Договорна казна Примери за клаузули

Договорна казна. Во случај на неовластено оддавање на било која доверлива информација опфатена со овој Договор од страна на една од договорните страни, таа е должна на другата договорна страна да и ја надомести настанатата штета. Висината на штетата ја утврдува независен претставник кој го определува Царинската управа.
Договорна казна. Во случај на доцнење на изведба на работите од страна на Изведувачот , Нарачувачот има право на надомест на штета и договорна казна – пенали . Договорната казна се определува во висина од 1% од вредноста на неизведените работи за секој започнат ден , за првите две недели . Во случај на доцнење на изведбата повеќе од две недели , Нарачувачот има право по претходно доставено писмено известување до Изведувачот , да го раскине Договорот и да бара надомест на штета и да бара наплата на гаранцијата за квалитетно извршување на договорот .
Договорна казна. (1) Доколку во нарачката договорната казна не е определена според наод на Набавувачот, во вкупен износ или на некој друг начин, во случај на задоцнување со исполнувањето, ќе се наплатува договорна казна и тоа: (2) Добавувачот се обврзува да плати договорна казна на Набавувачот во случај на задоцнување со исполнувањето (испораката/ извршување на услугата), како и при задоцнување со исполнувањето на други обврски (поправка и замена на несоодветната опрема/ услуга) во висина од 1% дневно и/или час од вредноста на нарачката, а најмногу до 30% од вкупната вредност на нарачката. (3) Основица за пресметување на договорната казна претставува нарачката, односно вкупниот износот без ДДВ). (4) Доколку Набавувачот претрпел штета која го надминува износот на договорната казна, Набавувачот ќе бара и разлика до целосниот надомест на штета. (5) За штетите кои ќе ги предизвика Добавувачот со неисполнувањето на своите обврски од нарачката и овие Општи услови за набавка, Добавувачот е должен да му ги надомести на Набавувачот. (6) Набавувачот го задржува своето правото да бара договорна казна поради задоцнување и во случај ако Набавувачот го примил исполнувањето на обврската. (7) Доколку Добавувачот е одговорен за направена штета врз основа на одговорност за материјалните недостатоци на предметот на набавката (Product liability), тој се обврзува да го обесштети Набавувачот во случај на барања за оштета од трети лица. Набавувачот треба веднаш да го извести Добавувачот за таквите барања за оштета при што нема да врши плаќања или да ги признава барањата без консултација.
Договорна казна. 1.9.1 Договорната казна на поединечните договори склучени врз основа на оваа рамковна спогодба ќе изнесува 1%o (1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната договорена цена на работите на поединечните договори. Договорната казна треба да се исплати во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на писменото известување за договорна казна.
Договорна казна. Договорната казна во одделни правни системи
Договорна казна. Доколку во нарачката договорната казна не е определена според наод на Набавувачот, во вкупен износ или на некој друг начин, во случај на задоцнување со исполнувањето, ќе се наплатува договорна казна и тоа: o Добавувачот се обврзува да плати договорна казна на Набавувачот во случај на задоцнување со исполнувањето (испораката/ извршување на услугата), како и при задоцнување со исполнувањето на други обврски (поправка и замена на несоодветната опрема/ услуга) во висина од 1% дневно и/или час од вредноста на нарачката, а најмногу до 30% од вкупната вредност на нарачката.
Договорна казна. Договорните страни се согласија за исплата на договорна казна при повреда на одредбите од овој договор. Повредите за кои е определена можност за договорна казна, износот на договорната казна и рокот за исплата на договорна казна се утврдени со овој договор. Со утврдување на договорната казна, здравствената установа се обврзува веднаш да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записникот/извештајот од извршената контрола. Во случај кога со записник од извршена контрола е утврдена опомена пред изрекување на договорна казна предвидена во член 23 и истата нема да биде отстранета во рок од 8 дена, по записник од повторна контрола Комисијата за оценување на услови за изрекување на договорна казна изготвува предлог за изрекување на најниската договорна казна. По известување од надлежни сектори во Фондот за настаната повреда предвидена во член 23, Комисијата за оценување на услови за изрекување на договорна казна изготвува предлог за опомена и при повторна повреда од ист вид во текот на последователни 12 месеци, Комисијата изготвува предлог за изрекување на најниската договорна казна. При утврдување на повреди во записникот/извештајот за кои е предвидена договорна казна и еднострано раскинување на договорот, се применува едностраното раскинување на договорот со установата, организационата единица/работната единица или лекарскиот тим, за утврдената повредата. Доколку при повторна контрола, во текот на последователни 12 месеци, се утврди дека повторно е направена иста повреда на договорните одредби за која веќе е изречена договорна казна, се изрекува повисоката договорна казна. Доколку претходно изречената договорна казна е највисоката договорна казна, за повторната повреда ќе се изрече договорна казна во двоен износ. Во случај кога во текот на важноста на договорот на здравствената установа два пати е изречена договорна казна и при повторна контрола е утврдена иста повреда по трет пат, ќе се изрече договорна казна во износ три пати поголем од највисоката договорна казна. Во случај кога во текот на важноста на договорот на здравствената установа три пати е изречена договорна казна и при повторна контрола е утврдена иста повреда по четврт пат, Фондот ќе го раскине договорот со здравствената установа, организационата единица/работната единица или лекарскиот тим, за утврдената повредата. Рокот за исплата на договорната казна изнесува 30 дена од денот на доставувањето на конечното известување од Фондот, со што се врши уплата на договорната казна на сметката на ...
Договорна казна. Во случај на доцнење со испораката на предметот на набавката од страна на Носителот на набавката, Договорниот орган има право на надомест на штета.
Договорна казна. 22.8.1 Договорната казна на поединечните договори склучени врз основа на оваа рамковна спогодба ќе изнесува 1‰ (1 промил) од вкупната договорена цена на работите за секој ден задоцнување ако работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната договорена цена на работите на поединечните договори. Договорната казна треба да се исплати во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на писменото известување за договорна казна.
Договорна казна. 7.7.6.1 Во случај на доцнење со извршувањето на работите од страна на носителот на набавката, договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна. 7.7.6.2 Договорната казна изнесува 1‰(еден промил) од вкупната договорена цена на работите од налогот за секој ден задоцнување доколку работите не се завршат во предвидениот рок, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5% од вкупната цена на работите. 7.7.6.3 Во случај кога извршувањето на работите доцни, потребно е веднаш од страна на Договорниот орган по приемот на документација да му врачи на Носителот на набавката писмено известување дека договорниот орган има право да бара исплата на договорна казна. 7.7.6.4 Договорната казна треба да се исплати во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на писменото известување за договорна казна. Ако штетата што ја претрпел Договорниот орган е поголема од износот на договорната казна, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.