Начин, рок и место на извршување на услуги Примери за клаузули

Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен во временски период од 12 (дванаесет) месеци од денот на склучување на Договорот да ги извршува услугите - предмет на Договорот во просториите на Царинска управа на Р.Македонија, ул.,,Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје и/или преку дозволен далечински пристап, а на начин и во рокови согласно барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен услугите-предметот на договорот да ги извршува на начин и на места согласно наведеното во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда за секој ДЕЛ пооделно, како и да започне да ја извршува услугата во рок од 24 часа од доставување на налог по електронска пошта или усно даден налог и конечно да ја изврши во рок од 72 часа .
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги испорача стоките и да ги реализира услугите со нив поврзани согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација за секој ДЕЛ пооделно, а во следните рокови: ➢ За ДЕЛ 1 - рокот на испорака на хардверот-предмет на набавка е 45 дена од потпишување на договор, додека рокот на реализација на услугите за инсталација и конфигурација на хардверската опрема со потребниот системски софтвер, вклучувајќи и бекап на податоци од мигрираните апликации е 9 месеци од денот на потпишување на договорот. ➢ За ДЕЛ 2, ДЕЛ 3 и ДЕЛ 4 - рокот на испорака на стоката-предмет на набвка е 45 дена од потпишување на договор. Местото на испорака на предметот на набавка е на ул. Лазар Личеноски бр.13 Скопје, Р. Македонија - за сите Делови
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот во рок од 45 дена, сметано од денот на склучување на договорот, на следната локација: Царинска управа на Република Македонија, ул. „Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите - предмет на Договорот на начин, во рокови и на места согласно барањата и условите наведени во техничката спецификација од тендерската документација и законските одредби кои ја регулираат оваа материја.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ја испорачува електричната енергија – предмет на договорот, сукцесивно во период од 12 (дванаесет) месеци, од денот на почетокот на испорака на електричната енергија преку соодветниот електроенергетски систем до сите мерни места на Царинска управа на РМ, на цела територија на Република Македонија, наведени во техничката спецификација. Договорниот орган го задржува правото да врши зголемување или намалување на бројот на мерни места, според потребите. Мерните места наведени во техничката спецификација во текот на важноста на договотот можат да се променат, а носителот на набавката е должен да испорача електрична енергија до сите мерни места вклучуваќи и нови кои ќе бидат пријавени од страна на Договорниот орган.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ја испорачува електричната енергија – предмет на договорот сукцесивно во период од 12 ( дванаесет ) месеци, преку соодветниот електроенергетски систем до сите мерни места на Царинска управа на РМ, на цела територија на Република Македонија, од денот на потпишувањето на договорот.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ја изврши услугата-предмет на договорот во максимален рок од 5 (пет) дена по претходно добиено писмено барање од договорниот орган - Царинската управа. Услугата-предмет на договорот ќе се извршува сукцесивно во временски период од 12 (дванаесет) месеци, а согласно барањата наведени во техничката спецификација од тендерската документација.
Начин, рок и место на извршување на услуги. 7.2.1 Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите-предмет на договорот според описот наведен во техничката спецификација од тендерската документација и на следнава локација: Царинска управа на Република Македонија, Сектор за ИКТ, ул.,,Лазар Личеноски‘‘, број 13, 1000 Скопје. Носителот на набавката е должен да ги извршува услугите во временски период од 12 (дванаесет) месеци од денот на склучување на договорот, и тоа: - Превентивното одржување на ИИС системот и неговите компоненти треба да се извршува задолжително еднаш неделно но може и повеќе пати ако има потреба во решавање на некој проблем, во редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот (понеделник до петок), освен за време на национални празници или неработните денови во Република Македонија.

Related to Начин, рок и место на извршување на услуги

  • Гаранција за квалитетно извршување на договорот 7.5.1 Услов за потпишување на договорот со избраниот најповолен по- нудувач е обезбедување гаранција од страна на избраниот најповолен по- нудувач за квалитетно извршување на договорот во висина од 10% од вкупната вредноста на договорот со вклучен ДДВ.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е часот. година, во

  • Период на важност на понудата 4.5.1 Понудите треба да важат најмалку 365 дена од денот на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Доколку денот на отворањето на понудата е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Содржина на понудата 4.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација во електронска форма и се состои од следниве елементи: - пополнет образец на понуда составен од ОПШТ ДЕЛ и ТЕХНИЧКА И ФИНАНСИСКА ПОНУДА; - договор за групна понуда (задожително се доставува заедно со понудата, само во случај на групна понуда); - документи за утврдување на личната состојба наведени во тендерската документација; - документи за утврдување на способноста за вршење на професиоална дејност наведени во тендерската документација; - изјава за сериозност на понудата; - изјава за независна понуда (во случај на групна понуда, секој член на групата на понудувачи ја поднесува изјавата за независна понуда за својот субјект/правно лице, односно самостојно), - пополнет образец за општи информации (во случај на групна понуда образецот со општи информации се пополнува за секој член на групата на економски оператори), - пополнет образец на листа на доверливи информации (образецот не мора да се доставува ако нема доверливи информации). - Известување за елементите на договорот кои економскиот оператор има намера да го отстапи на подизведувач/и (се доставува само доколку постои каква намера) .

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје.