Платежни услуги Примери за клаузули

Платежни услуги. Платежни услуги се услуги кои овозможуваат: 1) внесување и повлекување готовина на платежна сметка, како и сите активности поврзани со отворање, одржување и затворање на таа сметка; 2) извршување на платежни трансакции, вклучувајќи пренос на парични средства на платежна сметка кај банката на Корисникот на платежни услуги или кај друг давател на платежни услуги:
Платежни услуги. Платежни услуги кои ги нуди Стопанска Банка а.д Битола како давател на платежни услуги се : ▪ отворање, одржување и затворање на платежни сметки; ▪ внесување готовина на платежна сметка; ▪ повлекување готовина од платежна сметка; ▪ издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции; ▪ извршување на платежни трансакции (пренос на парични средства на платежна сметка кај давателот на платежни услуги на корисникот на платежни услуги или кај друг давател на платежни услуги) ; ▪ извршување на директни задолжувања, вклучувајќи еднократни директни задолжувања; ▪ извршување на платежни трансакции со платежни картички; ▪ извршување на платежни трансакции преку апликација за електронско банкарство за потрошувачи и правни лица и извршување на платежни трансакции преку апликација за мобилно банкарство за потрошувачи ; ▪ извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози за потрошувачи и правни лица ; ▪ извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги ; ▪ парични дознаки; ▪ услуги за иницирање на плаќања ▪ услуги за давање информации за платежните сметки.
Платежни услуги. На барање на Корисникот, Банката на начин предвиден во Општите услови, Посебните општи услови и Рамковниот договор овозможува користење на платежни услуги или производи поврзани со платежната сметка:
Платежни услуги. На барање на Корисникот, Банката може да одобри користење на следните платежни услуги:
Платежни услуги. Платежни услуги се услуги кои овозможуваат: 1) внесување и повлекување готовина на платежна сметка, како и сите активности поврзани со отворање, одржување и затворање на таа сметка; 2) извршување на платежни трансакции, вклучувајќи пренос на парични средства на платежна сметка кај банката на Корисникот на платежни услуги или кај друг давател на платежни услуги: а) извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, и б) извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози. 3) извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги: а) извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, и б) извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози. 4) издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции; 5) парични дознаки; 6) услуги за иницирање на плаќања, и 7) услуги за давање информации за платежните сметки. Со цел платен налог да биде правилно инициран и извршен потребно е да се користи единствената идентификациска ознака за број на сметка (bban) или спецификација на информации (IBAN, SWIFT), доколку станува збор за пренос од/кон странство. Максималниот рок на извршување на платежните услуги е согласно Термински план кој е составен дел на Тарифата на надоместоци која е јавно објавена на веб-страницата на банката. Корисникот и банката може да договорат ограничување на износот на средставата при користењето на одреден платен инструмент. Корисникот има право од банката да побара да му издаде два или повеќе различни платежни брендови на платни инструменти засновани на картичка, под услов таквата услуга да се нуди од страна на банката. Информациите за сите расположливи брендови на картички и нивните карактеристики, вклучително и за нивната функционалност, сигурносните карактеристики и трошоците поврзани со нив се ставени на располагање и јавно објавени на веб-страницата на банката на следниот линк: https://www.unibank.mk/mk- MK/pocetna/fizicki-lica/karticki/debitni-karticki.nspx за физички лица и https://www.unibank.mk/mk-MK/karticki- pravni.nspx#!#business-debit за правни лица. Налозите за пренос што Корисникот ги доставува во банката мора да бидат пополнети согласно важечките прописи и стандарди за извршување платежни трансакции. Корисникот е одговорен за точноста и потполноста на податоците во налогот. Банката нема да земе предви...
Платежни услуги. Платежни услуги се услуги кои овозможуваат: 1) внесување и повлекување готовина на платежна сметка, како и сите активности поврзани со отворање, одржување и затворање на таа сметка: а)лимитот за повлекување на готовина во девизи е неограничен, додека за внесување, изнесува 9.999,99 евра месечно.

Related to Платежни услуги

  • Општи Информации Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • АДМИНИСТРАТИВНИ ИНФОРМАЦИИ V.1) Услови за добивање на тендерска документација и дополнителни документи V.2) Услови за доставување на понудите V.2.1) Понудите да се достават најдоцна до 10.05.2019 во 12:00 часот V.2.2) Краен рок за поставување прашања: 04.05.2019 15:30 V.3) Период на важност на понудата: 90 денови V.4) Услови за отворање на понудите Јавното отворање на понудите ќе се одржи на денот и во часот определен како краен рок за доставување на понудите 10.05.2019 во 12:00 Место: скопје V.5) Дополнителни информации V.6) Датум на објава: 26.03.2019

  • Задолжителни Елементи Од Договорот За Јавна Набавка ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ .................................................................... Прилог 1 – Образец на понуда........................................................................ Прилог 2 – Изјава за сериозност на понудата ............................................... Прилог 3 – Изјава за докажување на способноста Прилог 4- Електронски потпишан модел на договор

  • НАДОМЕСТ НА ШТЕТА Осигурувачот го исплатува надоместот на штета во рок од 14 дена сметано од денот кога ја утврдил својата обврска и висината на таа обврска. До колку при разгледување на барањето се утврди дека осигуреникот не ги доставил сите докази и факти битни за утврдување на основот и висината на штетата, осигурувачот нема да изврши исплата на штета.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • Појаснување на тендерската документација 3.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од договорниот орган, исклучиво во електронска форма преку ЕСЈН со користење на модулот "Прашања и одговори", најдоцна 6 (шест) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите. 3.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот „Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.

  • Лична состојба 2.2.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор: - на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација; - кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа; - на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство; - на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност; - кому му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност и - кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган. 2.2.2 За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари; - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган; - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган; - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран или доказ за одобрено одложено плаќање на истите. - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство, - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност и - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност. 2.2.3 Изјавата од алинеја 1 од потточка 2.2.2 ја изготвува во електронска форма и со електронски потпис ја потпишува самиот економски оператор и истата не треба да биде заверена од надлежен орган. 2.2.4 Потврдите дека не е отворена постапка за стечај и постапка за ликвидација, како и потврдите од регистарот на казни за сторени кривични дела од xxxxxxx 5 и 6 од потточка 2.2.2, ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на овие потврди е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.5 Потврдата за платени даноци, придонеси и други давачки ја издава надлежен орган од земјата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Управата за јавни приходи. 2.2.6 Потврдата од алинеја 7 од потточка 2.2.2 ја издава надлежниот орган во државата каде е регистриран економскиот оператор. Во Република Македонија надлежен орган за издавање на оваа потврда е Централниот регистар на Република Македонија. 2.2.7 Документите од потточка 2.2.2 не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад. 2.2.8 Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава документите наведени во потточка 2.2.2 или ако тие не ги опфаќаат сите погоренаведени случаи, економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.

  • Клучен персонал Понудувачот мора да прикаже дека ќе има соодветно квалификуван (и во соодветен број) Клучен персонал, како што е прикажано во табелата подолу, кои се потребни за изведба на Договорот. Понудувачот ќе обезбеди детали за клучниот персонал и другите клучни лица кои Понудувачот смета дека се соодветни, заедно со нивните академски квалификации и работно искуство. Понудувачот ќе ги пополни релевантните обрасци дадени во Поглавје IV, Обрасци на понудата. Изведувачот ќе побара согласност од Работодавачот доколку треба да направи замена на клучниот персонал (Посебни услови на договорот 9.1).

  • Известување за доделување на договорот за јавна набавка 6.2.1 По завршувањето на електронската аукција на јавниот дел од ЕСЈН автоматски се објавува и до сите учесници на аукцијата автоматски се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најниска цена во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици. Исходот од електронската аукција е основ за донесување на одлука за избор на најповолна понуда. 6.2.2 Избраниот најповолен економски оператор ќе биде известен во електронска форма преку ЕСЈН дека неговата понуда е прифатена, најдоцна во рок од 3 (три) дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолна понуда. Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.