Гаранција за плаќање Примери за клаузули

Гаранција за плаќање. (1) Корисникот е должен доколку не го платил надоместокот за користење на дистрибутивниот систем за последниот месец, во рок од 15 дена да достави на ОДС соодветна гаранција за плаќање на обврските со износ од претходно неплатената фактура како и да го подмири направениот долг. (2) Гаранцијата за плаќање од став (1) од овој член треба да биде инструмент за обезбедување на плаќањето прифатлив за ОДС во форма на депозит или банкарска гаранција. ОДС исто така може да одлучи да прифати инструмент за обезбедување на плаќањето во форма на залог, хипотека или задолжница. (3) Доколку за времетраење на овој Договор ОДС утврди дека доставената гаранција за плакање не е доволна или соодветна, има право да побара дополнителна или нова гаранција за плаќање од Корисникот. (4) Доколку Корисникот не достави гаранција за плаќање во согласност со став (1) и (3) од овој член, ОДС има право да ја прекине испораката на електрична енергија на Корисникот.
Гаранција за плаќање. (1) За осигурување на исплатите од овој Договор, Корисникот е должен во рок од 8 дена сметано од денот на склучувањето на овој Договор да достави до ОДС неотповиклива безусловна банкарска гаранција платива на прв повик кои се составен дел на овој договор, или ќе депонира средства на сметка на ОДС. (2) Висината на банкарската гаранција и/или депонираните средства треба да го покрива износот од највисоката месечна фактура за дистибуирана електрична енергија од претходната година. Доколку преземањето на електрична енергија го надмине износот од највисоката месечна фактура за дистибуирана електрична енергија од претходната година, ОДС има право веднаш да побара нова банкарска гаранција и/или депонирани средства согласно новата потрошувачка. (3) Доколку банкарската гаранција биде делумно или во целост наплатена и/или депонираните средства бидат целосно или делумно искористени, Корисникот има обврска веднаш но не подоцна од 8 (осум) дена да достави нова банкарска гаранција и/или да ги надополни депонираните средства на износ согласно став (2) од овој член. Доколку ОДС утврди дека доставената банкарска гаранција не е доволна или соодветна тогаш ќе побара од Корисникот дополнителна банкарска гаранција. (4) ▇▇▇▇▇▇▇, ▇▇▇▇▇▇▇▇▇▇ не достави гаранција за плаќање во согласност со став (1) и 2 од овој член, ОДС има право да ја прекине испораката на електрична енергија до Корисникот, при што евентуалните штети кои би настанале од исклучувањето би биле на товар на корисникот.
Гаранција за плаќање. (1) За осигурување на исплатите од овој Договор, корисникот на електропреносната мрежа во рок од осум (8) дена по потпишувањето на овој Договор, ќе му поднесе на АД МЕПСО банкарска гаранција кои се составен дел на овој договор или ќе депонира средства на сметка на АД МЕПСО. (2) Висината на банкарската гаранција и/или депонираните средсва треба да го покрива износот од највисоката месечна фактура за пренесената електрична енергија пресметана согласно планираната потрошувачка во електроенергетскиот биланс. Доколку превземањето на електрична енергија ги надмине планираните количини, АД МЕПСО има право веднаш да побара нова банкарска гаранција и/или депонирани средства согласно новата потрошувачка. (3) Банкарската гаранција ќе биде платива со презентација на фактура и изјава потпишана од овластено лице дека фактурата не е платена во рок и начин предвиден со овој договор. (4) Банкарските гаранции мора да бидат издадени во форма во која банката- гарант безусловно и неотповикливо се обврзува да го плати секој износ до гарантираниот и тоа на прво писмено барање доставено од АД МЕПСО. (5) Доколку корисникот на електропреносната мрежа не ја плати својата обврска во договорениот рок АД МЕПСО му доставува писмена опомена. (6) Доколку и во рок од 8 (осум) дена од доставувањето на писмената опомена Корисникот не ја плати доспеаната обврска, АД МЕПСО ќе ја наплати банкарската гаранција и/или ќе ги искористи депонираните средсва. (7) Доколку банкарската гаранција биде делумно или во целост наплатена и/или депонираните средства бидат целосно или делумно искористени, Корисникот има обврска веднаш но не подоцна од 8 (осум) дена да достави нова банкарска гаранција и/или да ги надополни депонираните средства на износ согласно став 2 од овој член. (8) АД МЕПСО ќе го исклучи корисникот од електропреносната мрежа доколку корисникот не обезбеди банкарска гаранција и/или депонираните средсва согласно став 2 од овој член или не обезбеди нова банкарска гаранција и/или не ги надополни депонираните средства согласно став 7 од овој член. (9) Рокот на важноста на банкарската гаранција и/или депонираните средства ќе го покрие времетраењето на овој Договор плус 15 (петнаесет) работни дена од денот на валутата на последната фактура.
Гаранција за плаќање. Корисникот е должен доколку не го платил надоместокот за користење на дистрибутивниот систем за последниот месец, во рок од 15 дена да достави на ОДС соодветна гаранција за плаќање на обврските со износ од претходно неплатената фактура како и да го подмири направениот долг. .