Безбедност и здравје при работа Примери за клаузули

Безбедност и здравје при работа. Член 55 На работникот му се обезбедува безбедност и здравје при работа, во согласност co пропишаните мерки и нормативи за безбедност и здравје при работа утврдени co прописите за безбедност и здравје при работа. Член 56 Работникот има право да одбие да работи ако не му се обезбедени услови за работа согласно co закон, овој договор и колективен договор на ниво на работодавач. Работникот има право да одбие извршување на работа доколку: - претходно не е информиран за сите можни опасности и штетни влијанија; - работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед; - е изложен на непосредна опасност по здравјето или по животот; - кога не се спроведени безбедносните мерки. Доколку работодавачот не ја отстрани опасноста или не постапува во согласност co мислењето на овластената здравствена установа, работникот може да побара интервенција од надлежниот инспектор за труд и да го извести претставникот. Член 57 Работодавачот е должен да обезбеди медицински преглед на работникот согласно co закон и согласно колективен договор на ниво на работодавач, а средствата ги обезбедува работодавачот. Работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за работниците најмалку на секои 12 месеца. Здравствените прегледи треба да се согласно co стандарден минимум кој е задолжителен за сите систематски и периодични прегледи. Во зависност од проценката на ризикот на работното место и карактеристиките на дефинираните професионални штетни влијанија и опасности покрај стандардниот минимум да се вршат и дополнителни прегледи. Член 58 Во спроведување на мерките за безбедност и здравје при работа, претставникот на синдикатот има право и обврска да учествува и да даде мислење во: - планирање на унапредувањето на условите на работа, воведување нова технологија во работниот процес; - да биде информиран за сите промени од влијание за безбедноста и здравјето на работникот; - да се грижи за примената на прописите и спроведување на мерките за безбедност и здравје при работа; - да го информира и бара интервенција од инспекцискиот орган кога ќе оцени дека се загрозени здравјето и животот на работникот, ако установата тоа го пропушти или одбива тоа да го направи; - да поднесе приговор на наодот на инспекцискиот орган и - во други случаи утврдени co колективен договор на ниво на работодавач. Член 59 Работодавачот е должен да ги утврди и обезбеди мерките и средствата за безбедност и здравје на работниците при работа согласно закон или други прописи. Работодавачот е должен на работниците, во согл...
Безбедност и здравје при работа. Работникот има право на заштита при работа. Заштитата на работа опфаќа мерки насочени кон создавање на сигурни услови за работа. За обезбедување на потребните услови за заштита на работниците на работа, работодавачот односно овластен орган, донесува општ акт со кој се уредува заштитата на работниците во согласност со закон. Работодавачот, при стапувањето на работникот на работа со договор за вработување, е должен да го запознае со сите опасности во работата и со правата и обврските во врска со заштитата на работа и услови за работа. Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност по живот или здравјето, поради тоа што не се спроведени пропишаните мерки за безбедност и здравје при работа.
Безбедност и здравје при работа. Член 64 На работникот му се обезбедува безбедност и здравје при работа, во согласност co прописите за безбедност и здравје при работа. (1) Работодавачот е должен да му обезбеди медицински преглед на работникот согласно законот и овој Колективен договор, а средствата ги обезбедува работодавачот. (2) Работодавачот мора да обезбеди здравствени прегледи за работниците најмалку на секои 24 месеци. (3) Здравствените прегледи треба да се во согласност co стандардниот минимум, кој е задолжителен за сите систематски и периодични прегледи. (4) Во зависност од проценката на ризикот на работното место и карактеристиките на дефинираните професионални штетни влијанија и опасности, покрај стандардниот минимум, може да се вршат и дополнителни прегледи. (1) Работодавачот е должен да ги утврди и да ги обезбеди мерките и средствата за безбедност и здравје на работниците при работа согласно законот или други прописи. (2) Работодавачот е должен на работниците, согласно Законот за работните односи, овој Колективен договор и општите акти за безбедност и здравје при работа, да им обезбеди користење на соодветни средства и опрема за лична заштита при работа. (3) За мерките и средствата од став 1 на овој член, задолжително е информиран претставникот на синдикатот.
Безбедност и здравје при работа. Министерството има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работата на вработените во согласност со закон, заради што во рамките на своите надлежности презема соодветни мерки неопходни за нивна безбедност и здравје при работа. Мерките за безбедност и здравје при работа опфаќаат особено: заштита од професионални ризици, обезбедување информации, обука и едукација, обезбедување потребни средства и услови неопходни за безбедност и здравје на вработените и други мерки со кои се подобруваат условите за работа и се штити здравјето на вработениот.
Безбедност и здравје при работа. Член 37 На работникот му се обезбедува безбедност и здравје при работа, во согласност со пропишаните мерки и нормативи за безбедност и здравје при работа утврдени со закон. Член 38 Работникот има право да одбие да работи ако не му се обезбедени услови за работа согласно со закон, овој Договор и колективен договор на ниво на работодавач. Работодавачот е должен да обезбеди медицински преглед на работникот согласно со закон, а средствата ги обезбедува работодавачот. Член 39 Во спроведување на мерките за безбедност и здравје при работа, претставникот на СОНК има право и обврска да учестува и да даде мислење во: - планирање на унапредувањето на условите на работа, воведување нова технологија во работниот процес; - да биде информиран за сите промени од влијание за безбедноста и здравјето на работникот; - да се грижи за примената на прописите и спроведување на мерките за безбедност и здравје при работа; - да го информира и бара интервенција на инспекцискиот орган кога ќе оцени дека се загрозени здравјето и животот на работникот, ако работодавачот тоа го пропушти или одбива тоа да го направи; - да поднесе приговор на наодот на инспекцискиот орган и - во други случаи утврдени со колективен договор на ниво на работодавач. Член 40 Работодавачот е должен да ги утврди и обезбеди мерките и средствата за безбедност и здравје при работа на работниците при работа, согласно со закон или други прописи. За мерките и средствата од став 1 на овој член, задолжително е информиран претставникот на синдикатот.
Безбедност и здравје при работа. Безбедност и здравје при работа Ако се имплементираат сите мерки, не се очекуваат резидуални влијанија. /
Безбедност и здравје при работа. Член 36 Работодавачот е должен согласно Законот за безбедност и здравје при работа, да ги преземе сите потребни мерки и да го подобрува нивото на безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата, во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организацијата. Член 37 Работодавачот е должен да го обезбеди остварувањето на правото на вработените непосредно или преку свој претставник, да учествуваат во утврдувањето на недостатоците и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина кај работодавачот и со нив да соработува и да ги консултира при планирањето, набавката на работната опрема и воведувањето нова технологија, за можните последици и опасности кои би произлегле. Член 38 Работодавачот мора работниот процес да го приспособи кон способностите на вработените, при што работната средина и средствата за работа мора да бидат безбедни и безопасни по нивното здравје, земајќи ја предвид природата на работа. -përkujdesja për një anëtar të familjes; -për ndërtimin ose riparimin e shtëpisë, respektivisht apartamentit; - për mjekim të punëtorit me shpenzimet e veta; - për pjesëmarrje në ngjarjet kulturore dhe sportive; - për pjesëmarrje në kongrese, konferenca, etj; - për avancimin profesional; - në të gjitha rastet në xxxx xx nenit 34, nëse punonjësi e ka shfrytëzuar mungesën nga puna; - për kryerjen e punëve të pashtyeshme personale dhe familjare; - për vizitë të anëtarit të familjes jashtë vendit - për udhëtimi jashtë shtetit, dhe - çështje të tjera të pashtyeshme. Aktvendim për mungesën nga puna të punëtorit nga paragrafi 1 i këtij neni e sjell punëdhënësi. Nëpunësi shtetëror, me kërkesë të tij, e me pëlqim të organit, ka të drejtë mungese të papaguajtur nga puna në kohëzgjatje jo më shumë se xx xxxx, për aftësim dhe përsosje profesionale, e cila nuk është e financuar nga organi.

Related to Безбедност и здравје при работа

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА 8.1. Договорниот орган може да ја поништи постапката за доделување на договор за јавна набавка ако: - бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за доделување на договор за јавна набавка согласно со овој закон, - не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда, - не е поднесена ниту една соодветна понуда во постапка каде што предметот на договорот е оформен во еден единствен дел, како и во постапките каде што предметот на договор е оформен во повеќе делови и каде што може да се утврди соодветноста на понудите, - се поднесени прифатливи понуди кои не можат да се споредат поради различниот пристап во техничките или финансиските понуди, - настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган, - понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот, - оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци, до моментот на отворање на понудите, - поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган или - договорниот орган не може да изврши избор на најповолна понуда поради битни повреди на законот согласно со членот 210 од овој закон или - избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот.

  • Вид на постапка за доделување на договор за јавна набавка 1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка, која ќе заврши со електронска аукција како последна фаза во постапката. 1.4.2 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx. xxx.xx). 1.4.3 Подетални информации за користењето на електронски средства: За да можете да учествувате во постапката, потребно е да се регистрирате во ЕСЈН и да поседувате дигитален сертификат. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН2, по што ЕСЈН автоматски ги обработува податоците од регистрациската форма, генерира шифра и истата ја доставува на регистрираната електронска пошта на економскиот оператор. Повеќе информации за начинот на регистрација и користење на системот ќе најдете во Прирачникот за користење на ЕСЈН наменет за економски оператори, кој можете да го преземете од почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“. 1.4.4 Подетални информации за електронската аукција: Договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка. Предмет на електронската аукција е вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ. Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката. Поканите за учество на аукцијата ќе се достават во електронска форма преку ЕСЈН по целосната евалуација на првичните понуди, до сите економски оператори кои доставиле прифатливи понуди во првата фаза од постапката и кои се регистрирани во ЕСЈН. Поканата за учество на аукцијата ќе биде електронски испратена во поштенското сандаче на корисничкиот профил на ЕСЈН, на лицето кое ќе поднесе понуда за соодветната постапка по електронски пат. Во поканата за учество на аукцијата ќе бидат содржани следниве податоци: почетната цена на аукцијата, односно најниската цена од првично поднесените понуди, датумот и часот на започнување и завршување на аукцијата, интервалот во кој ќе се спроведува негативното наддавање (минимална и максимална разлика во понудени цени). Доколку е поднесена само една понуда или само една прифатлива понуда, договорниот орган ќе го покани единствениот понудувач да поднесе конечна цена преку ЕСЈН. Во поканата за поднесување конечна цена се содржани следниве податоци: идентификување на делот на понудата кој ќе биде предмет на поднесување конечна цена, информации кои ќе му бидат достапни пред поднесувањето на конечната цена и временскиот период за поднесување конечна цена. Единствениот понудувач ја поднесува конечната цена во утврденото време само еднаш, а доколку не поднесе конечна цена, првично понудената цена ќе се смета за конечна.

  • Начин на докажување на способноста 2.1.1 Со понудата економскиот оператор задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже: 2.1.2 Економскиот оператор придружната документација (оригинал или копија заверена од економскиот оператор) ја доставува во скенирана електронска форма. Економскиот оператор може да го користи профилот на економски оператор на ЕСЈН за докажување на одредени критериуми за утврдување способност што ги овозможува ЕСЈН. Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Документација во нестандарден формат и големина, се доставува во хартија во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив и адреса на економскиот оператор, најдоцна до крајниот рок на отварање на понудите. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој: - e адресиран со точна адреса на договорниот орган; - содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен; - во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата. 2.1.3 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на економскиот оператор и при евалуација на понудата, Комисијата преку ЕСЈН задолжително бара од понудувачите да ги појаснат или дополнат документите за утврдување способност во рок од 5 (пет) работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите. 2.1.4 Бараното објаснување економскиот оператор го доставува во електронска форма преку ЕСЈН, со прикачување на документот со појаснувањето или дополнувањето во делот "Појаснување/Дополнување на поднесени документи", во рокот кој го определил договорниот орган а кој не смее да е покус од (5) пет работни дена, од денот на приемот на барањето од страна на понудувачот. 2.1.5 Никакви промени во понудата, освен исправката на аритметички грешки, не смеат да се бараат, нудат или да се допуштат од страна на комисијата или од економскиот оператор. 2.1.6 Секое појаснување или дополнување доставено од страна на економскиот оператор во поглед на неговата понуда што не е дадено како одговор на барање од договорниот орган, нема да се разгледува. 2.1.7 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.

  • ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА 9.1 Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Критериуми за утврдување на способност на понудувачот или кандидатот IV.2.1) За докажување на личната состојба, економскиот оператор треба да ги достави следниве документи: - изјава на економскиот оператор дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари - потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган - потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган - потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде што економскиот оператор е регистриран - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство - потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност - потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност IV.2.2) Способност за вршење професионална дејност на економскиот оператор: IV.2.3) Економска и финансиска состојба на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на економската состојба на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор: IV.2.4) Техничка или професионална способност на економскиот оператор: Потребни документи за докажување на техничката или професионалната способност на економскиот оператор: Минимум критериуми за утврдување на техничката и професионалната состојба на економскиот оператор: IV.2.5) Стандарди за системи за квалитет: IV.2.6) Стандарди за управување со животна средина:

  • Способност На Економските Оператори 6.1 Економскиот оператор за да се квалификува за способен за извршување на предметот на рамковната спогодба за јавна набавка, потребно е да ги исполнува барањата на договорниот орган по однос на способност на економските оператори, а како доказ доставува изјава за докажување на способност или документи за утврдување на способност.

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.