Решавање на спорови Примери за клаузули

Решавање на спорови. Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Решавање на спорови. Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје. Овие Услови се донесени врз основа на Овластување на Oдборот на директори на Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје дадено на својата редовна седница на 15.11.2021 година со Одлука бр.0203-09/08 и ќе се применуваат од 23.02.2022 година.
Решавање на спорови. Член 15 Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не е можно, спорот ќе го решава стварно и месно надлежниот суд во Скопје.
Решавање на спорови. Сите евентуални спорови и недоразбирања кои би произлегле од овој Договор, договорните страни ќе ги решаваат во духот на добрите деловни обичаи со меѓусебно договарање. Доколку тоа не даде резултат во рок од 10 (десет) дена, спорот ќе се решава пред надлежниот суд Скопје 2 во Скопје.
Решавање на спорови. Споровите што ќе произлезат помеѓу договорните страни ќе се решаваат спогодбено, а во спротивно за нив ќе решава Основен суд Скопје 2 - Скопје. Овие Општи услови, вклучително и Договорот, ќе се толкуваат во согласност со важечките правила и прописи во Република Македонија.
Решавање на спорови. Решавањето на споровите кои ќе се појават ќе се решаваат спогодбено или онака како е дефинирано во претплатничкиот договор.
Решавање на спорови. Споровите од овие услови ќе се решаваат спогодбено или пред редовниот суд во местото на седиштето на осигурувачот.
Решавање на спорови. Евентуалните спорови кои би можеле да произлезат од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку на крајот од постапката не се постигне вонсудска спогодба, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје. За се’ што не е предвидено со овие услови важат одредбите од Законот за облигациони односи и посебните услови за осигурување.
Решавање на спорови. (1) Договорните страни се согласни настанатите спорови да ги решаваат спогодбено, или спорот да го пренесат на решавање кај надлежните органи или надлежен суд.
Решавање на спорови. 20.1 За евентуалните спорови односно обврските кои произлегуваат од договорниот однос помеѓу Друштвото и добавувачот врз основа на нарачка, ќе одлучува надлежниот суд во Скопје.