Предмет на набавката Примери за клаузули

Предмет на набавката. Предмет на набавка на ДЕЛ 1 е набавка и испорака на хардверска опрема, системски софтвер и бекап решение, како и услуги за инсталација и конфигурација на истите, со цел да се воспостави инфраструктура за централна консолидација на ИКТ системите, на која потоа Царинската управа ќе изврши миграција на тековните софтверски апликации на ИКТ системите и за нив ќе воспостави решение за централизиран бекап. Инфраструктурата вклучува набавка и испорака на следната хардверска опрема и системски софтвер, со подетални карактеристики дадени во точките од 2.1 до 2.8: - сервери за виртуелизација на серверите со бази на податоци, апликативните и веб серверите, - уред за складирање, - системски софтвер за инсталација и конфигурација на опремата, - хардверска опрема и софтвер за централизирано бекап решение, - уреди за непрекинато напојување (УПС), - Rack ормар соодветен за понудената хардверска опрема Понудувачот треба да испорача и Oracle лиценци на име на Царинска управа, доколку наведените Oracle лиценци, во Прилог 3 на оваа спецификација, не се доволни или компатибилни за реализацијата на услугите од точка 2.7 од оваа спецификација. Серверите за виртуелизација на серверите со бази на податоци, апликативните и веб серверите и уредот за складирање, треба да ги задоволуваат минималните карактеристики од точка 2.1. и 2.2. од оваа спецификација и истите не мора да бидат физички одвоени, односно можат да бидат и дел од една хардверска целина, во зависност од типот на понудената опрема. Серверите за виртуелизација на серверите со бази на податоци, апликативните и веб серверите, заедно треба да поседуваат минимум 1 TB RAM меморија, за да можат да ги покријат вредностите за RAM меморија по системи наведени во Прилог 1. Предмет на оваа набавка е и реализација на услуги за инсталација и конфигурација на хардверската опрема со потребниот системски софтвер и бекап на податоци на новата инфраструктура, наведени во точките од 2.7 до 2.9 од оваа спецификација. За целокупната хардверска опрема и системски софтвер предмет на оваа набавка, Носителот на набавката треба да обезбеди најмалку 3 години гаранција со поддршка од производителот на опремата и системскиот софтвер, согласно наведеното во точка 5 Гарантен период.
Предмет на набавката. Царинската управа има потреба од набавка на услуги за тековно одржување на Системите за видеоназор (CCTV) и препознавање на регистарски таблички (ANPR), во период од 12 месеци.
Предмет на набавката. 3.1. Предметот на набавката е : резервација и купување авиобилети и превоз до и од аеродромите во Република Македонија, за потребите на Државниот завод за ревизија- Скопје, сукцесивно согласно потребите на набавувачот за период од една година. 3.2. Со најдобро рангираниот понудувач по Отворениот повик, Набавувачот ќе склучи едногодишен Рамковен договор за реализација на конкретни набавки за резервација и купување на авиобилети и превоз до и од аеродромите во Република Македонија, кое ќе се реализира сукцесивно за период од една година. 3.3. Обемот на набавката е во зависност од потребите на Набавувачот. 3.4.Тендерската документација заинтересираните понудувачи ќе можат да ја подигнат од денот на објавувањето на Отворениот повик бр.11/06 секој работен ден од 09,00 до 15,15 часот на 3-ти кат во архивата на Државниот завод за ревизија-бесплатно. 3.5. Набавката е неделива. 3.6. Понудата на понудувачот која нема да ги содржи сите позиции од одделен дел во Тендерската документација, ќе се смета за некомплетна и нема да биде разгледувана.
Предмет на набавката. Ревитализација на ДВ 2x110kV крак “Вапила – ТС Охрид 1“ - Изработка на проектна документација
Предмет на набавката. Царинската управа на Република Македонија има потреба од набавка на телекомуникациски услуги за VPN (Виртуелна приватна мрежа) – мрежно поврзување на дадени локации и дизајн на мрежна инфраструктура - по спецификација, во период од потпишување на договорот за јавна набавка до 11.09.2019 година. Рокот за активирање на бараните услуги на секоја локација е максимум 45 дена од денот на потпишување на договорот. Локациите на Царинската управа за кои се однесува оваа набавка на услуги се следните: 1. Царинска управа - централна управа, ул. Лазар Личеноски 13 Скопје, 42°00'05.1"N 21°25'50.9"E; 2. Царинарница Скопје, ул. Колекторска бб Скопје, 41°59'57.5"N 21°28'31.0"E;
Предмет на набавката. Предмет на набавката е испорака на електрична енергија за сопствени потреби за објектите, трафостаниците и Управната зграда во сопственост на АД МЕПСО за 2021 година согласно прогнозираните количини на електрична енегија дадени во Табела бр.2 . Преглед на објектите, трафостаниците и Управната зграда во сопственост на АД МЕПСО како и останатите податоци за овие мерни места се дадени во Табела бр.1. Објект Број корисник во ф-ра ЕВН Македонија Бр. место на потрошувачка Напонско ниво и категорија на приклучок 1 TC ОХРИД 1 008198290 000000000068 СН/НН LV1.2 2 TC ОХРИД 2 008198290 000000000081 СН/НН LV1.2
Предмет на набавката. Поправка на OMICRON CMC356
Предмет на набавката е Работна облека и постелнина (по спецификација). Детален опис на предметот на набавка е даден во техничката спецификација.
Предмет на набавката. Набавка на хлор – по спецификацијата, за потребите на ЈП “Водовод и канализација” Скопје, со седиште на ул. Лазар Личеноски бр. 27 Скопје. Набавката не е делива. Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и бараните количини е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација.
Предмет на набавката. Набавка на фреквентни инвертори и софт-стартери – по спецификација, за потребите на ЈП “Водовод и канализација” Скопје, со седиште на ул. Лазар Личеноски бр. 27 Скопје. Набавката не е делива. Понудувачот треба да даде понуда за целиот предмет на договорот за јавна набавка. Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка и бараните количини е даден во техничките спецификации кои се составен дел на тендерската документација. Договорниот орган го задржува правото да не ја исполни набавката во целост.