ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО Примери за клаузули

ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. За секој новодојден член, осигурувањето започнува без претходно пријавување во 24:00 часот на денот на стапување во членството, а престанува за секој член во 24:00 часот оној ден кога престанало неговото членство.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. [1] Ова осигурување стапува во сила од моментот кога стоката ќе го напушти складиштето или местото на вскладиштување во местото наведено во полисата како појдовно и се настанува за време на вообичаениот тек на превозот и зарвшува со: 1.Испорака на стоката во складиштето на примачот или друго последно складиште или место на вскладиштување во одреденото место наведено во полисата, или со испорака во било кое друго складиште или место на вскладиштување, без оглед дали тоа се наоѓа во одреденото место наведено во полисата илипред него кое осигуреникот го избрал за вскладиштување вон од вообичаениот превоз за тоа, заради доставување или распределба или со истек на рокот од 7 дена сметајќи од денот кога осигурената стока стигнала воодреденото место наведено во полисата според тоа што ќе настапи. 2.Стоката останува осигурена и за време на чување во попатните складишта, но не подолго од 30 дена од денот на предавањето во складиштето. 3.Ако превозникот ја предаде стоката по јавнотоскладиште поради тоа што постојат пречки за испорака, стоката останува осигурена за времена чување во јавното складиште, но не повеќе од 14 дена од денот на предавање на стоката во тоа складиште. 4.Ако превозникот ја предаде стоката во јавно складиште по налог на осигуреникот или лицето за кое осигуреникот одговара или по нивна вина, осигурувањето престанува со предавање на стоката во нивното складиште, освен ако поинаку не се договори.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето во однос на секој поодделен излетник, почнува од моментот кога дошол на собирното место за поаѓање за излет, а престанува во моментот на напуштањето на местото определено за враќање на излетникот непосредно по враќањето, односно во моментот на оддалечувањето од местото определено за купување билет или за пријавување за заминување на излет.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24:00 часот во оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето за сите потрошувачи што биле тој ден воведени во службените евиденции на потрошувачи на договорувачот на осигурувањето, односно и членовите на нивното семејство. За секој нов потрошувач, односно член на неговото домаќинство, осигурувањето започнува во 24:00 часот на денот кога бил запишан во службените евиденции на договорувачот на осигурувањето. За секој одделен потрошувач, осигурувањето престанува во 24:00 часот оној ден кога го загубил својството на потрошувач во смисла на претходниот член.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. [1] Осигурувањето започнува со почетокот на товарањето на предметите на превозното средство, а завршува во моментот кога предметите се истоварени од превозното средство на крајното одредиште. [2] Ако произведувачот или продавачот ја доставува стоката до станот или куќата на корисникот на стоката, со ова осигурување се покриени и настанатите штети за време на доставата и тоа до местото до кое продавачот преземал обврска да ја достави стоката.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. [1] Обврската на осигурувачот од договорот за осигурување стапува на сила по истекот на 24 часот од денот кој во полисата е наведен како почеток на осигурување, доколку не е поинаку договорено. [2] Обврската на осигурувачот престанува по истекот на 24 часот од денот кој во полисата е означен како крај на осигурување. Ако во полисата е наведен само почетокот на осигурување, осигурувањето се продолжува од година во година со плаќање на доспеаната премија, се додека една од договорните страни не го откаже осигурувањето. Осигурувањето мора да се откаже најмалку три месеци пред истек на тековната година на осигурување. [3] Со отуѓување на превозното средство, правата од полисите не се пренесуваат на новиот сопственик.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24,00 часот оној ден кој е означен како почеток на осигурувањето и престанува во 24,00 часот оној ден кој во полисата е наведен како ден на истек на осигурувањето.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. Кај осигурувањето на одредено време, осигурувањето почнува да тече по европско време во 0.00 часот на првиот, а се завршува во 24.00 часот на последниот ден предвиден во полисата. Ако осигурувањето на бродот завршува во време додека бродот се наоѓа на патување, осигурувањето се продолжува до првото наредно пристаниште со доплатна премија, ако осигуреникот од тоа не се откаже пред завршување на осигурениот период.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Ако во полисата не е поинаку договорено, осигурувањето започнува во 24:00 часот оној ден што е означен во полисата како почеток на осигурувањето за секој штедач што тој ден бил заведен во пропишаната евиденција на договорувачот. (2) За секој нов штедач осигурувањето започнува во 24,00 часот оној ден кога по пропишана постапка е заведен во евиденцијата на договорувачот. (3) За секој одделен штедач осигурувањето престанува во 24,00 часот оној ден кога по определена пропишана постапка е избришан од евиденцијата на договорувачот.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО. (1) Осигурувањето започнува од моментот на поаѓањето од дома на пат во странство, но не порано од почетокот означен во полисата и трае до враќањето дома, а најдоцна до 24:00 часот оној ден што е означен во полисата како ден на истен на осигурувањето. (2) Траењето на осигурувањето може да се продолжи со додаток кон полисата и се плаќа доплатна премија.