Friendship Agreement Sample Contracts

… веројатно најподмолниот дел на ПД е што преку отворање- то на патот кон ЕУ за Северна Македонија, тој истовремено го отвори и патот за Бугарија да ја спроведе својата политика на негирање спрема македонскиот јазик и да положи право на сите...
Friendship Agreement • December 22nd, 2021

За целите на ова истражување беа прегледани и анализирани сите академски извори за да се направи преглед на литературата посветена на првиот од двата билатерални (пријателски) договори потпишани од македонската Влада, односно на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (од 1 август 2017 година) и Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 г. и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните (познат како Преспански договор, ПД). До моментот на пишување на оваа статија, не е објавен ниту еден академски труд кој би се фокусирал исклучиво на до- говорот со Бугарија и/или на неговата синергија со ПД. Напротив, биб- лиографијата која се однесува на ПД забрзано расте (да споменеме само некои, може да се види кај Chryssogelos and Stavrevska 2019; Neofotistos 2021; Vlachov