Дефиниција на Траен налог

Траен налог е инструкција дадена од плаќачот (Корисникот) на давателот на платежни услуги којшто ја одржува платежната сметка (Банката) да извршува трансфери во редовни временски интервали или на однапред утврдени датуми од платежната сметка на Корисникот.
Траен налог инструкција дадена од плаќачот на давателот на платежни услуги којшто ја одржува платежната сметка, за извршување на кредитни трансфери во редовни временски интервали или на однапред утврдени датуми;
Траен налог е инструкција дадена од плаќачот (Корисникот) на давателот на платежни услуги којшто ја одржува платежната сметка (Банката) да извршува трансфери во редовни временски интервали или на однапред утврдени датуми од платежната сметка на Корисникот. За извршување на трајниот налог, Банката и Корисникот на платежна сметка потпишуваат Договор за налог односно Договор за траен налог. Корисникот со трајниот налог ја овластува банката да ја задолжува и да врши плаќања од неговата платежна сметка на износи и динамика и во корист на платежни сметки наведени во самиот траен налог. Банката го реализира трајниот налог на договорениот ден од месецот, а доколку се работи за неработен ден, трајниот налог се реализира следниот работен ден. Трајниот налог се реализира доколку на почеток на работниот ден Корисникот има расположливо салдо за процесирање на целиот износ на трајниот налог. Банката нема да го реализира трајниот налог отворен за плаќање на фактури кон издавачи со кои Банката има склучено Договор за наплата доколку на денот на наплата на платежната сметка нема доволно средства за целосна реализација на трајниот налог. За трајни налози отворени за плаќање на кредитни производи кои ги користи Корисникот, доколку на денот на наплата, на сметката нема доволно средства за целосна аплата на наведениот износ, банката ќе го реализира трајниот налог во висина на расположливите средства на сметката. Доколку сметката на Корисникот е блокирана или ако сметката е затворена, банката нема да го реализира трајниот налог, при што сите материјални и штетни последици поради нереализрањето или нецелосно реализирање на трајниот налог ги сноси Корисникот и паќаат на негов товар. Доколку датата на реализација на трајниот налог паѓа во неработен ден, налогот се реализира првиот следен работен ден. Корисникот може да даде траен налог со кој ќе ја овласти банката во негово име и од средствата на неговата платежна сметка да врши: - редовни плаќања кон сметки на физички или правни лица кои имаат отворено сметка во банката или сметки отворени во друга банка, - пренос на сопствен депозит во банката, - отплата на кредити, наплата на надоместок, отплата на кредитни картички издадени од банката и друго. Банката го извршува плаќањето во валутата и согласно инструкции наведени во самиот траен налог. Корисникот може да го отповика трајниот налог во секое време, под услов со отповикувањето да не се прекршува договорна обврска на Корисникот спрема банката по било кој договор склучен помеѓу нив. Корисник...

Related to Траен налог

  • Носител на набавката “ е понудувач или група на понудувачи кои склучиле договор за јавна набавка;

  • Економски оператор “ е секое физичко или правно лице или група на такви лица кои на пазарот нуди стоки, услуги или работи;

  • Прифатлива понуда “ е понуда која е поднесена во утврдениот рок и за која е утврдено дека во потполност ги исполнува сите барања од тендерската документација и техничките спецификации и одговара на сите критериуми, условите и евентуалните барања за способноста на понудувачите;

  • Алтернативна понуда “ е понуда со која се нудат поинакви карактеристики на предметот на договорот за јавна набавка од оние утврдени во тендерската документација;

  • Осигурувач САВА осигурување x.x. Скопје

  • Понудувач “ е секој економски оператор кој поднел понуда;

  • Понуда “ е предлог од понудувачот изготвен врз основа на тендерската документација и претставува основа за доделување на договорот за јавна набавка;

  • Тендерска документација “ е збир на документи, информации и услови кои претставуваат основа за изготвување, доставување и оценување на пријавата за учество, односно понудата;

  • Осигуреник “ - лице чиј имотен интерес е осигурен. Договорувачот на осигурување и осигуреникот се исто лице, освен при осигурување на туѓа сметка;

  • Полиса “ - документ на договорот за осигурување