способност на работникот, овој услов не може да се примени кај приправиците. Приправникот е лице кое прв пат се соочува со работата (прв пат засновува работен однос) да би се оспособил за работа по школувањето. Тој нема соодветна работна и стручна способност, треба да ја стекне преку приправничкиот стаж. Бидејќи не располага со она што би можело да биде предмет на пробната работа, работодавачот не може со приправник да договори пробна работа.
При засновувањето на работниот однос со нов работник на сите работни места може да се договори пробна работа, согласно актот за организација и систематизација на работодавачот. Не би требало да се предвидува пробна работа за директори/управители и менаџери/раководители бидејки за нивните работни и стручни способности постојат други критериуми.
Во договорот за вработување, покрај сите права и обврски од работен однос, се утврдува и висината на платата и времетраењето на пробната работа.
Пробната работа може да трае најдолго шест месеци. Горната граница е законски одредена, а долната граница не е законски одредена. Траењето на пробната работа е регулирано со членот 9 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството на Република Македонија. Така, траењето на пробната работа за одредени работни задачи изнесува:
⮚ За работи од I до III група сложеност, до два месеци;
⮚ Зa работи од IV до V група сложеност, до четири месеци;
⮚ За работи од VI до IX група сложеност, до шест месеци.
Начинот на спроведувањето и оценувањето на пробната работа го уредува работодавачот.
дена.
(3) За вршење на сезонска работа, пробната работа може да трае три работни
(4) Работодавачот може договорот за вработување со пробна работа за
вршење на сезонска работа да го откаже во рок од три дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со пробна работа.
(5) Во времетраењето на пробната работа работникот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три работни дена.
(6) Врз основа на оцената за неуспешно завршената пробна работа работодавачот може по изминувањето на пробната работа да го откаже договорот за вработување.
Пробната работа може да се продолжи во случај на оправдано отсуство од работа (болест и друго).
Директорот/управителот, претседателот на управниот одбор/главниот извршен директор треба да формира комисија за следење на извршувањето на работата на работникот во текот на пробната работа. Пожелно е членовите на комисијата да имаат барем ист степен на стручна спрема како и работникот. Комисијата ќе достави до директорот мислење за резултатите од пробната работа, најдоцна во рок пред истекот на пробната работа.
Отказ на договорот за вработување со пробна работа можат да дадат и работодавачот и работникот.
Врз основа на оценката за неуспешно завршената пробна работа работодавачот може (тоа и ќе го направи) по изминување на рокот на пробната работа да го откаже договорот за вработување. Тоа значи дека работникот за време на пробната работа не покажал доволно стручни и други работни способности, и затоа ќе му престане работниот однос со денот на истекот на рокот одреден во договорот за вработување. Беше спомнато дека работниот однос со пробна работа е заснован условно. До престанок на работниот однос доаѓа ex lege со денот на истекот на рокот одреден во договорот за вработување. Тоа е рок на договорно траење на пробната работа. Со истекот на тој рок, овој поседбен облик на работен однос престанува и кога работникот ќе продолжи со работа добива дефинитивен статус.
Ако работникот успешно ја завршил пробната работа, работодавачот (работниот однос опстојува, останува) ќе склучи со работникот нов договор за вработување, иако во законот нема изрична одредба за тоа. Во што друго е смислата на пробната работа?
Може да се случи работникот да не е задоволен од условите, статусот и воопшто од пробната работа (од работодавачот). Законот предвидува работникот да може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од само три работни дена.
Изјавата за откажување на договорот за вработување (отказниот акт) од страна на работникот може да ја даде за сето време на пробната работа, од првиот до последниот ден. Со изјавата за откажување на договор за вработување со пробна работа од страна на работникот во последните денови од истекот, може да се избегне непријатната ситуација за неуспешно завршената пробна работа, кога работникот тоа ќе го почувствува.
Образец 2
Пример 1
Договор за вработување со пробна работа
Врз основа на член 28 и 60 од Законот за работните односи (Службен весник на РМ, бр. 62/05 – Пречистен текст, Сл. Весник на Р. Македонија, бр.74 од 08.05.2015 година и член од Колективниот Договор (општ, посебен на ниво на гранка односн оддел и поединечен на ниво на Работодавач), Работодавачот , со седиште во
, на ул. ,, „ застапуван од
(во понатамошниот текст: Работодавач) x
Работникот од
,ул.,, „ , со ЕМБ (во понатамошниот текст: работник) на ден го склучија следниот
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ (РАБОТЕН ОДНОС) СО ПРОБНА РАБОТА
БР:
1. Работникот ќе ги извршува следните работи и работни задачи предвидени за работното место (да се опишат ако има Правилиник за организација и систематизација на Работодавачот):
2. Работникот е должен да стапи на работа на година
3. Работникот заснова работен однос на
1) неопределено време
2) определено време од до година
5. Работникот заснова работен однос со полно работно време.
6. Работникот ќе ја врши работата во седиштето на Работодавачот.
7. Пробната работа трае месеци (ако е договорена) и за време на пробната работа договорните страни можат да го откажат Договорот на начин предвиден со Законот за работните односи (член 60, став 5 и 6).
8. Работодавачот се обврзува пред стапувањето на работникот на работа, на датумот на потпишувањето на договорот за вработување да го пријави работникот во Агенцијата за вработување на Република Македонија.
9. Платата на работникот е составена од основна плата, дел од платата за работната успешност и додатоците.
Основната плата изнесува , а делот од платата за работната успешност и додатоците се определуваат според условите определени со Колективен договор.
10. Полното работно времеме изнесува 8 часа дневно или 40 часа неделно.
11. За време на дневното работно време работникот има право на пауза во траење од 30 минути, во времето од до часот.
12. Работникот има право на платен одмор заради лични и семејни околности до 7 работни дена во случаи утврдени со Колективен договор и со актот на Работодавачот.
13. Работникот има право на годишен одмор во траење од работни дена. Траењето и распоредот на користење на годишниот одмор се определува според критериумите утврдени со Колективен договор и со актот на Работодавачот.
14. Условите за работа на Работникот се определени со следните општи акти на Работодавачот што на работникот му се достапни и може да ги има на увид:
15. Работодавачот се обврзува да обезбеди услови за безбедност и здравје при работата на работникот, согласно законските прописи и пропишаните мерки и нормативи за заштита, а работникот е должен да се придржува кон нив.
16. Работникот и Работодавачот можат да го откажат овој договор, во случаи, под услови и од причини определени со Закон и Колективен договор кај Работодавачот.
17. Во времетраењето на пробната работа работникот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три работни дена.
18. Врз основ на оценката за неуспешно завршената пробна работа работодавачот може, по изминувањето на пробната работа (со денот на истекот на рокот одреден во договорот за вработување), да го откаже договорот за вработување, ако работникот за време на пробната работа не покажал доволно стручни и други работни способности.
19. Ако работникот успешно ја заврши пробната работа, Работодавачот се обврзува со Работникот да склучи нов договор за вработување.
20. Договорот е склучен во 5 (пет) еднообразни примероци, од кои по склучувањето (потпишувањето) на овој Договор на денот на неговото потпишување, 2 (два) примерока му се врачуваат на работникот, а другите примероци остануваат кај Работодавачот, кој ги чува во своите работни простории.
Работник: Работодавач:
МП
Пример 2
Отказ на Договорот за вработување поради неуспешно завршена пробна работа – член 60, став 4 и 99, став 2 од Законот за работни односи
НАЗИВ НА РАБОТОДАВАЧОТ
МЕСТО
БРОЈ
ДАТУМ: година
Врз основа на член 60, став 4 и 99, став 2 од Законот за работните односи, член
(да се наведе општиот акт), на ден година го донесувам следното
РЕШЕНИЕ
1. СЕ ОТКАЖУВА Договорот за вработување на работникот
(име и презиме), поради неуспешно завршената пробна работа по изминувањето на рокот за пробна работа од месеци.
2. Работниот однос престанува со денот на врачувањето на ова Решение.
О б р а з л о ж е н и е
Врз основа на резултатите од спроведеното оценување и мислењето на раководниот работник/Комисијата за оценување на работата на работникот за време на пробната работа, оцени дека неуспешно ја завршил пробната работа, поради што е одлучено да му престане работниот однос.
Правна поука: Против ова Решение работникот има право на приговор во рок од 8 дена од денот на добивањето на Решението до
(наведи надлежен орган). Приговорот го одлага извршувањето на ова Решение.
Работник Работодавач;
III. Волонтерски стаж
Волонтерскиот стаж, како посебен услов за плагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласност со посебен закон,12 треба
12 На пример, посебен закон е Законот за здравствена заштита (Сл. Весник на РМ бр. 17/97, со сите измени и дополнувања, според кои – да наведеме некои решенија во овој конекст: здравствен работник може самостојно да врши дејност со
да се врши со склучување на договор за волонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот.
За волонтерот се применуваат одредбите од Законот за работните односи за: траење и изведување на приправничкиот стаж, за ограничување на работното време, дневната пауза и одморите, одговорноста за обештетување, како и обезбедување на заштитата при работа, во согласност со закон.
Договорот за изведување на волонтерскиот стаж мора да биде склучен во писмена форма, а копија од истиот во рок од три дена од потпишувањето, мора да се достави до инспекцијата на трудот.13
Волонтерскиот стаж, волонтерот мора да го помине, бидејки, согласно Законот за работните односи, тој е услов за полагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, без кој стаж волонтерот не би можел (нема право) да го полага соодветниот испит или самостојно да врши дејност.
Меѓутоа (да не ги помешаме работите) постои посебен Закон, Законот за волонтерството,14 со кој Закон се уредуваат волонтерството, условите и начинот на вршење на волонтерството, правата и обврските на волонтерите и организаторот на волонтерството, договорот за волонтерството и евиденцијата на волонтерската работа.
Што е тоа волонтерство? Според член 2 од Законот за волонтерството
„волонтерството претставува активност од интерес за Република Македонија што придонесува за подобрување на квалитетот на животот со активно
личен труд за вршење здравствена дејност, ако покрај условите предвидени за работа со личен труд има: соодветна стручна подготовка и положен стручен испит...(член 128). Понатаму, здравствена заштита можат да укажуваат здравствени работници со соодветно стручно образование, завршен приправнички стаж, положен стручен испит и лиценца за работа..(прво иде приправничкиот стаж, потоа стручниот испит, па лиценцата за работа – член 144) .. Здравствени работници се лица со високо, више и средно насочено образование од областа на медицината, стоматологијата и фармацијата (член 145). Здравствените работници можат самостојно да укажуваат здравствена заштита по завршувањето на приправничкиот стаж, положувањето на стручниот испит, а здравствените работници со високо образование по добивањето на лиценцата за работа (член 146).
И сега најбитното за нас, за да го разбереме волонтерскиот стаж и разликуваме од приправничкиот стаж и волонерството, според Законот за работните односи. Во членот 147 од Законот за здравствената заштита стои: „здравствените организации и здравствените работници кои самостојно вршат здравствена дејност со личен труд, можат да примаат здравствени работници приправници на оределено време (само на определено време) заради стручно оспособување 1. за самостојно вршење на работите и задачите и 2. полагање на стручен испит (волонтери). Заградата ги објаснува разликите.
13 Види член 61, ЗРО.
14 Закон за волонтерството, Сл. Весник на Р.Македонија бр.85 од 09.07.2007
година.
вклучување на луѓето во општествениот живот, како и за развој на хумано и рамноправно демократско општество“. Понатаму, во членот 3, од Законот под волонтерство се подразбира:
⮚ доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и /или вршење на други активности;
⮚ во корист на други лица, органи, организации и други институции;
⮚ доброволното давање на лични услуги, во корист на други лица волонтерот го врши без надоместок.
Под волонтерство, според овој Закон, не се подразбира вршење на волонтерски стаж, согласно со Законот за работните односи.
Според Законот за работните односи, волонтерскиот стаж е услов за полагање стручен испит или за самостојно вршење на дејност...
Со членот 4, Законот за волонтерството, уште еднаш појаснува дека
„волонтер е физичко лице кое дава услуги, вештини и знаења во корист на други лица, органи, организации и други институции, на доброволна основа и без финасиска или друга лична добивка.15
Да резимираме.
1. Волонтерскиот стаж, е посебен услов за полагање стручен испит (стручно оспособување за самостојно вршење на работите и задачите) или за самостојно вршење на дејност, во согласност со посебен закон, и треба да се врши со склучување на договор за волонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот. Волонтерот за време на припрвничкиот (волонтерскиот стаж) не е во работен однос, нема плата). Всушност се работи за волонтерско приправништво.
Приправнички стаж- Договор за вработување со приправник се склучува со лице:
⮚ кое за прв пат започнува да врши работа (се вработува, заснова работен однос како приправник);
⮚ работата ја врши соодветно на видот и степенот на своето стручно образование;
⮚ договорот за вработување со (како) приправник се склучува заради оспособување за самостојно вршење на работата во работниот однос, работи од својата струка.
15 Дозволете еден пример за (не) волонтирање: Во весникот Вест од 13 јули 2009 година, прочитав наслов ,,сакаат кучиња, а нејќат да волонтираат (да помогнат во грижата за кучињата скитници). Се мисли, пред се на невладините организации кои го критикуваат ЈП „Комунална хигиена“, а никој не сака да волонтира во стационарот за кучиња „Вардариште„ во Скопје. Волонтираат пред компјутер, вели авторот на текстот.
Да потенцираме дека приправникот има право на заработувачка – плата и сите други права од работен однос.
Под волонтерство се подразбира:
⮚ доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и /или вршење на други активности;
⮚ во корист на други лица, органи, организации и други институции;
⮚ доброволното давање на лични услуги, во корист на други лица волонтерот го врши без надоместок.
Со овој Закон не се ограничува можноста да се даваат волонтерски услуги кои се од непостојана или случајна природа на доброволна основа, без надоместок.
Под волонтерство, според овој Закон, не се подразбира вршење на волонтерски стаж, согласно со Законот за работните односи.
Образец 3
Договор за волонтерски стаж – член 61 од Законот за работните односи
Врз основа на член 61 од Законот за работните односи (член од посебен закон lex specijalis) и член од актот на Работодавачот, Работодавачот
(назив и седиште), во понатамошниот текст: Работодавач и Волонтерот (име, презиме и адреса), во понатамошниот текст Волонтер, на ден година,, склучија
ДОГОВОР ЗА ВОЛОНТЕРСКИ СТАЖ
Член 1
Работодавачот овозможува, а Волонтерот прифаќа да извршува волонтерски стаж, што е услов за полагање стручен испит (или за самостојно вршење на дејност).
Член 2
Стручното оспособување Волонтерот ќе го извршува со работа на работното место (да се наведат работните задачи), според Програмата која важи за вработените кои се во приправнички работен однос и под стручен надзор на менторот.
Член 3
Волонтерскиот стаж трае од до годнина
Член 4
Xxxxxxxxxx е должен совесно да ги извршува работните обврски и внимателно да учи, да води дневник за работата, да се придржува на работното време и работната дисциплина.
Член 5
Работодавачот е согласен на Волонтерот за работата во процесот на стручното усовршувањето и оспособување (за време на волонтерскиот стаж) му исплатува износ од денари (станува збор за паричен надомест и други примања – надомест на трошоци за превоз и исхрана, утврдени со посебен закон и општ акт на Работодавачот.
Член 6
Работодавачот е должен на Волонтерот да му обезбеди заштита при работа, што ја уживаат вработените при извршувањето на истите работни задачи.
Волонтерот е должен да се придржува на заштитните мерки и да се служи со средствата за заштита.
Член 7
Работата по овој Договор престанува по истекот на волонтерскиот стаж – рокот за стручното усовршувањето и оспособување.
Член 8
Волонтерот е осигуран за случај на инвалидност како последица од повреда на работа или професионална болест.
Член 9
За волонтерот се применуваат одредбите од Законот за работните односи за:
⮚ траењето и изведувањето на приправничкиот стаж;
⮚ за ограничување на работоното време;
⮚ дневната пауза и одморите;
⮚ одговорноста за обештетување, како и обезбедување на заштита при работа, во согласност со закон.
Член 10
Копија од овој договор во рок од три дена од потпишувањето, Работодавачот ќе достави до инспекцијата на трудот.
Член 11
Овој Договор е составен во 5 (пет) еднообразни примероци од кои, по склучувањето на денот на неговото потпишување, 2 (два) примероци му се врачуваат на работникот, а останатите примероци остануваат за работодавачот и се чуваат во работните простории на Работодавачот каде што работи Работникот.
Место 201 година
Волонтер: Работодавач: