Осигурувач САВА осигурување x.x. Скопје
Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од волјата на осигуреникот настан врз основа на кој настануваат обврските на осигурувачот од договорот за осигурување, односно настан предизвикан од осигурен ризик;
Осигуреник “ - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;
Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда;
Понуда “ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;
Премија износ што се плаќа по договорот за осигурување;
Тендерска документација “ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;
Алтернативна понуда “ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;
Корисник “ - лице на кое се врши исплата на осигурената сума односно надоместот;
Носител на набавката “ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;
Прифатлива понуда “ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;
Економски оператор “ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;
Електронски систем за јавни набавки “ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;
Полиса “ - документ на договорот за осигурување