Располагање со средствата на сметката Примери за клаузули

Располагање со средствата на сметката. Корисникот се обврзува да и достави на Банката неопходна документација и податоци за одобрување на средствата на неговата сметка во Банката. Корисникот се обврзува благовремено да доставува правилно и точно пополнети платни инструменти за девизни плаќања или трансфери, во рамки на средствата од својата девизна трансакциска сметка согласно со позитивните законски прописи и процедурите за работа на Банката. Корисникот е согласен, на негов ризик, врз основа на негово писмено барање со овластување доставено до Банката, Банката да може да подготви и изврши платни инструменти за девизни плаќања или трансфери согласно со инструкциите наведени во Барањето, кое може да биде доставено на факс, или со електронска пошта, или преку друг електронски сервис, со обврска во рок од 5 (пет) дена Барањето со овластување да го достави и во оригинална форма. За евентуално настанатата штета по основ на ненавремено доставени податоци за одобрување на средства на сметката, погрешно или неправилно пополнети платни инструменти, погрешно, непотполно и невистинито доставено барање со овластување, или кој било вид на невистинита документација, Банката нема да сноси одговорност. За еднократно или трајно располагање со средствата на сметката, Xxxxxxxxxx може да овласти друго лице, за што пред овластен работник на Банката своерачно потпишува полномошно, или полномошно заверено кај нотар. Полномошното има важност до отповикување на истото од страна на Корисникот на истиот начин како што е дадено и доставено до Банката, до раскинување на овој Договор или во останати случаи предвидени со закон. Доколку настане материјална штета за Банката од даденото полномошно за располагање со средствата на сметката, истата во целост ја надоместува Корисникот.
Располагање со средствата на сметката. Банката извршува плаќања од сметката на Учесникот во платниот промет до висината на покритието на сметката. Под покритие се подразбира состојбата на сметката од претходниот работен ден, намалена за сите извршени плаќања од сметката заедно со предвидената банкарска провизија до моментот на утврдување на салдото, а зголемена за евидентираните уплати на сметката во тековниот ден и износот на одобрениот, а неискористен рамковен кредит. Банката може да му одобри на Учесникот во платниот промет рамковен кредит врз основа на посебно склучен договор.
Располагање со средствата на сметката. За располагање со средствата на сметката, Xxxxxxx може да издаде соодветна картичка (дебитна или чековна) на барање на Учесникот, преку која истиот се идентификува при вршењето на работите на платниот промет. Учесникот во платен промет може да овласти друго лице за располагање со средствата на сметката врз основа на писмено Полномошно дадено лично во присуство на одговорен работник на Банката, на соодветен образец - барање (Прилог 1б) или полномошно заверено кај нотар. За полномошникот Банката може да издаде соодветна дополнителна картичка. Полномошното има важност до негово отповикување од страна на Учесникот во платен промет на истиот начин како што е дадено, до раскинување на овој договор или во останати случаи предвидени со закон. Доколку настане материјална штета од даденото полномошно за располагање со средствата на сметката, истата во целост ја надоместува Учесникот во платниот промет. За располагање со средствата на сметката по издадена чековна картичка, Xxxxxxx му издава чекови на Учесникот во платниот промет или на полномошникот. Чековите не се гарантирани за исплата од страна на Xxxxxxx. Исплатата по чековите се врши согласно со законските прописи.
Располагање со средствата на сметката. Корисникот располага со средствата на сметката отворена во Банката. Корисникот може да овласти друго лице/а за располагање со средствата на сметката врз основа на писмено Полномошно дадено лично во присуство на одговорен работник на Xxxxxxx на соодветен образец, или полномошно заверено кај нотар. Полномошното има важност до негово отповикување од страна на Корисникот на истиот начин како што е дадено, до раскинување на овој договор или во останати случаи предвидени со закон. Доколку настане материјална штета од даденото полномошно за располагање со средствата на сметката, истата во целост ја надоместува Корисникот. За располагање со средствата на сметката од страна на лицата овластени за располагање со средствата, Корисникот до Банката доставува и Листа на депонирани потписи на лица овластени за располагање со средствата на сметката, со потписи депонирани пред службеник на Банката или пред надлежен нотар.

Related to Располагање со средствата на сметката

  • Извор на средства 1.7.1 Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од Буџетот на Република Македонија.

  • ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ Договорот се склучува за временски период 12 (дванаесет) месеци од денот на потпишувањето на Договорот од страна на двете договорни страни.

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • Измена и дополнување на тендерската документација 3.2.1 Договорниот орган го задржува правото најдоцна 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, за што веднаш ќе ги извести сите економски оператори што ја подигнале. 3.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган ќе го продолжи крајниот рок за доставување на понудата за најмалку 6 (шест) дена. 3.2.3 Во случај на измена и дополнување на тендерската документација објавена на ЕСЈН како и продолжување на крајниот рок, договорниот орган е должен да ја објави направената измена преку ЕСЈН, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација до моментот на измената ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена за конкретниот оглас.

  • ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ Вкупната вредност на овој договор изнесува: - Вкупно без ДДВ ,00 денари - ДДВ 18% ,00 денари Вкупно со ДДВ ,00 денари Со зборови денари, со вклучен ДДВ.

  • Појаснување Измена И Дополнување На Тендерската Документација 1.10.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 (пет) дена од приемот на пораката на веб страните на ЦРИПР и ПЗП. 1.10.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација. Изменетата и/или дополнета тендерска документација ќе биде повторно објавена на веб страната на Договорниот орган и веб страната на Програмата за зачувување на природата во Македонија.

  • ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ (1) Осигурувачот има обврска врз основа на договореното осигурување да му исплати на корисникот: 1. за случај на доживување по истекот на договореното траење на осигурувањето, осигурената сума; 2. за случај на смрт на осигуреникот: 2.1. целата осигурена сума, без оглед на поминатото време на траење на осигурувањето: 2.1.1. при осигурување договорено врз основа на лекарски преглед; 2.1.2. ако настапи како последица на несреќен случај и ако не е договорена сумата од точка 2.3. на овој став; 2.1.3. поради пораѓање. 2.2. половина од осигурената сума при осигурување на живот договорено без лекарски преглед, ако смртта настапила како последица на болест во првата година од траењето на осигурувањето, а по истекот на тој рок, целата осигурена сума; 2.3. дополнителна двојна осигурена сума, ако настапила смрт на осигуреникот како последица на несреќен случај, доколку е договорена дополнителна сума и во кој случај како составен дел на договорот за осигурување се применуваат одредбите на член 2 и 6 од Дополнителните услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај со осигурување на живот. (2) Ако е договорено взаемно осигурување, осигурувачот му исплаќа на корисникот на осигурувањето осигурена сума според одредбите на став (1) на овој член и тоа: 1. за случај на доживување, кога двајцата осигуреници ќе доживеат истек на договореното осигурување, 2. во случај на смрт на едниот осигуреник или истовремена смрт на двајцата осигуреници. (3) Осигурувачот има обврска во случаите од став (1) точка 1 и точка 2.1. и 2.2. и став (2) на овој член да ја исплати осигурената сума зголемена за до тогаш припишаниот удел во добивката, ако се исполнети претпоставките за учество во распределбата на остварената добивка, утврдени со овие Посебни услови.

  • Решавање на спорови Сите спорови кои ќе произлезат од овој Договор или во врска со него, ќе се решаваат пред надлежниот суд.

  • ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и Здравствената установа за обезбедување и извршување на основни здравствени услуги на осигурените лица во примарната здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.