Дефиниција на Несреќен случај

Несреќен случај е секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој дејствувајќи главно однадвор и одеднаш на телото на осигуреникот, има за последица нарушување на здравјето за кое е потребна лекарска помош, односно лекување во болница.;
Несреќен случај е секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој дејствувајќи главно однадвор и одеднаш на телото на осигуреникот, има за последица негова смрт, целосен или делумен инвалидитет, привремена неспособност за работа или нарушување на здравјето за кое е потребна лекарска помош, односно лекување во болница. За несреќни случаи се сметаат: прегазување, судир, удар со или од каков било предмет, удар од електрична струја или гром, пад, лизгање, ранување со оружје или други предмети или експлозивни материи, убод од каков било предмет, удар или каснување од животни и убод од инсекти, освен ако со таквиот убод е предизвикана некаква инфективна болест, труење со храна или хемиски средства од незнаење на осигуреникот, освен професионални заболувања, инфекција на повреди предизвикани од сообраќајна несреќа, труење поради вдишување на плин или отровни пареи, освен професионални заболувања, изгореници од оган или електрицитет, жешки предмети, течности или пареи, киселини, алкали и сл., давење и потопување, гушење или задушување поради затрупување;
Несреќен случај несреќен случај во смисла на овие услови е сообраќајна незгода во која учествувало осигуреното возило, во која дошло до повреда на возачот и патниците, и која за последица имала нарушување на здравјето на овие лица;

Examples of Несреќен случај in a sentence

  • Несреќен случај на вработените или работниците кој може да настане за време на периодот на осигурување во текот на работното време и кој може да предизвика смрт, делумен или траен инвалидитет, без разлика дали се случило по грешка на осигуреникот, негов заменик или негов вработен или е последица на виша сила.

  • Несреќен случај е секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој за време на користење на велосипедот, дествувајќи одненадеж и однадвор врз телото на осигуреникот, со механичка сила или хемиски, ќе предизвика телесни повреди или смрт на осигуреникот.


More Definitions of Несреќен случај

Несреќен случај е секој ненадеен и независен настан од волјата на осигуреникот, којшто дејствува главно од надвор и одеднаш врз телото на осигуреникот, има за последица нарушување на здравјето за кое е потребна лекарска помош, односно лекување во болница. За несреќен случај се смета следново: прегазување, судир, удар со или од каков било предмет; удар од електрична струја или гром, пад, лизгање, тркалање, ранување со оружје или други предмети или експлозивни материи; убод со каков било предмет, удар или каснување од животни и убод од инсекти, освен ако со таквиот убод е предизвикана некаква инфективна болест; труење со храна или хемиски средства поради незнаење на осигуреникот, освен професионални заболувања; инфекција на повреди предизвикани од сообраќајна незгода; труење поради вдишување на плин или отровни пареи, освен професионални заболувања; изгореници од оган или електрицитет, жешки предмети, течности или пареи, киселини, алкали и слично; давење и потопување, гушење или загушување поради затрупување;
Несреќен случај е секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан, кој дејствувајќи главно од надвор и одеднаш на телото на осигуреникот, има за поседица негова смрт, целосен или делумен инвалидитет, привремена неспособност за работа или нарушување на здравјето за кое е потребна лекарска помош, односно лекување во болница. - Претходна здравствена состојба е болест, состојба, односно повреда (вклучувајќи здравствени потешкотии, знаци на болест или симптоми) за која е утврдено дека настанала пред склучување на осигурувањето, односно постоела при склучувањето на осигурувањето, без оглед на тоа дали била дијагностицирана, односно лекувана и позната на осигуреникот или не можела да остане непозната;
Несреќен случај е секој ненадеен, неочекуван и непредвиден настан кој се случува вон волјата на осигуреникот, кој може да се идентификува за време и место на случување, и кој има директно надворешно и насилно влијание врз телото на осигуреникот, има за последица нарушување на здравјето кое бара медицинска помош.
Несреќен случај настан кој може да има за последица поставување на еден или повеќе отштетни побарувања против договарачот.

Related to Несреќен случај

  • Осигурен случај е иден, неизвесен и независен од волјата на осигуреникот настан врз основа на кој настануваат обврските на осигурувачот од договорот за осигурување, односно настан предизвикан од осигурен ризик;

  • Премија износ што се плаќа по договорот за осигурување;

  • Корисник “ - лице на кое се врши исплата на осигурената сума односно надоместот;

  • Полиса “ - документ на договорот за осигурување

  • Прифатлива понуда “ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;

  • Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда;

  • Осигурувач САВА осигурување x.x. Скопје

  • Понуда “ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;

  • Осигуреник “ - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;

  • Тендерска документација “ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;

  • Алтернативна понуда “ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;

  • Носител на набавката “ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;

  • Економски оператор “ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;

  • Електронски систем за јавни набавки “ е единствен компјутеризиран систем достапен на интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност и економичност во областа на јавните набавки;