Oтворањето на понудите ќе биде јавно, по електронски пат преку ЕСЈН на 15.01.2019 во 10.00 часот.
ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРОЈ 61/2018
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА НА РАБОТИ – РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДА (ФАСАДНА СТОЛАРИЈА И ИЗОЛАТЕРСКИ РАБОТИ) ЗА О.У. ДИМИТАР МИЛАДИНОВ, ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ – ФАЗА 2 И 3
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ПОСТАПКА КОЈА СЕ СПРОВЕДУВА ПРЕКУ ЕСЈН И ЗАВРШУВА СО Е-АУКЦИЈА
критериум за доделување на договорот: најниска цена
Скопје, декември, 2018 година
ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Договорниот орган Општина Центар - Скопје со адреса на ул. Михаил Цоков бб, 1000 Скопје, телефон за контакт 3203-692, електронска адреса xxxxxxxxxxxxx@xxxxxx.xxx.xx, xxxx.xxxxxxxx@xxxxxx.xxx.xx има потреба од јавна набавка на работи - Реконструкција на фасада (фасадна столарија и изолатерски работи) за ОУ Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Општина Центар – Скопје – фаза 2 и 3.
За таа цел, договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка на работи со отворена постапка, која ќе заврши со спроведување на електронска аукција, како последна фаза во отворената постапка, во согласност со член 21 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ број 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 24/12, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16,165/17 и 83/18), за што објави оглас број 61/2018.
Ве молиме да ни ја доставите Вашата понуда за горенаведениот предмет на договорот за јавна набавка најдоцна до 15.01.2019 во 10.00 часот (по локално време) исклучиво преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), притоа следејќи ги упатствата дадени во “Прирачник за користење на ЕСЈН“ објавен на истата веб адреса во делот "Економски оператори".
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, технички спецификации, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, банкарска гаранција на понудата, изјава за независност на понудата и образец на понудата.
Понудата испратена преку ЕСЈН треба да биде електронски потпишана од страна на економскиот оператор со користење на дигитален сертификат1.
Во хартиена форма може да се поднесе исклучиво документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
Oтворањето на понудите ќе биде јавно, по електронски пат преку ЕСЈН на 15.01.2019 во 10.00 часот.
Однапред Ви благодариме на соработката.
Во Скопје 21.12.2018 година |
Овластено лице Комисија за јавни набавки |
I. ИНСТРУКЦИИ ЗА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1 Дефиниции
1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
„Договор за јавнa набавкa“ е договор од финансиски интерес склучен во писмена форма меѓу договорниот орган од една страна и носителот на набавката од друга страна, а чиј предмет е изведба на работите кои претставуваат предмет на договорот;
„Постапка за доделување на договор за јавна набавка“ е постапка што ја спроведува договорниот орган, чија цел или дејство е изведба на работите;
„Отворена постапка“ е постапка во која секој економски оператор има право да поднесе понуда;
„Електронска аукција“ е повторлив процес на негативно наддавање кој се реализира по првична целосна евалуација на понудите, во кој понудувачите имаат можност, исклучиво со користење на електронски средства, да ги ревидираат дадените цени или да подобрат одредени елементи од понудата, така што рангирањето се врши автоматски со помош на електронски средства;
„Тендерска документација“ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
„Техничка спецификација“ е збир на технички услови, прописи, препораки и стандарди со кои детално се дефинираат минималните барања од технички аспект кои работите, работите или работите предмет на договорот за јавна набавка треба да ги задоволат;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
„Поврзан економски оператор“ е економски оператор:
врз кој економскиот оператор со кој е поврзан има доминантно влијание,
кој има доминантно влијание врз економскиот оператор со кој е поврзан или
кој заедно со економскиот оператор со кој е поврзан е предмет на доминантно влијание од страна на трет субјект;
„Доминантно влијание“ е кога:
едниот економски оператор директно или индиректно е сопственик на повеќе од половина од капиталот во другиот економски оператор и на тој начин го контролира мнозинството гласови врз основа на акциите или уделите издадени од страна на другиот економски оператор и може да назначи повеќе од половина членови во органите на управување или во надзорниот одбор на другиот економски оператор или
постои роднинска поврзаност помеѓу основачите на двата економски оператори до втор степен;
„Понудувач“ е секој економски оператор кој поднел понуда;
„Понуда“ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
„Техничка понуда“ е дел од понудата со која се докажува исполнувањето на поставените технички барања и услови од тендерската документација;
„Финансиска понуда“ е дел од понудата во кој се содржани понудените цени согласно со условите од тендерската документација;
„Алтернативна понуда“ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
„Носител на набавката“ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
„Евалуација на понуда“ е оцена на поднесена понуда во постапката за доделување на договор за јавна набавка;
„Прифатлива понуда“ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
„Соодветна понуда“ е прифатлива понуда која е во рамки на износот што го утврдил договорниот орган со одлуката за јавна набавка или што може да го дообезбеди согласно со член 28 став (4) од Законот за јавните набавки;
„Одговорно лице“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице, односно лице овластено од него;
„Електронски средства“ е користење на електронска опрема за обработка и чување на податоци (вклучувајќи и дигитална компресија), кои се пренесени, испорачани и примени преку кабелски, радио или оптички средства или преку други електромагнетни средства;
„Електронски систем за јавни набавки“ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
„Писмено или во писмена форма“ e секој израз кој се состои од зборови или бројки кои можат да се прочитаат, умножат и дополнително да се соопштат, како и информации кои се пренесуваат и чуваат со помош на електронски средства под услов сигурноста на содржината да е обезбедена и потписот да може да се идентификува.
„Вишоци на работи“ се количества на изведени работи што ги преминуваат договорените количества на работи согласно описот и предмерот и пресметката;
„Кусоци на работи“ се негативни отстапувања на изведените работи во однос на договорените количества на работи согласно описот од предмерот и пресметката;
„Непредвидени работи“ се оние работи што со договорот не се опфатени, а кои мораат да се изведат заради пропусти и недостатоци во проектот утврдени од надзорниот орган и од проектантот, како и заради други работи утврдени со закон;
„Дополнителни работи“ се оние работи што не се договорени, а договорниот орган бара да се изведат.
1.2 Договорен орган
1.2.1 Договорен орган е Општина Центар - Скопје со седиште на адреса ул. Михаил Цоков ББ, 1000 Скопје, телефон 0000-000, електронска адреса xxxxxxxxxxxxx@xxxxxx.xxx.xx, интернет адреса xxx.xxxxxx.xxx.xx.
1.2.2 Лице за контакт кај договорниот орган е Xxxx Xxxxxxxx, телефон 0000-000, електронска адреса xxxx.xxxxxxxx@xxxxxx.xxx.xx.
1.3 Предмет на договорот за јавна набавка
1.3.1 Предмет на договорот за јавна набавка се работи – Реконструкција на фасада (фасадна столарија и изолатерски работи) за ОУ Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Општина Центар – Скопје – фаза 2 и 3.
1.3.2 Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка е даден во техничките спецификации во прилог на огласот за конкретната јавна набавка.
1.3.3 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
1.4 Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза вo постапката.
1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx).
1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“.
1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН.
Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат.
Во случај во текот на аукцијата да нема негативно наддавање, односно намалување на почетната цена, договорниот орган му го доделува договорот за јавна набавка на понудувачот кој понудил најниска цена во првичната фаза од постапката.
Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди; датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата; интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени).
Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, односно не се исполнети условите за одржување на електронската аукција, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.
1.5 Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Оваа постапка ќе заврши со доделување на договор за јавна набавка, односно нема да се користи посебниот начин за доделување на договорот со рамковна спогодба
1.6 Применливи прописи
1.6.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Законот за јавните набавки, објавен во Службен весник на Република Македонија број 136/07, 130/08, 97/10, 53/11, 185/11, 24/12, 15/13, 148/13, 160/13, 28/14, 43/14, 130/14, 180/14, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16, 165/17, 83/18 и донесените подзаконски акти.
1.6.2 При подготовка на својата понуда, понудувачот треба да ги има предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови и заштитата при работа. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа, Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа).
1.7 Извор на средства
1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Општина Центар - Скопје за 2018 и 2019 година.
1.8 Право на учество
1.8.1 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца, како и економскиот оператор кој претставува поврзано друштво со економскиот оператор кој има негативна референца, нема право на учество.
1.8.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице - понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка и кое подигнало тендерска документација од ЕСЈН.
1.8.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката.
1.8.4 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда кој е уредно (архивски) заверен, со потпис и печат од двете договорни страни, со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе ја обезбеди гаранцијата на понудата во форма на банкарска гаранција, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот (јасно да се дефинираат обврските, како меѓу членовите на групата, така и на обврските кои групата ќе ги има кон договорниот орган при реализација на договорот, односно секој член да наведе во кој дел (фаза) ќе има удел при извршување на договорот и истиот во целост треба да го изврши соодветниот дел (фаза) при реализација на договорот.
1.8.5 Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
НАПОМЕНА: Во моментот на поднесување на групна понуда, најмалку Носителот на групата треба да биде регистриран на ЕСЈН. 3
Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма.
1.8.6 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
1.8.7 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
1.8.8 Понудувачот може да ангажира подизведувачи. Доколку економската и финансиската состојба, како и техничката или професионалната способност на понудувачот не е поддржана од други субјекти во вид на подизведувачи, тој нема обврска да доставува документација за утврдување на способност од подизведувачите. Во спротивно, ќе се постапи согласно со членовите 151 и 154 од Законот за јавните набавки, без оглед на тоа дали другите субјекти се јавуваат како подизведувачи или не.
1.8.9 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите. Носителот на набавката може, во текот на реализација на договорот за јавна набавка, да ги менува подизведувачите за оној дел од договорот за јавна набавка што го отстапил на подизведувачи, само по претходно одобрение на договорниот орган. Доколку не се постапува согласно претходнонаведеното, при реализација на договорот, ќе бидат превземени соодветни дејствија кои ќе бидат утврдени во договорот за јавна набавка.
1.8.10 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
1.9 Трошоци за поднесување на понуда
1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.
1.10 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
1.10.1 Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најниска цена во текот на електронската аукција, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива. Во постапка која завршува со спроведување на електронска аукција не се врши бодување на понудите, туку само рангирање на понудувачите според висината на понудените цени.
1.11 Спречување на судир на интереси
1.11.1 За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
1.11.2 Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за јавна набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за јавна набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
1.11.3 Во постапката за доделување договор за јавна набавка, претседателот, заменикот на претседателот, членовите и замениците на членовите на комисијата за јавна набавка, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси која претставува дел од досието од спроведена постапка.
1.11.4 Во случај на судир на интереси кај претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во комисијата за јавна набавка, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
1.11.5 Во случај на судир на интереси кај одговорното лице, истото со посебно решение овластува друго лице од редот на функционерите или вработените кај договорниот орган да ги донесе соодветните одлуки и да го потпише договорот.
1.12 Начин на комуникација
1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2.
1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4 од Инструкциите за понудувачите.
1.13 Информации од доверлив карактер
1.13.1 Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон договорниот орган е должен да ги достави овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично). За таа цел, економскиот оператор треба да направи листа на доверливи информации со користење на Образецот на листа на доверливи информации во прилог на оваа тендерска документација, и истата да ја достави заедно со својата понуда.
1.13.2 Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
1.13.3 Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
2. СПОСОБНОСТ НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ
2.1 Начин на докажување на способноста
2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
личната состојба,
способноста за вршење професионална дејност,
техничката или професионалната способност,
стандард за систем за квалитет
2.1.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите.
Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
e адресиран со точна адреса на договорниот орган;
содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“,за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рок од 5 дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот.
2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор.
2.1.6 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
2.2 Лична состојба
2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и
кој дава лажни податоци или не го доставува податоците што ги барал договорниот орган.
2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство,
потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност.
потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност;
2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува и потпишува самиот економски оператор и истата не мора да биде заверена од надлежен орган.
2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор.
Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи.
2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија.
2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
2.3 Способност за вршење на професионална дејност
2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
2.4 Техничка или професионална способност
2.4.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничката илипрофесионалнатаспособност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
Потребно искуство:
да има успешно искуство во минимум 3 (три) договори за извршување на работи од предметната област на набавката (фасадна столарија, монтажа на прозори, застаклување итн.) со вкупна вредност од минимум 12.000.000,00 денари од кои 1 (еден) договор да е со вредност од минимум 6.000.000,00 денари склучени и реализирани во последните 5 (пет) години. За бараните договори понудувачот треба да обезбеди потврди или препораки за успешно, навремено и квалитетно извршување на работите, издадени од нарачателите.
Персонал:
Од персоналот кој ќе биде вклучен во набавката, ќе биде на располагање за целовреметраење на договорот за јавна набавка и кој треба да биде во редовен работен однос, економскиот оператор треба да располага со:
Работници:
- да има на располагање минимум 15 работници во редовен работен однос кои ќе бидат ангажирани за реализација на предметната набавка од кои минимум 10 работници од предметната област на набавката да се во редовен работен однос кај Носителот на набавката.
Потребна опрема:
Понудувачот треба да ја има во сопственост или да има обезбеден пристап (со поддршка) до следнава техничка опрема за целовреметраење на договорот:
- минимум 5товарни возила со носивост од најмалку 4 тона,
- машина за сечење стакло и изработка на термоизолациони стакла,
- машина за изработка на ПВЦ прозори
- алат потребен за реализација на предметот на набавката.
2.4.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од подточка 2.4.1 со доставување на:
За потребното искуство:
Како доказ за бараното искуство да се приложи референтна листа на склучени договори на понудувачите или кандидатите извршени во последните 5 (пет) години со вредност, датум, нарачатели (договорни органи или економски оператори), копии од бараните договори и потврди или препораки за успешно, навремено и квалитетно извршување на работите издадени од нарачателите, конкретно за договорите кои понудувачот ќе ги приложи како доказ и ситуации потпишани и заверени од надзор и инвеститор доколку од договорите и потврдите не можат да се докаже вредноста или останатите минимални услови. (Како валидни договори ќе се сметаат оние кои се уредно (архивски) заверении со потпис и печат од двете договорни страни. Договорите кои нема да бидат согласно горенаведеното нема да се земат во предвид како докази за исполнување на минималните услови за потребното искуство).
во случај на групна понуда, членот/членовите на групата кој ќе приложи/приложат договори, односно ќе обезбеди/обезбедат докази за исполнување на условот за искуство мора да има/имаат удел во изведба на работите.
За персоналот:
За целиот баран персонал (стручен кадар и работници) вклучен во набавката кој треба да биде во редовен работен однос понудувачот да достави Листа на вработени издадена од Агенција за вработување на РМ не постара од 30 дена од моментот на отварањето на понудите,
За опремата:
- Изјава за техничката опрема која понудувачот ја има на располагање за изведување на конкретните работи. Во прилог да се достави список на расположливата опрема и другите физички капацитети.
-За бараната опрема да се приложат докази (фактури, сообраќајни дозволи, царински декларации за увезена опрема, пописна листа заверена од овластено сметководствено биро, договор за купопродажба или слично).
2.4.3 Во случај кога од приложените докази не може да се утврди исполнувањето на некои од критериумите за докажување на способноста наведени во тендерската документација, Договорниот орган го задржува правото да побара од понудувачите да достават изјава со која под целосна морална, материјална и кривична одговорност ќе го потврдат исполнувањето на истите.
2.4.4 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен во делот на референтната листа и претходно склучените договори.
Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Како валиден доказ дека субјектот ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор техничките и професионалните ресурси ќе се земат во предвид само конкретизирани договори за деловно – техничка соработка кои се уредно (архивски) заверени, со потпис и печат од двете договорни страни, кои се повикуваат на бројот на огласот и конкретниот предмет на набавка за кој се однесува отстапувањето како и конкретно на кои ресурси се однесува поддршката. Доколку поддршката се однесува на персоналот или опремата потребни за набавката, во договорите за деловно – техничка соработка мора да се наведат отстапените лица со име и презиме (за персоналот) и да се наведат конкретните отстапени машини (за опремата) како би можел договорниот орган при изведба на работите на терен да се увери во веродостојноста на приложените докази во понудата. Договорите за деловно – техничка соработка кои нема да ги содржат сите горенаведени услови, нема да се земат како валидни при евалуација на понудите. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари за што субјектот доставува изјава потпишана од одговорното лице на субјектот.
2.4.5 Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Составен дел на групната понуда е договор за поднесување на групна понуда кој треба да ги содржи сите наведени податоци согласно точка 1.7.4 од тендерската документација и член 41 од Законот за јавни набавки. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална способност се утврдува согласно напред наведеното.
2.5 Стандард за систем за квалитет
2.5.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве стандарди:
-Стандард за систем за квалитет: ISO 9001:2008 или понов
2.5.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на стандардите од подточка 2.6.1 со доставување на:
Сертификат за стандард за систем за квалитет ISO 9001:2008 или понов
2.5.3. Бараните стандарди треба да се однесуваат и да соодветствуваат со предметната набавка.
2.5.4. Доколку економските оператори поднесат понуда како група на економски оператори, бараните стандарди треба да ги поседува носителот на набавката и економскиот оператор/и кој/и во договорот за групна понуда ќе има/ат удел во изведба на работите - предмет на јавната набавка.
2.5.5. Во предвид нема да се земаат сертификати од консултантски компании кои издаваат потврди дека стандардите се имплементирани и функционални, туку ќе се земаат во предвид само сертификати издадени од акредитирани сертификациони тела.
3. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
3.1 Појаснување на тендерската документација
3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа, да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
3.2 Измена и дополнување на тендерската документација
3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што неа ја подигнале.
3.2.2 Во случај на измена или дополна на тендерската документација, договорниот орган задолжително го продолжува крајниот рок за поднесување на понудите за најмалку 6 дена.
3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.
4. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
4.1 Содржина на понудата
4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи:
пополнет образец на понуда составен од општ дел, листа на цени и финансиска понуда*;
пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
документи за утврдување на личната состојба наведени во потточка 2.2 од тендерската документација*;
документ за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведен во точка 2.3 од тендерската документација*;
документи за утврдување на техничка и професионална способност наведени во потточка 2.4 од тендерската документација*;
документи за утврдување на стандард за систем за квалитет наведен во потточка 2.5 од тендерската документација*;
договор за групна понуда и писмено овластување за претставникот на групата економски оператори (само за група на економски оператори);
известување за подизведувачи (доколку има);
банкарска гаранција на понуда* и
изјава за независност на понудата*.
Понудите кои не ги содржат горенаведените задолжителни елементи (*) на понудата ќе се сметаат како некомплетни и како такви ќе бидат отфрлени од Комисијата за јавни набавки и исклучени од натамошна евалуација.
4.1.2 Економскиот оператор понудата ја изготвува и доставува врз основа на електронските обрасци на понуда дадени во оваа тендерска документација.
Доколку на дадениот образец на понуда во оваа тендерска документација економскиот оператор не може целосно и сеопфатно да ја изрази својата понуда, може да користи друг образец на која ќе ја достави својата понуда под услов таквиот образец да ги содржи сите елементи од образецот на понуда даден во оваа тендерска документација. Понудата поднесена на образец на понуда кој не ги содржи сите елементи согласно тендерската документација ќе биде отфрлена како неприфатлива.
4.1.3 Доколку понудувачот има намера дел од договорот за јавна набавка да го отстапи на еден или повеќе подизведувачи, во понудата мора да наведе податоци за делот од договорот кој има намера да го отстапи на подизведувачи, како и податоци за сите предложени подизведувачи (фирма, седиште, единствен даночен број и слично). Понудувачот е одговорен пред договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
4.2 Јазик на понудата
4.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
4.2.2 При изразување на цената со букви, странскиот економски оператор во делот на понудата може да се послужи со англиски јазик.
4.2.3 Печатената литература може да биде и на друг јазик. Договорниот орган го задржува правото во фазата на евалуација на понудите да побара од понудувачот да изврши превод на печатената литература која е поднесена на друг јазик.
4.3 Цена на понудата
4.3.1 Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секоја ставка поединечно.
4.3.2 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има, а истите треба да бидат искажани и посебно. Оттука, предмет на евалуација ќе биде вкупната понудена цена со вклучени увозни царини без ДДВ.
4.3.3 Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел „Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената. Цената на понудата се пишува со бројки и букви. (Доколку понудата е поднесена од странски економски оператор, цената на понудата покрај со бројки, се пишува и со букви на англиски јазик.)
4.3.4 Доколку одделна понуда содржи невообичаено ниска цена која е значително пониска од реалната пазарна цена што предизвикува сомнеж дека договорот ќе биде извршен, договорниот орган од понудувачот бара во писмена форма и пред одбивање на понудата, детали околу понудата за кои смета дека се важни и ги проверува доказите што биле доставени за оправдување на цената на понудата. Ако економскиот оператор не успее да објасни на писмено, кои се причините за таквата цена во рок од 7 дена од датумот на поднесување на барањето, или пак ако Комисијата не ги прифати неговите причини, понудата ќе биде отфрлена.
4.4 Валута на понудата
4.4.1 Цената на понудата се изразува во денари или во евра. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
4.5 Период на важност на понудата
4.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.5.2 Доколку договорниот орган процени за потребно може да побара од понудувачот продолжување на периодот на важност на понудата.
4.6 Гаранција на понудата
4.6.1 Како дел од понудата економскиот оператор задолжително обезбедува гаранција на понудата во износ од најмалку 3% од вкупната вредност на понудата без вклучен ДДВ.
4.6.2 Гаранцијата е во форма на банкарска гаранција. За договорниот орган се прифатливи сите банки.
4.6.3 Доколку банкарската гаранција на понуда е издадена во електронска форма од страна на банката, во оригинална форма електронски се прикачува како составен дел од поднесената понуда заедно со останатите документи. Банкарската гаранција на понуда издадена во хартиена форма во оригинален примерок треба да биде доставена во Архивата на Општина Центар – Скопје, барака број 6 најдоцна до крајниот рок определен за доставување на понудите.
4.6.4 Гаранцијата треба да е поднесена во оригиналната форма. Копии не се прифаќаат. Гаранцијата мора да има рок на важност најмалку 14 дена од денот на истекот на важноста на понудата. Секоја понуда што не содржи гаранција на понудата, или содржи гаранција на понудата која не е во согласност со условите во тендерската документација, ќе биде отфрлена од страна на договорниот орган како неприфатлива.
4.6.5 Гаранцијата на понудата на неизбраните понудувачи се враќа во рок од 7 дена по склучување на договорот со најповолниот понудувач.
4.6.6 Гаранцијата на понудата може да се наплати, ако понудувачот ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност, не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата, не го потпише договорот за јавна набавка или не обезбеди гаранција за квалитетно извршување на договорот.
4.7 Форма и потпишување на понудата
4.7.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.7.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Понуда се потпишува електронски со употреба на дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати во Министерството за финансии на Република Македонија.
Дигиталниот сертификат треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање.
Странски економски оператор може електронски да ја потпише понудата со употреба на квалификуван дигитален сертификат, кој е издаден од регистриран издавач на сертификати со седиште во Европска унија.
Во случај на употреба на квалификуван сертификат издаден од издавач со седиште во трета земја, сертификатот може да се смета за валиден доколку е исполнет еден од следните 3 услова:
Издавачот ги исполнува условите за квалификуван сертификат пропишани со Законот за податоци во електронски облик и електронски потпис („Службен весник на Република Македонија“ бр.34/01, 6/02 и 98/08) и е доброволно акредитиран во Европската унија или
Регистриран домашен издавач гарантира за странскиот сертификат како да го издал самиот или
Така да е договорено со билатерален или мултилатерален меѓународен договор склучен помеѓу Република Македонија и друга земја или меѓународна организација.
Комисијата го задржува правото доколку во текот на евалуацијата се посомнева во валидноста на употребениот сертификат или издавачот на сертификати да побара дополнителни информации или документи со кои ќе се докаже валидноста на сертификатот. За да се избегнат технички пропусти при утврдување на валидноста на сертификатот , препорачливо е економскиот оператор во понудата да наведе со кој софтверски пакет (Microsoft Office 2003, 2007, 2010, OpenOffice итн.) се потпишани документите, Носител на дигиталниот сертификат со кој се потпишуваат документите кои се составен дел на понуда (финансиска и техничка понуда, изјави), задолжително треба да биде овластениот потписник на економскиот оператор или лице ополномоштено од овластениот потписник.
Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:
а) електронска форма потпишано со дигитален сертификат на управителот или
б) во скенирана форма, со печат и своерачен потпис на управителот.
Понуди потпишани со дигитален сертификат чиј носител е лице кое нема никакво овластување за потпишување на понуда, ќе бидат отфрлени како понуди со формални недостатоци.
4.8 Начин на доставување на понудата и придружната документација
4.8.1 Договорниот орган може да прифати и понуда од економски оператор кој не ја презел тендерската документација преку ЕСЈН, но не е обврзан евентуално направените измени и дополнувања на тендерската документација да ги доставува и до тие економски оператори.
4.8.2 Економскиот оператор придружната документација ја доставува во скенирана електронска форма. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.9 Краен рок и место за поднесување на понудите
4.9.1 Краен рок за доставување на понудите е 15.01.2019 година во 10.00 часот.
4.9.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx.
4.9.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
4.10 Алтернативни понуди
4.10.1 Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
4.11 Измена, замена и повлекување на понудата
4.11.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.9.
4.11.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата.
4.11.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.9.
4.11.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со активирање на банкарската гаранција на понудата и објавување на негативна референца на страната на XXXX.
4.12 Изјава за независна понуда
4.12.1 Во прилог на понудата, покрај банкарската гаранција на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за независна понуда, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација, каде е подетално објаснето нејзиното значење како и кои дејствија ќе се преземат доколку договорниот орган добие сознанија дека дадените наводи се невистинити. Изјавата од ставот на овој член ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.
Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице. Изјавата се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
5. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
5.1 Отворање на понудите
5.1.1 На јавното отворање на понудите може да присуствува секое заинтересирано лице.
5.1.2 Само овластените претставници на понудувачите можат да учествуваат во постапката на јавно отворање на понудите со давање на свои забелешки во записникот од отворањето на понудите.
5.1.3 Овластените претставници на понудувачите на јавното отворање мораат да носат овластување потпишано од одговорното лице на понудувачот. Сите овластени претставници на понудвачот, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
5.1.4 Јавното отворање ќе се одржи на 15.01.2019 во 10.00 часот, во просториите на Општина Центар - Скопје, барака број 6.
5.1.5 Доставените понуди се отвораат согласно Законот за јавните набавки и тоа: една по една, со читање на името на понудувачот, при што се констатира дали понудите се доставени според точка 4.8 од тендерската документација и дали се електронски потпишан, а потоа се пристапува кон читање на понудите по истиот редослед по кој тие се отворени, освен понудите, кои согласно Законот за јавните набавки, се исклучуваат од натамошната постапка. При тоа, најпрво ќе се отворат и прочитаат измените, замените и повлекувањата на понудите. После тоа се пристапува кон читање на цените на понудата, вклучувајќи какви било попусти. Само попустите кои се прочитани на јавното отворање на понудата ќе се разгледуваат при евалуацијата на понудите. Ниту една понуда нема да биде отфрлена на отворањето на понудите.
5.1.6 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон јавно отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1.7 Во текот на отворањето на понудите се води записник според Правилникот за постапката на отворањето на понудите и Образецот за водење на записник за отворањето на понудите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 154/07). Копија од записникот ќе биде испратена, во рок од 5 дена, од денот на поднесувањето на барањето за добивање на копија од записникот, до сите понудувачи кои поднеле барање.
5.2 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на понудувачите или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
5.3 Исправка на аритметички грешки
5.3.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.3.2 Комисијата за јавни набавки ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и таа ќе се смета обврзувачка за понудувачот.
5.3.3 Ако понудувачот не ја прифати корекцијата на аритметичките грешки, понудата ќе биде отфрлена и ќе биде активирана гаранцијата на понудата и ќе биде објавена негативна референца.
6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган, по спроведената електронска аукција како последна фаза во отворената постапка, договорот му го доделува на економскиот оператор чија понуда има најниска цена.
6.1.2 Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.3 Доколку никој не поднесе нова цена во текот на електронската аукција, а притоа две или повеќе понуди имаат идентична цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.1.4 Доколку во текот на постапката за доделување договор за јавна набавка, најповолната прифатлива понуда согласно условите на постапката е со цена повисока од износот на средства утврден во одлуката за јавна набавка, договорниот орган може да ја измени одлуката и да дообезбеди средства потребни за реализација на договорот, под услов понудената цена да не е понеповолна од реалните цени на пазарот и да не го надминува вредносниот праг пропишан за видот на постапката согласно со Законот за јавните набавки.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој што поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукцијата е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда.
6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
6.3 Правна заштита
6.3.1 Секој понудувач кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.Правото на жалба во постапка која завршува со електронска аукција во однос на утврдување на способноста на понудувачите и целосната евалуација на првичните понуди се остварува по донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач или поништување на постапката.
6.3.2 Жалбата се изјавува во рок од осум дена од денот на:
приемот на записникот од спроведениот технички дијалог, во однос на дејствијата или пропуштањето за преземање дејствија поврзани со спроведување на техничкиот дијалог,
објавувањето на огласот за доделување на договор за јавна набавка во однос на податоците, дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија од огласот,
отворањето на понудите во однос на дејствијата или пропуштањата за преземање дејствија поврзани со тендерската документација, односно постапката за отворањето на понудите,
истекот на рокот за донесување одлука за избор или за поништување на постапката согласно со членот 162 став 2 од ЗЈН во однос на пропуштањето за донесување на одлука за избор или за поништување на постапката во соодветниот рок,
приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право од постапката за доделување на договор за јавна набавка, во однос на утврдувањето на способноста на понудите или евалуацијата на понудите и одлуката или
сознанијата за незаконско водење на постапка за доделување на договор за јавна набавка, најдоцна во рок од една година од денот на завршувањето на спроведената постапка.
6.3.3 Економскиот оператор кој пропуштил да изјави жалба во однос на одредбите од потточка 6.3.2, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
6.3.4 Жалбата треба да ги содржи следниве елементи:
податоци за подносителот на жалбата (име презиме, назив на економскиот оператор, адреса на престојувалиште и седиште),
податоци за застапникот или полномошникот,
назив и седиште на договорниот орган,
број и датум на постапката за доделување на договор за јавна набавка и податоци за огласот за доделување на договор за јавната набавка,
број и датум на одлуката за избор на најповолна понуда, поништување на постапката или други одлуки на договорниот орган,
податоци за дејствијата или пропуштањата за преземање на дејствија од страна на договорниот орган,
опис на фактичката состојба,
опис на неправилностите и образложение по истите,
предлог на докази,
жалбено барање и/или барање за надомест за трошоците на постапката и
потпис на овластено лице.
6.3.5 Подносителот на жалбата е должен да приложи и доказ за уплата на надомест за водење на постапката.
6.3.6 Подносителот на жалбата кој нема седиште на територијата на Република Македонија е должен да определи полномошник за прием на писмена.
6.3.7 Жалбата се изјавува до Државната комисија. Жалбата се поднесува лично или по препорачана пошта истовремено до договорниот орган и до Државната комисија. Денот на поднесување на жалбата по препорачана пошта се смета за ден на поднесување. Во случај на лично поднесување на жалбата договорниот орган е должен да му издаде на подносителот потврда за времето на приемот.
6.3.8 Во постапката пред Државната комисија подносителот на жалбата, покрај административната такса, плаќа и надоместок за водење на постапката во зависност од висината на понудата, и тоа:
до 20.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 100 евра во денарска противвредност,
од 20.000 до 100.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 200 евра во денарска противвредност,
од 100.000 до 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 300 евра во денарска противвредност или
над 200.000 евра во денарска противвредност, надоместок од 400 евра во денарска противвредност.
6.3.9 Во случај на непостоење на понуда, висината на надоместокот за водење на постапката се пресметува врз основа на проценетата вредност на договорот за јавна набавка, при што Државната комисија го известува подносителот на жалбата за висината на надоместокот и рокот во кој треба да достави доказ за негова уплата.
6.3.10 Надоместокот за водење на постапката е приход на Буџетот на Република Македонија.
6.3.11 Договорниот орган не смее да го потпише договорот за јавна набавка и да пристапи кон негово извршување во рок од 12 дена, сметајќи од денот на приемот на одлуката со која се одлучува за поединечно право во постапката за доделување на договорот за јавна набавка, освен:
-во случаите од членовите 99 и 198 од овој закон,
-во случај кога во постапката учествувал само еден понудувач чија понуда е избрана за најповолна или
- во случај на поединечни договори за јавни набавки врз основа на рамковна спогодба.
6.4 Склучување на договорот за јавна набавка
6.4.1 Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 6 примероци на потпишување.
6.4.2 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка во рок од 5 дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
6.4.3 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 6.4.2 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и да ја активира банкарската гаранција на понудата и да објави негативна референца.
6.5 Елементи на договорот кои произлегуваат од спроведената електронска аукција
6.5.1 По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, бидејќи предметот на набавката се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки треба да се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
7. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.1 Начин на плаќање
7.1.1 Плаќањето за изведените работи кои се предмет на Договорот, ќе се врши во рок од 60 дена по достава на финансиска документација (фактура) во Архивата на Општината. Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.2 Времетраење на договорот за јавна набавка
7.2.1 Договорот за јавна набавка ќе биде склучен со времетраење од 2 (две) години од денот на неговото склучување, односно до исполнување на обврските од договорот или исцрпување на средствата предвидени за предметната набавка.
7.3 Рок и начин на извршување на работите
7.3.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува работите, предмет на договорот за јавна набавка согласно техничките спецификации (предмер пресметката) во прилог на огласот на оваа тендерска документација, по добиен писмен налог од страна на Договорниот орган, во рокот утврден во истиот. Рокот утврден во писмениот налог за работа започнува да тече од денот на воведување во работа.
Носителот на набавката е должен работите - предмет на договорот за јавна набавка да започне да ги извршува од денот на воведувањето во работа, а по приемот на писмениот налог, а да заврши со нивна реализација во рок од 60 дена по воведувањето во работа.
Секоја понуда која содржи рок и место на извршување поинакви од тие утврдени во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
7.4 Гарантен рок
7.4.1 Гарантниот рок за квалитетот на изведените работи и вградените материјали изнесува 2 години од предавањето и приемот на работите.
7.5 Договорна казна
7.5.1 Договорната казна изнесува 1%o (1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната договорена цена на работите.
7.6 Задржување на средства како гаранција за отстранување на недостатоците
7.6.1 Договорниот орган нема предвидено задржување на средства како гаранција за отстранување на недостатоците.
7.7 Разлики во цена (корекција на цени)
7.7.1 Корекција на цените на предметот на договорот за јавна набавка не се дозволени и истите ќе останат фиксни за целото времетраење на договорот.
7.8 Авансно плаќање
7.8.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
7.9 Гаранција за квалитетно извршување на договорот
7.9.1 Носителот на набавката се обврзува навременото и квалитетно извршување на предметот на Договорот за јавна набавка, да го гарантира со доставување безусловна банкарска гаранција од банка прифатлива за Договорниот орган.
Банкарска гаранција треба да биде во висина од 10 % од вредноста на договорот без ДДВ.
7.9.2 Гаранцијата од точка 7.9.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
7.9.3 Гаранцијата за квалитетно извршување ќе биде со важност до целосното реализирање на договорот.
7.9.4 Банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
7.9.5 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
7.9.6 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во рок од 5 работни дена од денот на воведување во работа.
7.9.7 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот се доставува во определениот рок, и тоа: по пошта или лично на лицето за контакт од тендерската документација.
7.9.8 Недоставувањето на банкарската гаранција во определениот рок, претставува основ за раскинување на Договорот. Договорниот орган во овој случај го задржува правото на договорна казна и надомет на штета.
7.9.9 Гаранциjата ќе биде активирана во следните случаи:
Доколку носителот на набавката не го почитува договорениот рок и начин на извршување на работите утврден во тендерската документација, по дополнително доставено писмено известување од страна на договорниот орган,
Во случај на несовпаѓање на техничките и квалитативните карактеристики на извршените работи,
Во случај на раскинување на договорот по вина на носителот на набавката;
7.9.10 Доколку дојде до наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот, договорниот орган ќе објави до ЕСЈН негативна референца. За наплатата на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот и за објавувањето на негативна референца на ЕСЈН, носителот на набавката може да покрене спор пред надлежниот суд.
7.9.11 Доколку договорот за јавна набавка е навремено и целосно реализиран согласно договореното, банкарската гаранција за квалитетно извршување, договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од целосното реализирање на договорот.
7.9.12 Гаранцијата за квалитетно извршување на договорот договорниот орган му ја враќа на носителот на набавката по пошта, лично во седиштето на економскиот оператор или лично во седиштето на договорниот орган.
8. ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА
8.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договорот е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите,
се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отварање на понудите
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или
договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или
избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.
9. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка, завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
9.2 Веднаш по завршување на постапката, договорниот орган ги враќа мострите, урнеците и документите кои предвидел дека ќе се вратат на понудувачите во тендерската документација.
10. ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА
Техничката спецификација (предмер пресметката excel табела со 3 Sheets) за конкретната јавна набавка е во прилог на објавениот оглас на ЕСЈН.
Напомена:
Нецелосно пополнета предмер-пресметка (2 фаза, 3 фаза и рекапитулар) ќе се смета како нецелосна и како таква ќе биде отфрлена од страна на Комисијата за јавни набавки.
II. ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Врз основа на огласот број 61/2018 објавен од страна на Општина Центар - Скопје за доделување на договор за набавка на работи - Реконструкција на фасада (фасадна столарија и изолатерски работи) за ОУ Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Општина Центар – Скопје – фаза 2 и 3 со спроведување на отворена постапка, со електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx), и на тендерската документација која ја подигнавме од ЕСЈН, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
II. 1. ОПШТ ДЕЛ
II.1.1.Име на понудувачот: _______________________________________
II.1.2. Контакт информации
Адреса: ____________________________________________________
Телефон: ________________________________________________
Факс: ___________________________________________________
Е-пошта: ________________________________________________
Лице за контакт: __________________________________________
II.1.3. Одговорно лице: __________________________________________
II.1.4. Даночен број: _____________________________________________
II.1.5 Жиро сметка: _____________________________________________
II.1.6.Согласни сме да ја дадеме оваа понуда за предметот на договорот за јавна набавка согласно со цените дефинирани во Листата на цени.
II.1.7. Нашата понудата е составена од следниве делови
Пополнет образец на Понуда составена од II.1 Општ дел, II.2 Листа на цени и II.3 Финансиска понуда ,
Пополнет образец на листа на доверливи информации (ако нема доверливи информации, образецот не мора да се доставува),
документи за докажување на личната состојба,
документи за докажување на способноста за вршење на професионална дејност,
докази за исполнување на техничката или професионалната способност,
докази за исполнување на стандард за систем за квалитет
договор за групна понуда и овластување за претставникот (доколку се работи за групна понуда),
известување за подизведувачи (доколку има),
банкарска гаранција на понудата и
изјава за независност на понудата.
II.1.8. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со член 169 од Законот за јавните набавки.
II.1.9 Нашата понуда важи за период утврден во тендерската документација.
II.1.10 Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација.
Место и датум
___________________________
|
Одговорно лице
______________ (потпис и печат) |
II.2. ТЕХНИЧКА ПОНУДА / ЛИСТА НА ЦЕНИ
Техничката спецификација (предмер пресметката) за конкретната јавна набавка е во прилог на објавениот оглас на ЕСЈН.
II.3. ФИНАНСИСКА ПОНУДА
Вкупната цена на нашата понуда за јавната набавка на работи - Реконструкција на фасада (фасадна столарија и изолатерски работи) за ОУ Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Општина Центар – Скопје – фаза 2 и 3 искажана во денари, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ (со бројки) изнесува:
______________________________________________________________
Со букви:______________________________________________________
Вкупниот износ на ДДВ-то изнесува:
_____________________________________________
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис)* |
*Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА
И З Ј А В А
Јас, долупотпишаниот _________________________________ [име и презиме], врз основа на член 129 став 2 од Законот за јавните набавки, а во својство на одговорно лице на понудувачот _____________________________________________________________, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека понудата во постапката со оглас број 61/2018 за јавна набавка на работи - Реконструкција на фасада (фасадна столарија и изолатерски работи) за ОУ Xxxxxxx Xxxxxxxxx, Општина Центар – Скопје – фаза 2 и 3ја поднесувам независно, без договор со други економски оператори на начин кој не е спротивен на прописите за заштита на конкуренцијата.
Истовремемено, под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека при доставувањето на понудата од постапката број 61/2018 не учествувам со други економски оператори со кои сум капитално, сопственички или роднински поврзан.
Исто така, изјавувам дека сум целосно свесен за последиците од давање на невистинити наводи во изјавата, што може да доведе до поведување на постапка за утврдување прекршочна или кривична одговорност против понудувачот во чие име и за чија сметка сум овластен да ја дадам оваа изјава.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице
___________________________ (потпис)** |
*Изјавата за независна понуда не може да гласи на ниту едно друго лице освен на одговорното лице.
**Овој образец се потпишува електронски со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице. Доколку образецот е потпишан од лице овластено за дигитално потпишување, тогаш истиот задолжително треба да е своерачно потпишан од одговорното лице, скениран и на таков формат да биде аплициран дигитален потпис.
ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи
|
Бројот на страниците со тие информации, |
Причини за доверливост на тие информации |
Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
|
ОБРАЗЕЦ ЗА ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ4
1. Назив на економскиот оператор / претставник на група економски оператори / член на група економски оператори:
|
|
|
|
2. Адреса на седиштето:
|
|
3.Телефон:
|
4. Контакт: |
5.Факс:
|
6.e-mail: |
7. Место на основањето/регистрацијата:
|
8. Година на основањето/регистрацијата:
|
9. Основни дејности на економскиот оператор:
|
1 Електронско средство во кое се јавува електронскиот потпис и кое го заменува своерачниот потпис.
2 Линк „Регистрирај се“ во делот „Економски оператори“ на почетната страна на ЕСЈН
3 Доколку е потребно да се издаде негативна референца на групата понудувачи а некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, договорниот орган ќе ја објави негативната референца за сите членови на групата, при што нерегистрираните претходно ќе ги регистрира на ЕСЈН врз основа на доставените податоци од понудата.
4Во случај на групна понуда, образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори.
39