ЗАКЛУЧОЦИ Примери за клаузули

ЗАКЛУЧОЦИ. Слика 17 Севкупно, транснационалното истражување покажува дека, иако постои основно ниво на познавање на концептите и практиките поврзани со одржливоста, повеќето луѓе во Грција, Италија, Турција и Северна Македонија не се свесни за политиките и иницијативите што во моментов се спроведуваат, ниту на ниво на ЕУ, ниту на национално ниво. Причините за ова може да бидат затоа што нема доволно политики и иницијативи за одржливост и одржлив туризам, особено на национално и локално ниво, и дека нема доволно дисеминација и промоција на овие политики и иницијативи. Индикативен аргумент за ова објаснување, е фактот што во сите земји испитаниците не веруваа дека нивните национални/локални власти спроведуваат какви било одржливи практики/иницијативи, при што тој процент е особено висок кај помладите генерации. Сепак, анкетираните професионалци (општински работници, едукатори за возрасни итн.) се чини дека имаат повисоко ниво на свест, веројатно поради повеќе лични и професионални искуства, како и образование. Од друга страна, вреди да се напомене дека сите учесници низ четирите земји ја оценија обуката за практиките за одржлив туризам како многу важна за работодавачите и вработените во туристичката индустрија, а огромното мнозинство покажаа интерес за добивање обука, висока тенденција кај помладите возрасни, имајќи предвид дека најверојатно не добиле никаква релативна обука поради нивната возраст. Исто така, со оглед на тоа што повеќето учесници веќе работат, процентот на оние кои би биле заинтересирани да се занимаваат со зелена професија е висок во сите земји-партнери, иако ќе мора да постојат силни мотиви за да ги убедат да ја направат транзицијата (на пример, повисоки плати или еколошки проблеми). Затоа е евидентно дека постои потенцијал и подготвеност да се развијат зелени вештини, обуки за одржливост, одржливи практики и зелени професии, кои треба да бидат прилагодени на потребите и аспирациите на целните групи, како и јавно да се дистрибуираат, така што ќе помогнат да се подигне нивната видливост и свест околу нив. Конечно, според собраните одговори, постои зголемен интерес за учество и вклучување во проектот PREPARE од луѓето во сите земји-партнери, што може да биде од клучно значење за досегот на проектот.
ЗАКЛУЧОЦИ. Реалноста е дека големите сили секогаш одлучуваат во која насока ќе се движат настаните и тие го имаат конечниот збор, додека малите држави се слаби и не се во можност да се спротивстават на нивните политики. Во суштина, целата историја е напишана од големите сили во дадениот момент. • Ова потврдува дека владеењето на парвото во меѓународните односи е слаб принцип и дека нема соодветна заштита затоа што не постои меѓународно тело коешто ќе ги санкционира повредите на принципот на владеење на правото и ќе успее да се постави над суверенитетот на државите.
ЗАКЛУЧОЦИ. Од анализата на податоците кои ги презентиравме погоре може да се донесат неколку клучни заклучоци. Односно, обезбедните донации во солидарниот фонд на Владата на РСМ не биле доволни за покривање на потребите за набавка на стоки и услуги од страна на јавните институции во државата. Со нив се покриени 53%, при што од буџетот се потрошени дополнителни 202.394.842 денари како додаток на примените донации (225.828.414 денари). Како и да е, само 4.8% од донираните парични средства (11.015.306,93 денари од 225.828.414 денари) се искористени за набавка на материјали и средства за задоволување на тековните потреби на здравствените установи, вклучувајќи и КОВИД. Набавките за оваа намена изнесуваат 2.5% од сите склучени договори за јавни набавки според нивната вредност (11.015.306,93 денари од 428.223.256 денари). Сите преостанати набавки или 95% се однесуваат на договори за набавка на материјали и средства за возила, горива, градежништво итн. Она што исто така е важно да се истакне, е дека во Владата на РСМ за потребите на здравствениот сектор за справување со епидемијата искористила 68.693.923,93 денари (57.678.617 денари донирани во опрема или 83% и 11.015.306,93 од паричните донации или 17%).
ЗАКЛУЧОЦИ. Според сите анализирани параметри произлезени од активностите и на овој Пилот Проект, популацијата на охридската пастрмка во Охридското Езеро е со многу влошена состојба и сите факти укажуваат на нејзин прелов во претходните години. Отсуството на нејзини повозрасни единки укажува дека преловот е сеуште присутен. Иако на македонскиот дел од Езерото званично таа не се лови, риболовот на албанскиот дел од Езерото воглавно е фокусиран на пастрмката. Имајќи пред вид дека порибувањето со подмладок од охридска пастрмка, на македонската страна, не се изведува во последните три, а и во наредната 2022 година исто така, популацијата на пастрмката станува уште позагрозена. Утвредените промени во исхраната на пастрмката укажуваат дека постојат големи промени во условите на живот во Езерото, кои своевидно влијаат и доведуваат до промена на претходните усталени живеалишта во Езерото. Плашицата како главен конкурент на пастрмката по однос на исхраната со зоопланктон, во последнава деценија многу слабо се лови и истата не се групира во поранешните природни зимовалишта вдолж брегот на Езерото, туку е распространета по езерската шир со оглед дека популацијата на пастрмката како нејзин природен предатор е драстично редуцирана. Тоа доведува до наршување на претходно воспоставената динамичка рамнотежа, која е утврдена врз основа на поранешни истражувања. Уште еден фактор кој влијае врз деградицијата на пастрмката и белвицата е неусогласеноста на редица мерки по однос на заштитата и управувањето со рибите од Охридско Езеро помеѓу Р. Албанија и Р.С. Македонија. Минималната дозволена должина за лов на охридската пастрмка изнесува 35 cm, додека во Албанија 30 cm. Кај популцијата на белвицата исто така е евидентирана доминација на помладите единки кои се на прагот на достигнување на полова зрелост, и тоа токму во ловините со мрежи со димензии на окцата од 24 mm, кои од друга страна во валидната риболовна основа за Охридско Езеро, се означени како најмала дозволена димензија на окца за лов на белвица. За разлика од Албанија, каде минималната дозволена должина за лов на белвица е 25 cm, таа кај нас изнесува 22 cm. Иако на нашиот дел од Езерото не се реализира стопански риболов, сепак во голем број угостителски објекти се нудат риби од Езерото вклучувајќи ги пастрмката и белвицата, што исто така е заканувачки фактор за популациите на двете риби.
ЗАКЛУЧОЦИ. 92 7.7.1 ОПЦИЈА „БЕЗ НИКАКВИ МЕРКИ“ И „СЦЕНАРИО НА ИЗГРАДБА ДО 2013 ГОДИНА“ 92
ЗАКЛУЧОЦИ. 8.7.1 Опција „без никакви мерки“ и „сценарио на изградба до 2013 година“ 8.7.2 Испуштање од комбинираните атмосферски преливи
ЗАКЛУЧОЦИ подготвени од страна на копретседателите г-ѓа Xxxxxxxxx Xxxxxxxx и г. Xxxx Xxxxxxxxx
ЗАКЛУЧОЦИ. Усвојувањето на Повелбата за основните права во Европската унија јасно ги истакна концептуални- те разлики во заштитата на правата на граѓаните на Унијата споредено со периодот пред усвојувањето на Договорот од Лисабон. Имено, заштитата на правата со помош на општите правни начела беше заменета со општ правен акт, Xxxxxxx. Од друга страна, приста- пувањето на Унијата кон ЕКЧП доведе до развој на специфична врска помеѓу двата општи правни акти, Повелбата (што претставува своевиден sui generis акт) и ЕКЧП (меѓународен договор). Она што го прави единствен овој систем на заштита на основните права во Европската унија е фактот што првпат во еден континентален правен систем, јуриспруденцијата на ЕСП послужи како основа за создавање на општ правен акт, а воедно и правно-обврзувачки инструмент, Повелбата за ос-

Related to ЗАКЛУЧОЦИ

  • Краен рок и место за поднесување на понудите 4.10.1 Краен рок за доставување на понудите е 28.01.2019 година, до 11:00 часот. 4.10.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН достапен преку следнава веб адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx. 4.10.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.

  • Трошоци за поднесување на понуда 1.9.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за доделување на договор за јавна набавка.

  • Авансно плаќање 7.4.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.

  • Измена, замена и повлекување на понудата 4.12.1 Понудувачите можат да ги изменат, заменат или повлечат своите понуди по поднесување на понудата, под услов измените, замените или повлекувањата да се добиени од договорниот орган пред крајниот рок за поднесување на понудите наведен во точка 4.10. 4.12.2 Измените, замените и повлекувањата на понудите се спроведуваат преку ЕСЈН во модулот „Поднеси понуда“, со додавање на нови документи, бришење на веќе поднесени документи или целосно повлекување на понудата. 4.12.3 Понудата не може да биде изменета, заменета или повлечена по крајниот рок за поднесување на понудите предвиден во точка 4.10. 4.12.4 Повлекувањето на понудата во периодот помеѓу крајниот рок за поднесување на понудите и истекувањето на периодот на важност на понудата ќе резултира со издавање на негативна референца согласно точка 4.6.1 .

  • Гаранции и авансно плаќање IV.1.1) Изјава за независна понуда: Да IV.1.2) Гаранција на понудата: Не IV.1.3) Изјава за сериозност: Да IV.1.4) Гаранција за квалитетно извршување на договорот: Не IV.1.5) Авансно плаќање: Не IV.1.6) Здружување на група економски оператори во соодветна правна форма заради извршување на договорот (по извршен избор на најповолна понуда): Не

  • Форма и потпишување на понудата 4.8.1 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на дигитален сертификат од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице. Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи". 4.8.2 Дополнителни информации за користењето на дигитални сертификати: Полномошното ќе се смета за валидно доколку е приложено во:

  • Начин на плаќање 7.1.1 Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 60 (шеесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Царинската управа на Република Македонија, лоцирана на ул.,,Xxxxx Xxxxxxxxx‘‘ бр. 13, 1000 Скопје. 7.1.2 Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.

  • ОУД Ангажирање на други изведувачи: Не се применува.

  • Дефиниции 1.1.1 Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење: