ВРАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА. (1) Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на обврските на осигурувачот, на договорувачот на осигурување му се враќа износот на наплатената премија. (2) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици кои не се опфатени со осигурување или тоталната штета е надоместена по основ на осигурување од одговорност на штетникот, на договорувачот на осигурување му се враќа износот на премија за преостанатиот период на траење на осигурувањето до колку, во изминатиот период на траење на осигурувањето, не се остварил осигурен случај. (3) Ако осигуреното возило биде уништено по почетокот на обврските на осигурувачот од ризици опфатени со осигурување, на осигурувачот му припаѓа целиот износ на премијата пресметан со полисата за осигурување. (4) Ако возилото се одјави кај надлежен орган со предавање на регистарските таблици, осигурувањето може да се откаже и премијата се враќа на останатиот дел на времетраењето на осигурувањето, доколку осигурувачот до тоа време не платил надомест по договорот за осигурување. Премијата се враќа по писмено барање на договорувачот на осигурувањето.
Appears in 4 contracts
Samples: Услови За Комбинирано Осигурување На Моторни Возила, Услови За Комбинирано Осигурување На Моторни Возила, Комбинирано Осигурување На Моторни Возила