Осигурени случаи Примери за клаузули

Осигурени случаи. Идните, неизвесни настани, кои се случуваат независно од единствената волја на корисникот и кои му даваат право на корисникот да ги користи поволностите и кои се опфатени со овие Општи услови се следните:
Осигурени случаи. Под итен случај, во смисла на овие Општи услови, се смета изненаден и неочекуван случај согласно членот 1 став 15, кој резултирал со оштетување, односно уништување на имотот на корисникот и чие итно санирање е нужно со цел да се спречи:
Осигурени случаи. 1. Осигурен случај во смисла на овие Услови е: • Доживување по истекување на осигурувањето; • Смрт на Осигуреникот за времетраење на осигурувањето; • Настанување на одредени тешки болести (член 5.3.1.- 5.3.10) за времетраење на осигурувањето; • Настанување на одредени тешки болести кај децата на Осигуреникот за времетраење на осигурувањето (член 5.3.1.- 5.3.12). 2. Ќе се смета дека кај осигуреникот тешките болести се јавиле прв пат за времетраење на осигурителното покритие доколку: • Според постојната медицинска документација без сомнеж може да се утврди дека Осигуреникот не боледувал од овие болести пред склучување на договорот за осигурување; 3. Тешките болести во смисла на овие услови се прецизирани со следните дефиниции: 5.3.1. Операција бајпас на срцето Заболувања кај кои се спроведува операција бајпас на срце МКБ-10 120. Ангина пекторис 121.4 Акутен субендокардијален инфаркт на миокардот 125. Хронична исхемиска болест на срцето ОПС: Поставување на аортокоронарен бајпас Поставување на аороткоронарен бајпас со помош на минимална инвазивна техника Критериуми за настанување на обврските: Следните критериуми мора да бидат исполнети: • Временски период од минимум 3 месеци помеѓу почетокот на договорот и поставувањето на индикации за бајпас операција и • Постоење на симптоми на исхемија на миокардот и ангина пекторис и • Постоење на значајни стенози (>70%) на еден или повеќе коронарни садови (ЛЦА; РЦА, РИВА, РЦХ) или • Постоење на значајни (> 50%) стенози на главното стебло на левата коронарна артерија. Освен тоа обврската се исполнува (без период на чекање) при постоењето на една Де-ново-ангина со индикации за спроведување на итна или рана (< 72 ч) бајпас операција според ЕСЦ-насоките. Доказ: поставување на индикации за бајпас операција според горе наведените критериуми за настанување на обврските со помош на коронароангиографија од страна на интервентен кардиолог/ интервентен радиолог или веќе спроведен зафат. 5.3.2. Срцев удар- инфаркт на срцето 5.3.3. Кома 5.3.4. Рак
Осигурени случаи. (1) Осигурен случај е настан на нарушување на заштитата на податоците, инцидент врз кибернетичка безбедност, побарување од трета страна за отштета, кибернетичка уцена или компјутерски криминал. (2) За сопствена штета (член 3, став (1) од овие услови) со осигурувањето се опфатени штетите што се откриени за време на важноста на полисата, како и штети од осигурениот случај што настанал пред почеток на осигурувањето, а најмногу до датумот на ретроактивност утврден со полисата. (3) Со цел да се покријат побарувањата на трети лица (членот 3, став (2) од овие услови), тужбеното барање на трето лице против осигуреникот или осигурувачот мора да биде поднесено за време на важноста на полисата или во рок од 30 дена по истекот на полисата или раскинување на полисата од страна на осигурувачот (автоматски продолжен период за пријава на осигурениот случај). (4) Осигуреникот може да го продолжи периодот за пријава на осигурениот случај од претходниот став на овој член за најмногу пет години (факултативен продолжен период за пријава на осигурениот случај) со плаќање на дополнителна премија во рок од 30 дена по истекот на полисата. Договорениот факултативен продолжен период за пријава на осигурениот случај не може да се прекине. Ако прекинување или необновување на осигурувањето бара осигурувачот поради неплаќање на премијата, договарачот или осигуреникот го губи правото за продолжување на периодот на пријава на осигурениот случај. (5) За нарушувања на заштитата на податоците или инциденти во кибернетичката безбедност што се случуваат на информациските системи на давателот на услуги во врска со услугите што ги обезбедуваат за осигурениот, осигурувањето важи како да се случиле на информациските системи на осигуреникот, само доколку такво осигурително покритие изрично договорено и само за давателите на услуги што е експлицитно наведено во договорот за осигурување. (6) Осигурените случаи што произлегуваат од истата причина се третираат како еден осигурен настан откриен при првиот настан во серијата. Ова правило се зема предвид при утврдување на франшизата и сумата на осигурување.

Related to Осигурени случаи

  • ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ Кај осигурување на предмети се смета дека осигурениот случај настанал во моментот кога поради една од осигурените опасности дошло до оштетување на осигурениот предмет.

  • ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ (1) Со осигурување од ризикот кршење може да бидат опфатени: 1. Работен уред на товарни возила, автобуси, приколки, контејнери и работни возила; и 2. Влечни возила (трактори) и работни возила, во целина. (2) Моторот е составен дел на работниот уред само ако исклучиво служи за движење на работниот уред, а не и за движење - влечење на возилото во насоки. Ако истиот мотор истовремено служи за движење на возилото и за движење на работниот уред на возилото, не се смета за составен дел на работниот уред на возилото. (3) Шасијата, односно постољето на кое се наоѓа работниот уред, како и возачката кабина, каросеријата, трансмисијата и останатите делови на возилото што овозможуваат движење (влечење) на возилото во насока, во секој случај не се сметаат за работен уред односно за дел од работен уред. (4) Со осигурување е опфатено и маслото и полнењето во уредите. (5) Штетите на маслото и полнењата се надоместуваат во процентуална вредност во зависност од векот на траење одреден со важечките прописи. (6) Со потполно каско осигурување опфатени се и штетите на електрични и дизел-електрични локомотиви што се причинети од непосредно дејство на електрична енергија.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Доверливост на процесот на евалуација на понудите 5.2.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на економските оператори или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Начин на комуникација 1.12.1 Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (xxxxx://xxx.x- xxxxxxx.xxx.xx). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање. 1.12.2 Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН, освен во случаите од точка 2.1.2. 1.12.3 Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 4.8 и 4.9 од Инструкциите за понудувачите.

  • Изјава за сериозност на понудата 4.6.1 Во прилог на понудата, понудувачот доставува и електронски потпишана изјава за сериозност на понудата, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација. Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со исклучување од натамошната постапка и издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки. 4.6.2 За објавувањето на негативната референца договорниот орган ќе одлучи со одлуката за избор или за поништување на постапката, а истата ќе биде објавена во рок од 3 (три) работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката. 4.6.3 Изјавата за сериозност на понудата не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Способност за вршење на професионална дејност 2.3.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.